Среќата денес е преценета работа. Денес полесно се доаѓа до среќа отколку во мое време. Секој втор локал е за игри на среќа, останатите се за брзи кредити за оние што немале среќа во игрите на среќа. Да, точно, има толку многу продавници каде што може да се купи среќа, цели зони каде што бесплатно или за мали пари може да се остварат најскриените желби. Ти се мочам јас на таквата среќа!
Јас се враќам од една таква зона, стари, од една таква продавница. Се враќам среќен, но за среќа тоа сум само јас, еден крајно добродушен и скромен човек. Во право си, среќата не е за секого. Замисли што ќе се случи кога сите ќе поверуваат во таа соба и кога сите ќе отидат брзајќи во зоната. Сите тие потенцијални императори, големи инквизитори, фирери од сите провениенции… И оние најлошите, таканаречените спасители на човештвото!
Сашо Кокаланов е новинар, драматург и романсиер. Роден е, работи и живее во Скопје, каде што дипломирал новинарство. Пишува сатира и колумни за повеќе медиуми. Автор е на три романи „Самецот“ (2003), „Ноќ на железничката станица во Розендал“ (2004) и „Изабела, Исмаела и јас“ (2004). Во 2011 година неговата пиеса „Крвта не е вода“ е поставена во Драмскиот театар во Скопје, во режија на Сашо Миленковски. Претставата има повеќе од триесет репризи, гостува во повеќе театри во Македонија, а е селектирана и за официјална програма на „Скопско лето“. Во меѓувреме, Кокаланов ги пишува и пиесите „Чад“, „Му велам јас на Барико“ и „Денот кога умрев и се вратив“. За „Чад“ ја добива третата награда на конкурсот „Коле Чашуле“ на Македонскиот народен театар.
Приказната е супер и повлекува, мајката е неверојатен лик и отсликува типично-напатена македонска мајка со нејзините болки и жртви додека сите мажи во нејзиниот живот недоволно ја почитуваат или воопшто не се обидуваат да и’ ја намалат болката. Синовите се интересни и чест контраст и во карактер и во нивниот однос, а и двајцата граничат меѓу сонот и јавето.
Сепак, иако е интересно дека е напишано како сценаристот да „го продава” сценариото за филм, стилот на пишување е доста хаотичен и неформатиран.
Би го гледала филмот ама не сум сигурна дека би ја препорачала книгата :) 3-4/5
Интересна нарација, интересен начин на менување на точката на раскажување, убав стил на пишување. Не сум сигурна сè уште како да ја оценам од 1 до 5, ќе оставам уште малку време да ми легне прочитаното.