Jump to ratings and reviews
Rate this book

Кабинет на чуда со ѕидови од огледала

Rate this book
„Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ ги содржи разговорите што Влада Урошевиќ и Владимир Јанковски ги воделе во временски опсег поголем од дваесет години.

Првиот дел од книгата, „Огледало за загатката“, опфаќа дијалози водени во 2002 и 2003 година, вториот дел претставува еден подолг разговор од 2015 година, а последниот дел, „Кабинет на чуда“, разговори од 2023 година.

На овие страници се допрени најголемиот дел од творечките преокупации на Урошевиќ, а авторот се обидува преку дијалогот за поетиката на писателот да долови и елементи од неговата личност, живот и односот кон современиците.

Книгата може да се чита и како панорама на книжевните опсесии на Урошевиќ и како портрет на еден човек кој својата егзистенција нераскинливо ја преплетувал со книжевноста и, воопшто, со уметноста.

384 pages, Paperback

Published January 1, 2023

3 people want to read

About the author

Влада Урошевиќ

45 books25 followers
Влада Урошевиќ е македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач.

Роден е во Скопје во 1934 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 1987 година. Работел како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје. Во 1982 година е избран за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а во 1988 година станал редовен професор. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Урошевиќ е член на ДПМ од 1961година. Исто така, тој е член на МАНУ, како и дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург и член на Македонскиот ПЕН центар.

Добитник е на повеќе награди и признанија: „Младост“, „Нолит“, „Рациново признание“, „Браќа Миладиновци“ (три пати), „Григор Прличев“ (два пати), „Стале Попов“ (два пати), „Книжевен жезол“ и други. За својот книжевен опус, како и за своите заслуги во преведувањето и афирмирањето на франсуската литература, прогласен е од Владата на Франција прво за витез на Редот на уметноста и литературата, а потоа и за офицер на истиот Ред.

Влада Урошевиќ има објавено преку триесет авторски книги, преку четириесет преводи, а застапен е и во многубројни домашни и странски антологии. Неговите книги се преведени на англиски, француски, шпански, германски, дански, полски, словенчки, бугарски, српски и други јазици. Еве дел од неговиот творечки опус:

Еден друг град (поезија, 1959)
Невиделица (поезија, 1962)
Вкусот на праските (роман, 1965)
Манекен во пејзажот (поезија, 1967)
Летен дожд (поезија, 1967)
Знаци (раскази, 1969)
Врсници (критики и есеи, 1971)
Ноќниот пајтон (раскази, 1972)
Ѕвездена терезија (поезија, 1973)
Нуркачко ѕвоно (поезија, 1975)
Сонувачот и празнината (поезија, 1979)
Мрежа за неуловливото (критики и есеи, 1980)
Лов на еднорози (раскази, 1983)
Компасот на сонот (поезија, 1984)
Нишката на Аријадна (критики и есеи, 1985)
Хипнополис (поезија, 1986)
Подземна палата (есеи, 1987)
Демони и галаксии (студија, 1988)
Панична планета (поезија, 1989)
Алдебаран (записи и патописи, 1991)
Митската оска на светот (критики и есеи, 1993)
Ризиците на занаетот (поезија, 1993)
Мојата роднина Емилија (роман, 1994)
Паники (поезија, 1995)
Дворскиот поет во апарат за летање (роман, 1996)
Париски приказни (записи и патописи, 1997)
Астролаб (критики и есеи, 2000)
Дива лига (роман, 2000)
Мане, текел, фарес (поезија, 2002)
Невестата на змејот (роман-бајка, 2008)
Седмата страна на коцката (раскази, 2010)
Размена на пораки (раскази, заедно со Тања Урошевиќ, 2013)
Тајна мисија (раскази, 2013)
Тајно злато (поезија, 2016)
Маџун (роман, 2018)

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
1 (50%)
4 stars
1 (50%)
3 stars
0 (0%)
2 stars
0 (0%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 of 1 review
Profile Image for Марија Андреева.
Author 1 book101 followers
May 1, 2024
Многу интересна, информативна книга, уживав во разговорите, размислите како и видувања на Влада Урошевиќ. Многу интересно четиво!
Displaying 1 of 1 review

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.