„Кратките раскази на Тамара имаат мошне флексибилен ритам како во џезот, а од друга страна, пак, поседуваат наметлива и оптимистична мелодија како во некоја каденца на Моцарт со која создава тензија да дојде крајот, па да се сфати суштината на целата приказна. Во исто време, наведуваат на криминалистичката поезија на Ник Кејв со која само на нему својствен начин ја бара правдата во едно време на лудост и хипокризија. Ја фатила онаа градска, скопска реалност, но се обидела да ја смести на некое друго место, но и во друго време. Време кое може да биде сечие и секаде.“ - Тина Иванова-
Неформални, ненаметливи, флексибилни во својот состав кратки раскази, слично како и џезот. Отскокнуваат од сето она што е ставено строго во рамките, пријатни за душа како варијабилите на пијанистот. Опис на рандом душевна состојба во рандом населено место.