Jump to ratings and reviews
Rate this book

Последна граница - Книга ЧЕТВРТА: Калени во крв

Rate this book
Двесте години откако војводата Анести Симон Рико го ослободи архипелагот Вега од наездата на Тексашко-алигенскиот сојуз...
Две паралелни приказни во две различни временски рамки. Првата го следи животот на семејството Ваго од Големата Куќа Хјордис за време на окупацијата од Големата Куќа Пулса, а втората, половина век подоцна, ги следи доживувањата на една Бараш-конкубина и нејзиниот партнер кои ќе се најдат во срцето на една завера која претставува закана за моќното Братство на Интервентите за првпат од своето формирање и може да го разниша, а со нив и целиот општествен систем на неократијата може да се сруши како кула од карти.
Во свет каде ѕвездената експанзија е реалност, каде новоформираната Сончева Република ѕвечка со новото оружје наречено громовник и клонови на војводата Анести Симон Рико се шетаат наоколу и се обидуваат да ги спасат последните остатоци од цивилизацијата која несомнено се движи кон својата пропаст...
Сагата за војводата е далеку од завршена.

"Војводата во секое наредно продолжение одново нѐ потсетува дека борбата се води во единката, исто колку и на бојното поле." - Верица Марковска

488 pages, Paperback

Published April 1, 2024

2 people are currently reading
2 people want to read

About the author

Зоран Милошевски

7 books40 followers
Роден е во 1981 година во Битола.
Основно и средно образование завршил во Ресен, дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Живее и работи во Ресен, Македонија.
„Сага за Тројство“ (ПНВ Публикации, 2018) е негово прво објавено дело.
Серијалот „Последна граница“ е составен од деловите: „Истапени сечила“ (август 2019 год.), „Бунар оловни солзи“ (септември 2021 год.), „За грст пекол“ (август 2022 год.), „Калени во крв“ (април 2024 год.) и петтиот и последен дел со наслов „Кобалтна плима“ излезе од печат во август 2025 година.
Првиот дел од новиот серијал „Хрониките на Гарибалди“, со наслов „Децата на Митридат“ е завршен и треба да излезе од печат пред крајот на 2025 година.
Моментално работи на вториот дел од серијалот со работен наслов „Пурпурен гамбит“.

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
5 (83%)
4 stars
1 (16%)
3 stars
0 (0%)
2 stars
0 (0%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 5 of 5 reviews
Profile Image for Biljana Bogdanovska.
191 reviews3 followers
June 12, 2024
Прочитан и четвртиот дел од сагата за Анести Симон. Добро, овде и го немаше многу, но авторот најави дека овој дел е преод кон неократијата. Затоа, ќе се осврнам само на она што мене ми остави впечаток. Со сите сплетки, местенки, големи ликови кои епизодно се појавуваат, исткаено е четиво кое го држи позадинска нишка. Дали јас сакав или толку можев да сфатам, но некако ми се потврдува мојата теорија која ја имам во последно време. Имено, историјата се повторува! Вака кажано звучи моќно, но мора да објаснам како јас го димензионирам. Тродимензионално се разбира. Времето, историјата ако сакате како спирала. Почеток на некоја ера, која се развива и вртејќи го кругот на спирала се издигнува погоре. Но, кога ќе стигне над почетокот, повторно се потребни радикални чекори и мерки (диктатура, концентрација на моќ во еден, кој би пресекол и би кажал, ќе биде вака, макар тоа била и лоша одлука). Како се приближува крај на некоја ера, слабите, оние на кои преку жртви во минатото им се овозможиле правата, па стануваат погласни, за на крај да ги надвикаат заслужните и способните).
Така и овој дел, огромна диктаторска, но времески ограничена улога им даде на блзинаците Кастор и Полукс Ал-Фахид. Одработија дечките чесно и се повлекоа од наменетата им улога. Херој на овој дел е Април, жената која за да изгради едно подобро општество, ако сакате и иднина, го направи нужното: роди бројни деца, кои уште пред да се родат имаа намена. Остана жена до крај, која знае да ракува со своето најмоќно оружје и така едно 123 години.
Ми се допадна начинот на тагување, односно радување по мртвите. Секој од нив закопан во дворот под дрвјата, а неговата смрт не се оплакува, туку е причина за радување на неговиот живот. Нема црнина, нема жалопојки и тажачки.
Анести, ќе прашате каде е тој! Таму каде што треба. Таму кадешто го смести токму Април, намќор и остар, секако. Експеримент - секако. Како му почна животот - така никако и да заврши. Знам, и мене многу површен ми се чини овој осврт, за материјалот кој го нуди оваа речиси 500 страници книга (да не ги заборавиме и претходните 1.500), но да! Ова треба да се прочита и секој да си го доживее на свој начин. Фантастика, научна фантастика! :)
Profile Image for Јордан Kocevski).
Author 10 books148 followers
June 28, 2024
Овој дел ми дојде како освежување во целата неократска сага и тро одмор од Војводата.
Стилот на Зоран и овде е препознатлив и ослободен од "товарот" на градење светови од првите две книги. Има и изобилство на нови ликови кои ќе ве освојат и го заслужува вниманието на секој сф љубител.
Profile Image for Goce Markovski.
6 reviews2 followers
December 1, 2025
Овој дел од серијалот го прочитав два пати. Првиот пат како бета читач, а вториот, сега како комплетно дело, кое ме воодушеви со својата комплексност и со количината на информации што ја содржи. Кога веќе ја знаев приказната, обратив повеќе внимание на деталите. Секој е битен и сѐ е на место. Ако во претходните делови ни беше опишан светот на Неократијата, Големите куќи, Интервентите, насоката која тие и ја даваат на цивилизацијата, сега сето тоа подетално се дообјаснува и надополнува. Сега се вклучени и другите сили кои неминовно е да се појават и ја одиграат својата улога. Преку две многу динамични приказни временски поместени за шеесетина години, а сепак поврзани, преку прекрасно изградените ликови, дали тоа биле главни или епизодни, сликата за блиската иднина на цивилизацијата станува се покомплетна и потполно издржана, а кога ќе се размисли подлабоко и доста пожелна. Ако после третиот дел реков дека секој читач на научна фантастика треба да го прочита серијалот, сега велам дека секој читач воопшто, треба да го го направи тоа.
Profile Image for Кире Мастерс.
50 reviews2 followers
August 23, 2024
Проблемот со серијалите (општо, без разлика дали се работи за книга, сериски филм, игран филм со продолжетоци, видео игра итн...) е што после третата-четвртата книга (сезона?!) некако опаѓаат во квалитет. Во случај на книги, главните карактери ги знаеме кои се, ја знаеме нивната животна приказна (збогатена со случките од претходните делови) и секој нареден дел, нивните акции и тек на приказна се повеќе-помалку предвидливи.

Со задоволство можам да кажам дека тоа не е случај со овој серијал. Не само што квалитетот не е опаднат, туку оваа книга ги надминува претходните. Кога го прочитав повторно третиот дел, бев некако сигурен во кој правец би се движела приказната. Не погодив ни 1% од тоа што мислев.

Авторот не само што ни подари научно-фантастична приказна од космички пропорции, туку сега продира и во другите жанрови (трилер, мистерија, историја) и тоа го прави мајсторски.

Новите ликови се најпозитивното освежување во целокупниот мозаик.

Нема да кажам ништо за содржината, бидејќи се плашам да не откријам некој битен детал. А верувајте, сите детали се и тоа како битни.

Чувството додека ја читав оваа книга: Десет Вестмири ;)
6 reviews
February 16, 2025
Ако првиот дел беше динамичен и бестрашен, низ вториот и третиот дел се наметнува сериозноста на приказната, четвртиот е веќе зрел зафат со успех да се поврзат сите точки на еден свет од политички, семеен и психолошки аспект.
Милошевски успешно не води низ текот на времето, тајните стремежи на бирократијата и развојот на технологијата, не пропуштајќи да ги вплете карактерите и судбините на луѓето, во кои секој од нас, помалку или повеќе би се препознал.
За комплексноста на содржината и деталноста на ликовите, не би сакала да зборувам, зашто било какво прераскажување и коментирање би било сквернавење.
Треба да се доживее совршеноста на Бараш-конкубините, елеганцијата на Април во справувањето со детали од светски размери и присуството на духот на Анести.
Displaying 1 - 5 of 5 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.