Дел од овие собрани текстови веќе ги имав прочитано, дел - не, но морам да кажам дека Горан Стефановски и неговиот ум се толку неповторливи, што и со секое ново читање на еден ист текст, откривам нови работи што ме воодушевуваат, нови неверојатни бисери. Кога само повеќе би го читале како општество и се трудиме да го употребиме она што го кажал и напишал, би живееле во многу поубаво општество.
Овие есеи се како еден разговор со Горан кој потоа долго време ви одѕвонува во главата. Донекаде е поразително и фасцинантно во исто време колку дел од темите што ги одработува се се' уште релевантни. Балканот е просто неверојатно место за живеење и за набљудување.