НАЈДОБРАТА КНИГА ОД МАКЕДОНСКИ АВТОР, НА СИТЕ ВРЕМИЊА. Од тоа што имам прочитано. А веројатно сум и пристрасен бидејќи се работи за научна фантастика, која кај нас е многу ретка… Ама ете, барем за мене е најдоброто нешто што сум прочитал од наш автор. Стилот и самата приказна единствено би можеле да се споредат малку со Даглас Адамс (“Автостоперски водич низ галаксијата”) и мноооогу со Станислав Лем (било која негова книга, особено “Киберијада” и “Ѕвездени дневници” повеќе од останатите). Не дека нешто е “украдено” од Лем, туку веројатно бил инспирација или евентуално несвесна емулација на неговиот стил на пишување. Интересно е што приказната “оди наназад” во времето, започнува со крајот на човештвото и се прикажува како дошло до таков крај. Последниот човек во универзумот и неговите два роботи се главните ликови во книгата, а приказната оди напред-назад низ времето и просторот следејќи ги нивните авантури. Во текот на повеќе од 6000 години на “модерното човештво”, технологијата е толку развиена што голем дел од луѓето живеат и на околните планети и сателити. Спомнати се многу референци од светот на научната фантастика, од книги, стрипови и особено од филмови (Одисеја 2001, Војна на ѕвездите, Ѕвездени патеки…), бројни факти за вселената воопшто, за еволуцијата на животот на земјата и евентуалниот живот надвор од неа (неодамна ја читав “Extraterrestrial Civilizations” од Исак Асимов, па ова ми беше како добредојдено продолжение), а и вешто вметнати “македонски елементи” кои нема да ве остават рамнодушни (КАКО МУ ТЕКНАЛО не знам - ова ќе го разберат само тие што ја прочитале книгава) 🤣 Воздбудливо вселенско патешествие исполнето со хумор и сатира, вредно да се прочита - не само од љубителите на научна фантастика 🙌🏻💖
Од чиста симболика ги дочитав последните страници на помалку од еден час пред почетокот на Новата година и со неа ја завршив читачката 2023 година.
„Последната мисла во универзумот“ е своевидно освежување. Научнофантастично дело исполнето со хумор, филозофски разговори помеѓу носителот на дејството и неговите два роботи, наука и реплики од филмовите со кои растевме. Стилот е лесен и пријатен за читање.