Десетина години откако е затворен најголемиот полициски случај во историјата на Италија, злото повторно чука на врата.
Две години Калин е сокриен под таен идентитет во Лугано со своето семејство. Тој е четириесетгодишен оперативец од тајната полиција на Италија, кој повторно е активиран откако е пронајдено безживотното тело на неговиот поранешен шеф во пензија, Флорини. Покрај обесеното тело е оставена порака, а неговото име се наоѓа на неа. Сега мора да балансира помеѓу семејството и темните опасности кои демнат од минатото.
Жедта за одмазда на убиецот е посилна од сè. Калин, заедно со агентот Џенаро, се впуштаат во комплексна истрага и навлегуваат во врзоп кој се обидуваат да го одмотаат и да го откријат серискиот убиец кој брутално убива невини жртви во Бергамо. Тој не само што остава иста порака по секое грозоморно дело туку изгледа како секогаш да е еден чекор пред нив…
Ако сте расположени за трилер, кој има напнатост, акција, брутален негативец, и тим детективи кои се обидуваат да го спречат, тогаш дадете шанса на книгава. Дејството е лоцирано во Бергамо, каде некогашниот детектив Калин, мора да излезе од програмата на заштитен сведок и да го реши убиството на пријателот. Петар има подобрување во стилот во однос на претходната книга, но тоа што и во оваа ми пречеше беше „усилениот“ хумор, кој често се појавува каде што не му местото.
4,5⭐ Петар напишал роман во кој постојано има акција и нешто се случува, па многу брзо се чита (јас во рок од 3-4 дена). Деталите што прават ликовите да изгледаат реални за мене играа голема улога во целокупниот впечаток! Некои од поглавјата завршуваат многу нагло, а исто така ми фалеше подолга разврска на настаните на крајот! :)
📖👓Не сум ти ни јас некаков си читател, па да кажам и оценам колку е добра оваа книга, ама сум читател кој може да каже дека ако:
✅️ ∆ е загубата,
✅️ ️Ω е мајката што никогаш не си ја видел како мајка,
✅️ ƒ е функција на совеста во сонот,
✅️ Λ е љубовта што ја имаш и безусловно ја даваш,
✅️ Ψ е братот кој ти забодува нож во грбот
И ако:
✅️ ∆ + Ω + ƒ + Λ + Ψ = Х
а,
✅️ Х ≠ јунакот, ≠ монструмот, ≠ жртвта, и е нешто многу поголемо,
Тогаш
❓️Кој е Х?
‼️ Одговорот е Сиракот од Бергамо зашто само тој може да преживее сè и да се запраша: Што сум јас и кој сум јас ако ја убив онаа што ме родила за да го спасам светот од неа?
📚 И ако една ваква загатка може да носи ваква тежина замислете само каква е книгата.