Како и претходните две, така и оваа книга од нашиот Далибор Трајков ме воодушеви.
Десет години пред дејствието во книгата, една матурантка од Пробиштип е силувана после матурската вечер, а за силувањето е обвинет нејзиниот класен раководител. Последно е видена како заминува со него и следното утро се буди без сеќавање.
Во меѓувреме професорот е уапсен и сите докази се против него. Тој никогаш не ја признал вината, но никој не му верува. Работите се уште потешки после самоубиството на девојката, па професорот е осуден на десет години затвор.
Од друга страна имаме еден монах на кој девојката му се исповедала пред нејзиното самоубиство, и тој сега чува голема тајна.
После десет години, во сегашноста, дознаваме дека професорот е пуштен од затвор по отслужување на казната, и тој сака да воспостави контакт со неговиот син, кој исто како и цел Пробиштип и цела држава мисли дека татко му е сторителот на грозоморното дело.
Но, што ќе се случи кога ќе се појават сомнежи во врска со тоа што навистина се случило таа вечер. Дали професорот навистина е невин?
Тоа останува да прочитате и да откриете.
Книгата ми се допадна, ја препорачувам.