Приказната почнува со потрагата по гробот на Браќата Миладиновци во Истанбул, а завршува со отровната боја фрлена врз фасадата на македонското Собрание во Скопје.
Главниот лик во романот, интелектуалец со одредена парапсихолошка дарба, експерт за звук и звучна изолација, чие име на чуден начин е поврзано со насловот на приказната, наследува таен фонд документи од својот татко, долгогодишен соработник на службата за државна безбедност. Како самец кој никогаш во животот не работел, освен што повремено дресирал кучиња што ги собира од улица, астрално внесен во потрага по мистериозни информации скриени во архивата, открива сензационални тајни од приватниот и јавниот живот на многу луѓе, но и многу историски записи и неверојатни факти за сопственото семејство.