Jump to ratings and reviews
Rate this book

Ѓаволот има убаво лице

Rate this book
Бјанка е лекарка која работи на интезивна нега за време на пандемијата на респираторен виру. Нејзиниот сопруг Давид, кој има нарушено здравје, е сопственик на синџир маркети низ градот. Хронично уморна, под стрес од секојдневните одлуки што ги носи политиката во здравството, Бјанка развива силна анксиозност со панични напади. Тоа ќе ја поттикне да почне да посетува психотерапија. Од друга страна, Бјанка минува низ ролеркостер од чувства и искушенија со директорот на најголемата фармацевтска компанија во државата, кои ги споделува со својата психотерапевтка. Тоа ја зголемува кризата во бракот со Давид. Сето тоа го набљудува и тајно го поттикнува еден чуден господин. Господинот Л, кој сите го знаат, но никој не го познава…

267 pages, Paperback

Published January 1, 2023

2 people want to read

About the author

Дора Попова Узуновски е психолог, гешталт терапевт и м-р на психолошки науки од областа на клиничката и советодавната психологија. Основач е на Центарот за применета психологија “Дора“, кадешто активно работи веќе седум години. Има богато искуство во работа со психотерапија со возрасна популација во делот на личен раст и развој, анксиозност и панични напади, депресија и траума, адолесценти, како и со родители и деца со типичен и уреден развој. Во рамки на Интернационалниот гешталт институт на Македонија е соработник и тренер. Редовно посетува различни доедукации, семинари и работилници во земјата и странство со цел усовршување на професијата и личната професионалност.

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
6 (60%)
4 stars
2 (20%)
3 stars
1 (10%)
2 stars
1 (10%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 2 of 2 reviews
Profile Image for Соња Николова.
39 reviews11 followers
February 26, 2024
Преубава книга со преубав стил на пишување и начин на раскажување. Длабока психолошка анализа на ликовите со едноставна приказна. Во време на Ковидот, кога сите мора да се дружат само со семејството дома и наместо зближување, во повеќе случаи се доби оттуѓување. Бјанка и Давид се нашите главни ликови кои долги години живеат во еден навидум среќен брак, но ковидот ја откри ладнокрвноста меѓу нив. Давид веќе една година има љубовница и се плаши од смртта. Бјанка за првпат се одлучува за афера со Марио.
Во секој од нас постои доброто и лошото, наше е што ќе избереме. Ѓаволот се храни со гревот, похотата, лесниот живот во материјалниот свет, го живее вечниот живот вечно млад. Секогаш кога некој ќе се покае, Господинот Л губи од вечната младост.
Книгава ми беше вистинско уживање, ја препорачувам 🥰
Profile Image for Grcheva Viktorija.
40 reviews1 follower
August 15, 2025


"Ако не можам да го живеам животот на начин на којшто сакам да го живеам, тогаш сеедно ми е дали го живеам или не. "

Една приказна која ни разработува една доста зачестена тема во секојдневието анксиозноста и паничните напади.Како тоа влијае на секојдневниот живот и до каде може да не однесе не третирањето на овој проблем,a од друга страна какви резултати може да ни даде навремената психотетапија и работата на себе.
Не е битно само да преживуваме туку битно е да го живееме тоа што навистина го сакаме,бидејќи доколку е спротивно кога тогаш тоа ќе излезе на виделина.
Нашата авторка прекрасно ни ги разработила ликовите,до толку ни ги соживеала што невозможно е да не сочувствуваш со нив и нивните проблеми.

Денес живеејќи еден брз и стресен живот трчајќи да постигнеме се,да имаме се,да бидеме вакви или онакви т.е. да бидеме совршени во очите на другите,бидејќи нели битно е само каква слика ќе оставиме пред другите луѓе.Најбитна е фаcaдата,а тоа што се случува под фасадата е нешто сосема друго нешто скриено и притаено кое излегува на виделина кога ќе останеме сами далеку од очите на "публиката".Тогаш настанува вистински хаос борба со самиот себе,бидејќи трчајќи по материјалното,затрупани со работа се забораваме себеси,а ако се изгубиш себеси не си способен да бидеш доволно добар за луѓето околу тебе.

За време на големата пандемија со Ковид Бјанка е главна докторка во клиниката во која што работи.Секојдневно затрупана со работа на интензивна нега таа е хронично уморна постојано има панични напади.Поради тоа таа одлучува да побара психолошка помош кај докторката Хана.Нејзиниот сопруг Давид е успешен сопственик на синџир маркети распространети низ градот. Поради целата ситуација со ковид и целиот тој стресен живот,премногу работа,а малку време еден за друг бракот на Бјанка и Давид виси на конец.

Тежнеејќи кон младоста и плашејќи се од староста Давид утеха наоѓа кај неговата доста помлада секретарка Моника,игнорирајќи ги неговите вистински здравствени проблеми.Нему му се битни угледот и тоа што ќе речат другите луѓе ,а тоа дека води паралелен живот тоа не се гледа битно е тоа што е видливо пред публиката .

Бјанка е жена која секогаш сака да изгледа совршено пред очите на другите, занемарувајќи ги чувствата во себе.Таа секогаш е тука за децата посветена мајка,верна и прекрасна сопруга.Таа нема друг живот освен што цело време оди на работа и се враќа дома и се труди да биде добра и послушна сопруга на својот маж и добра ќерка во очите на мајка и и татко и оти нели рековме битна е фасадата.

"Оттргни го човекот од вистинските нешта и засекогаш ќе биде твој."

Кога веќе нема да може да издржи Бјанка паѓа во искушение пред нејзиниот средношколски другар Марио сега директор на фармацевската компанија...Еден Господин Л има ставено рака на сите нив,но кој ќе биде доволно храбар да му се спротистави и кој ќе падне во неговата замка и кој е тој Господин Л ве оставам да дознаете,а можеби и веќе го знаете.😉

Траумите од детството и тоа како оставаат белег врз понатамошниот живот,белег кој се носи длабоко во душата.Бог некогаш ни дава таков пат за тие белези и рани да бидат повторно отворени за да можат да се долечат за да можат еднаш засекогаш да зацелат,најбитно од се за да може детето во нас конечно да порасне и да се ослободи од сите синџири и тешкотии кои го измачуваат.

Ѓаволот има убаво лице нели??

Прекрасен роман кој секој треба да го прочита.Од мене има 10+ ❤️❤️❤️
Displaying 1 - 2 of 2 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.