"Рок на траење" на Марија Т. Тасеска е роман што се чита во еден здив. Станува збор за социјално-духовен наратив – дозволува да се прави литературна паралела со евангелските списи , така што го проширува духовниот дијапазон. Овој роман зборува за духовната сила, и богатството што не 'рѓосува.
Тасеска има направено успешно спојување на старото и новото, така што овој роман е вистинско освежување кога станува збор за оттгнување на догматските ограничени размисли во однос на некои духовни гледишта и токму тоа ѝ е вистински потег, особено денес кога – големата слика на човештвото е „живееме во канализацијата на стварноста“.