Jump to ratings and reviews
Rate this book

Мина

Rate this book
„Покрај мотивските автобиографски поклопувања од една и автопоетичките промислувања од друга страна, она што останува како константа е дека во „Мина“ Игор Анѓелков повторно го потврдува она што во една прилика го означивме како непретенциозен стил кој „едновремено успева да биде и длабок, и ангажиран, и актуелен, и компактен во изразот, и искрен до коска“. Со здрава доза на фантазија свртувајќи се кон минатото, ама со акцент на она што ја детерминира сегашноста, препознавајќи ја својата сила во едноставноста на раскажувањето, Анѓелков одново нè заробува во имагинативна и емотивна, тематски комплексна и слоевита нарација.

Покрај навигирањето низ овие лавиринти низ туѓата приказна, она што за секој читател е веројатно најважно е дека оваа книга ќе ве упати на зрело преиспитување на сопственото семејно наследство кое, сакале да признаеме или не, ја одредува насоката на нашата, лична животна авантура и со тоа, нé потсетува на сопствената минливост. Од сите овие причини, и уште многу кои допрва ќе ги откриваме со секое следно препрочитување, сé појасно станува дека секое ново дело на Анѓелков веќе нема да се чита исклучиво само по себе, туку и како дел од еден поголем циклус на дела кои создаваат една голема книжевна приказна или дури и во контекст на комплетниот опус на авторот“.

Ана Мартиноска

138 pages, Paperback

Published January 1, 2023

4 people want to read

About the author

Игор Анѓелков

9 books7 followers
Игор Анѓелков (1974, Скопје), дипломирал на “Интердисциплинарните студии по новинарство”, а магистрирал на мастер студиите по “Медиуми и комуникации” на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Дебитантската книга, збирката раскази “Кротки приказни” (2006) е негова прва официјална книжевна објава. Подоцна авторот влегува и во романсиерските води и го објавува својот прв роман, “Крај-пат” (2010), кој наиде на одличен прием кај читателите. “Фото синтеза” (2013) е неговиот втор роман, и според многумина, и неговиот најзрел прозен текст досега.

Во 2015 година Анѓелков ја издава и книгата од областа на филмската теорија “Филм.мкд”, за која ја доби државната награда за публицистика “Мито Хаџи-Василев Јасмин”.

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
4 (33%)
4 stars
2 (16%)
3 stars
4 (33%)
2 stars
2 (16%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 2 of 2 reviews
Profile Image for Никола Митовски.
Author 1 book9 followers
September 14, 2025
Иако за оценка се мислам меѓу 3 и 4 ѕвезди, морам да признаам дека раскажувањето и стилот на Анѓелков ме воодушеви, секако дека повторно ќе му дадам шанса со некој друг роман.
Profile Image for Јордан Kocevski).
Author 10 books144 followers
April 27, 2024
„Мина“ за мене беше доживување на повеќе нивоа, како автор, како читател, како внук...

Влегов во романот без никакви очекувања и без да прочитам опис на корицата. Набрзо пронајдов допирни точки на главниот лик со авторот и помислив дека е некаков предговор, но кога продолжи свртив назад и сфатив дека е автофикција. Сега кога го завршив, мислам дека овој роман не би бил ист, би ја немал истата длабочина, затоа што романот не зборува само за Мина, туку и на врската на Игор со баба му.
Ова е роман кој несомнено зборува за врската и поврзаноста меѓу луѓето, за тоа како си влијаеме, каков отпечаток оставаме, и емоциите кои никогаш не заминуваат кога некој ќе не напушту, туку тлеат додека нешто не ги допре повторно.

Уживав додека го читав и искрено го препорачувам на сите, посебно на оние кои сакаат да бидат писатели, затоа што авторот несебично го изложува неговиот процес на пишување.
Displaying 1 - 2 of 2 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.