Jump to ratings and reviews
Rate this book

Издигнување

Rate this book
Дистописки поглед врз човештвото, во центарот на интергалактички конфликт на прастари суперцивилизации. Нивните планети се рајски, а луѓето стојат пред тешка одлука - дали ќе се удавиме во желбата за моќ или ќе станеме најдобрата верзија од себеси? Генетското наследство на овие цивилизации ја прави разликата во приказната. Дали генетскиот дизајн произлезен од кодот на универзумот ќе ја исполни својата цел навреме? Како ќе се реши конфликтот? Приказна за емпатија, поддршка, интегритет, солидарност и чиста, откачена технологија. Гарантирано ќе ве натера да размислите за суштината на општеството на Земјата.

Романот е прв дел од серијалот Омнивалентност и е добитник на наградата „Новите!“ за 2023.

188 pages, Paperback

Published January 1, 2023

1 person is currently reading

About the author

Игор Раиден

1 book1 follower
Игор Раиден дипломира на Катедрата за преведување и толкување на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје во 2012. Во текот на целиот живот пишува од задоволство, еволуирајќи низ поезија и собирајќи и влијанија од визуелни медиуми го насочува својот труд најмногу кон научната фантастика.
Автор е на „Издигнување“ - прв дел од серијалот Омнивалентност, добитник на наградата „Новите!“ за 2023.
Сите негови напори се насочени кон подобрување на човештвото и зачувување на природата. Вљубеник е во адреналин, чиста технологија и чудесноста на космосот.

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
2 (66%)
4 stars
1 (33%)
3 stars
0 (0%)
2 stars
0 (0%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 3 of 3 reviews
Profile Image for Јордан Kocevski).
Author 10 books147 followers
Read
January 8, 2025
Одличен почеток на научно фантастична сага, која ветува многу.
Ми беше задоволство да ја читам Издигнување, затоа што беше нешто поинакво во однос на скорешно прочитаните сф книги. Посебно ми се допадна темпото со кое се развиваше, што ми даваше шмек на добро аниме во кое херојот допрва треба да ги осознае способностите, а Бога ми и акцијата на крајот ме потсети на Драгон бол анимето.
Стилот на Раиден е супер, иако почетокот ми беше бавен, натаму описите и објаснувањата се сведени на тоа што во моментот треба да го знаеме, дали ќе биде технологија, храна, простор или раса.
Покрај тоа авторот како прашање го наметнува и нашата грижа за планетата, било тоа да е од еколошки аспект, воен или социолошки.
Profile Image for Зоран Милошевски.
Author 6 books38 followers
February 5, 2024
Ако некој жанр недостасува на македонската литературна сцена тоа е жанрот на научната фантастика. И токму затоа секогаш се радувам и го поздравувам секое ново дело од овој жанр.
Игор Раиден ни нуди една приказна која се случува во блиска иднина, но само временски, додека просторно се шири низ целата галаксија и не' запознава со цивилизации, древни и моќни, кои се во меѓусебен конфликт, а Земјата некако се наоѓа во самиот центар на истиот. Земјата нецели две децении отсега е место разурнато од војна, загадено, тажно и депресивно, каде практично сите се константно несреќни, и оние кои имаат се и оние кои немаат ништо.
Цивилизацијата на Залионите го пронаоѓа напредниот генетски материјал кој одамна го вметнале во човековиот ДНК и истиот им е потребен за борба со древниот непријател кој се враќа на голема врата.
Главниот лик Рајан запаѓа во виорот на меѓуѕвезден конфликт истовремено борејќи се и со сопствениот внатрешен конфликт. Залионите го подготвуваат да биде Фјарон, нивното најсилно оружје...

Раиден ни проповеда со лесен стил кој потсеќа на оној на Кристофер Паолини (To Sleep in a Sea of Stars), не се плаши да ни нафрли меѓуѕвездени патувања кои траат еден миг низ портали, силни борби и супермоќи кои можат да поместуваат планини. Од друга страна, настрана силните битки, внатрешните борби на ликовите и нивните размислувања и стравови се одлично опишани.
Се на се, интересно дело кое треба да го прочита секој вљубеник во жанрот.
Profile Image for Vladimir Temelkovski.
5 reviews
November 17, 2025
Во потрага по Македонски автори кои пишуваат научна фантастика, меѓу другите, налетав на Игор и на неговата книга „Издигнување„

Издигнување е прв дел од Омнивалентност сериалот кој одлично ја спојува научна фантастика (вонземјани, напредна технолгоија) со според мене, визијата за подобар свет, и мрачна слика на светот во кој ќе живееме доколку човештвото продолжи на патот на кој е моментално.

Една од работите дококу би ги издвоил, што мене најмногу ми се допадна е фактот дека Издигнување не запознава со многу напредни технолгоии на повеќе цивилизации, кои ги разбираме низ очите на главниот лик. Игор успева умешно, како виситински фан на научната фантастика, да ни ги начне овие технологии, но не целосно да ги објасни. Тоа е и убавината на книгата. Дел мистерија, која се надевам ќе ја дознаеме во наредните делови.

Со развојот на Рајан, главниот лик во оваа книга, Игор успеа многу добро да ми долови кој е Рајан, од каде доаѓа, и сите постапки кој тој ги превзема, за мене беа сосема логични и оправдани. Неговиот идентитет, некоговото битие, припадност и жед кон правда беше одличен двигател на неговиот напредок.

Многу топло го препорачувам Издигнување и со големо исчекувсње го чекам следниот дел.

This entire review has been hidden because of spoilers.
Displaying 1 - 3 of 3 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.