Jump to ratings and reviews
Rate this book

Страшни приказни

Rate this book
Потпрен на едно од типичните начела на готските романи – чудниот, мистичен амбиент, романот „Страшни приказни“ комбинирајќи ги хоророт и романсата нè води низ испреплетените животи на неколкуте добро изградени ликови, заробени во една зима, 1965 година, некаде на швајцарските Алпи. Завеани и отсечени од светот, тие си ги раскажуваат најстрашните нешта што им се случиле во животот, создавајќи цел еден паралелен, напнат и возбудлив свет во кој самите првин се само раскажувачи или слушатели, а потоа и учесници...


Приказната е богата, слоевита и „готска“, преполна со морничави сцени, мрачни заплети и таинствени случувања. Раскажувачки е водена мошне внимателно и вешто. Готскиот роман, готската фикција, готскиот хорор воопшто е редок во современата македонска книжевност и во тој контекст овој роман дава значаен придонес во развојот на домашната жанровска литература.


„Страшни приказни“ е прв роман на Сузана Камберова објавен на македонски јазик, кој беше во најтесен избор за наградата „Пегаз“ за 2023 година.

Paperback

Published April 22, 2024

13 people want to read

About the author

Сузана Камберова е родана во Скопје во 1964 година. По професија е лекар. Пред да започне со пишување фикција, објавила стручна книга од областа на дерматологијата.
Љубовта кон читањето, која ја следи од предучилишна возраст, во зрелите години преминува во пасија за пишување. Автор е на неколку објавени романи и коавтор во поголем број збирки на автори од регионот. Пишува на македонски, српски и англиски.

Нејзините дела спаѓаат во жанрот мистерија, со премиси и на други поджанрови, Во обработката на темите често отвара филозофски прашања за потеклото на човекот, универзумот и времето, тајните на скриеното знаење, смислата на животот и ги истражува длабочините на човековиот психички свет.

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
10 (71%)
4 stars
3 (21%)
3 stars
1 (7%)
2 stars
0 (0%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 9 of 9 reviews
Profile Image for Loreta Kostovska.
89 reviews3 followers
November 11, 2025
Книгиште! Очекував да ми се допаѓа, ама книгава баш добро ме извози. Има се што сакам во книга. Најголема препорака 😎
Profile Image for Jᴀɴᴀ.
301 reviews24 followers
September 3, 2024
Иако беа забележливи влијанијата на класици со кои што сум добро запознаена, како "Џејн Ер" од Шарлот Бронте и "Жената во бело" од Вилки Колинс, па дури и елементи од "Фантомот на операта" и ред други таканаречени готски романи, приказната успеа да ме шармира и на моменти и изненади. Ми се допадна и стилот на пишување, не беше претерано наметлив со епитети, но доволно живописен за да ја долови мистичната атмосфера кое бдееше над секој ред. На моменти се чувствував дека некои работи пребрзо се одвиваат и како да немаше доволно ескпозиција на многу од заплетите и како некои перипетија да беа пребрзо разрешени, но сепак на крајот сите конци беа вешто отплетени. Ја прочитав за ден и пол, и би ја препорачала на секој кој што сака книги со малку мистерија и малку повеќе готски елементи.
Profile Image for Anchi.
417 reviews93 followers
June 17, 2025
Не знам зошто книгава се вика ,,Страшни приказни’’, нималку не е хорор и е сосема поразлична од тоа што би очекувале дека ќе понуди согласно насловот.

Како и да е, во поглед на содржина и стил на пишување, првиот дел од книгата е многу подобар од вториот. Вториот ми делуваше пренатрупан со раскажувања, досадни, повторувачки монолози и разрешница која е прилично типична за крими-драми. Поради ова добриот впечаток и надежта за повисока оценка ми спласнуваа страница по страница и, на крај, немав некое ептен позитивно читателско искуство.

Значи, сосема во ред романче, но ја пропушти шансата да биде незаборавно добро.
Profile Image for Teodora.
22 reviews2 followers
May 22, 2025
Ова не се обични страшни приказни – ова се лични кошмари преточени во зборови, искрени до болка, и доволно мрачни за да ве прогонуваат долго по читањето. Книгата започнува со четворица луѓе заглавени во колиба за време на снежна бура – сценарио што нуди идеална подлога за да се откријат вистинските страшни приказни скриени зад маски.

Првата приказна ја раскажува Илзе – жена со трагично минато. Преку нејзиниот глас се отвора еден готски свет полн со тајни, лажни идентитети, забранета љубов и духови. Имотот каде што работи е мрачен како нејзината судбина, а лордот што никогаш не смее да го види го симболизира она што животот ѝ го украл – довербата. Но вистинскиот пресврт доаѓа кога нејзината приказна станува реалност за сите во колибата – и минатото конечно бара правда.

Сузана Камберова успева да спои емоција, напнатост и изненадувања во расказ што делува како мрачна бајка, но со жестока вистина зад себе. Страшни приказни не се чита за да се исплашиш – туку за да се потсетиш дека понекогаш најголемите ужаси ги носат луѓето, а не сенките.
Profile Image for Јордан Kocevski).
Author 10 books147 followers
Read
February 26, 2025
Интересна книга со повеќе примеси, со добра атмосфера и постепено градење на дејството.
Имав проблеми со почетокот на книгата, но стилот на пишување на Камберова ме убеди да продолжам да ја читам, и не зажалив, затоа што после 100 страница книгата "леташе".
10 reviews1 follower
December 30, 2025
„Многу е подлабоко запознавањето по пат на пишаниот збор, отколку со слика или појава. Човек себеси се облекува и разубавува од суета, да се скрие или да залаже, но пишува од душата за да се опише себеси и да се пронајде.“
Некаде на швајцарските Алпи, се наоѓаат заробени неколку ликови и си раскажуваат страшни приказни. Мразот го крши госпоѓа Илсе и ја започнува својата приказна, односно раскажува за периодот кога работела во големиот и изолиран имот на гроф, штотуку вратен од заробеништво.
Приказната е навистина солидна, добро разработена и слоевита. Се јавуваат неколку ликови, кои на прв поглед може да делуваат како да се само „нафрлени“ во приказната, но се многу вешто испреплетени и изненадуваат со своето присуство.
Приказната на госпоѓа Илсе си повлекува други приказни, случени во блиското минато, ама и сегашноста сама се претвора во приказни. Сите овие изврзани случки и неочекувани пресврти навистина прават да книгата ја прочиташ во едно седнување. Иако на моменти ми беше малку бавничка и развлечена, а пак на моменти пребрза, мора да признаам дека и тоа како држи внимание. А, особено е интересно што откако ќе ја прочиташ, се навраќаш на некои делови и си мислиш дека да си читал повнимателно, можеби и ќе си предвидел нешто и дека всушност сѐ има смисла. А има ли смисла нашето постоење?
„Постои ли утеха во тоа што еднаш, сепак, сме постоеле, што сме го живееле својот единствен пат, без оглед на тоа, колку минлив и безначаен бил тој во окото на вечноста?“
Мора да надополнам дека обожавам кога ќе сретнам по некој филозофски дел низ редовите. Мислам дека дава поголема димензија на приказната, колку и да е лесно читлива.
Нешто што дефинитивно ми недостига тука се описи. Тоа ми е слаба точка кај готските романи, секогаш ми недостигаат описи, иако ги има. На пример за имотот, за собите, за облеката која ја носеле, за јадењата, за девојката со златна коса и бел фустан, буквално за сѐ. Но, нека биде тоа на мене.
Profile Image for Ande Jankov.
Author 6 books83 followers
February 19, 2025
Кога успешно ќе завршиш една книга за еден ден, тогаш авторката добро си ја завршила својата работа.
Ретко во македонската книжевност сум наишол на писател кој подеднакво добро го совладал и мелодрамското но и тој трилер мистериозен елемент.
Се познаваат дузина влијанија, меѓу кои и готскиот елемент од Бронте, мистериозните семејни тајни на Харлан Кобен, историската крими-фикција на Кристи, но она што мене ме плени е стилот на Сузана кој е истовремено раскошен, но ненаметлив. Има длабока психологизација на ликовите, а мистеријата позади приказната се открива полека со тек на дејството. Исто ме бендиса врамувањето на приказната како раскажување на главниот лик, но и пресвртот на крајот со уште едната нарација каде што повторно се гледа влијанието на Агата. Имам мала замерка за брзиот расплет во епилогот, но тоа е дури nitpicking во најдобар случај. 4.5 од 5, секоја чест!
Profile Image for Кире Мастерс.
47 reviews2 followers
November 4, 2025
Се разбира дека очекував хорор приказна :).

Но, не е и не бев воопшто разочаран. Ова е прекрасен трилер, пишуван во класичен стил кој веднаш ме купи.

Имав сосема поинакви предвидувања околу крајот на книгата, па изненадувањето кое го приреди авторката и општиот впечаток се многу позитивни.
Displaying 1 - 9 of 9 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.