„Гени, мени, сени“ можеби не е роман каков што сме научиле да биде, но несомнено е роман каков што бара и раѓа нашето време. Фрагментарноста издигната на ниво на само една димензија од романескниот книжевен холограм, здружена со поетското и ликовното, со факциското и фикциското, ја овозможува жанровската преобразба на кусата проза (на микро план) во роман (на макро план). Ова е весел роман за најтажното, смешен роман за најсериозното.
Владимир Лукаш (1978, Скопје), музичар и визуелен уметник. Има учествувано на бројни групни изложби и перформанси во Македонија и надвор. Активно учествува и со самостојни проекти и анимации. Живее и работи во Скопје. Во 2017 во ко-авторство со Драгана Евтимова го издава романот „Се гледаме наскоро. Е.“.