Лазар е собственик на издателство на ръба на финансова катастрофа. Неочаквано го посещава мистериозна млада жена, която му дава древна книга на латински, в полетата на която е стихотворение, написано от Константин Миладинов през XIX век. В същото време в Сплит, Хърватия, изчезва Марко Ковачки, много успешен млад писател.
Лазар се заема да разкрие истината. Мисията, в която той рискува всичко, ще го изправи пред пъзел от история, митология, психология и социални отношения. Лазар вярва, че ако разшифрова тайните послания, които открива, ще се добере до ръкописа на изчезналия писател и той ще го спаси от фалит.
Търсенето води Лазар през многопластовата история на Балканите и се превръща в борба за нещо по-важно от първоначалните цели, които е имал.
Движейки се между границите на мистерията и литературния трилър, Жарко Куюнджиски създава интригуващ и умело изграден роман.
Романът е отличен като най-продаван на Панаира на книгата в Скопие 2020 г., а Асоциацията на македонските издатели определя Жарко Куюнджиски като автор на годината – 2020.
М-р Жарко Кујунџиски (Скопје, 1980) – македонски романсиер, есеист, раскажувач, драмски автор, поет, филмски критичар и преведувач. Дипломирал во 2003, а подоцна и магистрирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Бил неделен колумнист во дневните весници „Утрински весник“ (2004) и „Дневник“ (2008-2013), основач и уредник на електронското списание „Репер“ (www.reper.net.mk), копирајтер во маркетинг-агенција и прес-координатор на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ од Битола. Сопственик е на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје.
Автор е на 11 книги. Негови дела се преведени на англиски, српски, хрватски, словенечки, полски, германски, турски, бугарски, италијански, украински, албански и на други јазици. Застапен е во голем број антологии на македонската проза и поезија. Неговиот расказ „Кога се губат очилата“ е дел од реномираната антологија The Best European Fiction 2013.
Добитник е на наградите „13 Ноември“, „11 март 1943“, „Бели мугри“, „Студентски збор“, како и на награди за сценарио и глума на Фестивалот „Лица без маски“. Член е на Друштвото на писатели на Македонија и на македонскиот ПЕН-центар.
Приредувач е на Јас имам сон (2010), антологија на најзначајните светски и македонски говори на сите времиња и коприредувач на Дај две, љубовни! (2015), антологија на европската љубовна лирика. Ги превел од англиски на македонски јазик култниот роман Појадок кај Тифани од Труман Капоти (2006) и сценариото за филмот Евтини приказни (2008).
Романот Spectator е прв дебитантски роман во современата македонска книжевност со седум изданија и досега е преведен на полски и на англиски јазик.
Од 1997 година активно пишува и објавува текстови на литературни, филмски, културолошки и општествени теми, во речиси сите поважни македонски весници и списанија, како и во странство.
Авторски книги:
Spectator (роман 2003, прво издание) Ендрју, љубов и други непогоди (драми 2004) Америка (роман 2006, прво издание) Сузан (песни 2008, како Џеси Блејз) Најдено-загубено (роман 2008, прво издание) 13 (раскази 2010) Мојата Сузан повторно девојка (песни 2011, како Џеси Блејз) Најкраткото долго (студија, 2012) Скопје и сè е можно (роман, 2013) Тино од мојот влез, (сликовница за деца, 2015) Ние предметите, (песни, 2016)
Трилер/Мистерија која Ве навлекува веднаш упте од првата глава.
Со оглед на тоа што писателот го задржува својот автентичен стил на пишување како во неговите раскази, оваа книга ми беше малку поразлична од тоа што досега сум го прочитал од македонски автори. И тоа беше супер.
Книгата е полна со метафори/параболи што ме натераа понекогаш да ги читам одредени делови/поглавја повторно.
Историјата на Скопје и Сплит е нешто посебно и преубаво. Сплит го дадов во „места кои морам да ги посетам“ за да ја видам Диоклецијановата Палата.
Лазар е уредник на издавачка куќа која е пред пропаѓање. Еден ден, сосема неочекувано, го посетува една млада девојка која тврди дека е смртта лично. Таа му носи стара и добро сочувана книга со наслов на латински јазик во која се наоѓаат стихови кои несомнено му припаѓаат на Константин Миладинов. За Лазар книжевникот, таа книга е бесценето богатство.
Ден потоа, во Сплит, Хрватска, исчезнува заштитното лице на неговата издавачка куќа. Младиот и надежен автор, Марко Ковачки. Лазар ги вложува сите свои финансиски средства и надежи во младиот и талентиран автор на кој му претстои брилијантна кариера во пишувањето. И тој не може само тукутака да исчезне!
Со таинствената книга в раце, Лазар започнува сопствена потрага. Потрага која го води низ историјата на градот Скопје, низ историјата на Македонија, па сè до градот Сплит во Хрватска. Потрага која не е само по исчезнатиот младич, туку и по самиот себеси.
Оваа книга е еден нетипичен трилер, една мистерија исполнета со симболи на секој чекор. Кај трилерите знаеш што читаш, овде читаш поезија во редови. Се завлекуваш во поетичните описи и едноставно забораваш дека читаш трилер. На секој чекор се прашуваш за симболиката на кажаното, за поврзаноста на нештата.
Што да кажам повеќе? Сега со други очи го гледам градот Скопје.
И само за момент, додека читав, се запрашав дали можеби исчезнатиот писател со иницијали М.К. е можеби Македонија?
„Сфинга на гневот“ е одличен избор за љубителите на историјата на градот Скопје, за љубителите на поезијата, за трагачите по мистерии. Книга која не се чита брзо, те тера да се навраќаш одново на некои делови, ама книга која дефинитивно нема да те пушти да ја оставиш сè до последната страница. Ова ми е прва книга од Жарко Кујунџиски, ја почнав без очекувања и навистива уживав во неа. Вистинско авантуристичко доживување за љубителите на пишаниот збор!
Оригинално и несекојдневно. Ме привлече уште од првата страница и тоа чувство не ме пушти се до последната кога целата приказна доби смисла и почетокот и крајот совршено легнаа еден врз друг.
Сфинга на гневот е вистинско освежување на македонската книжевна сцена. Стилот на Жарко е софистициран без да биде претенциозен, а приказната е совршено одбрана како би се пренела пораката која што тој сака да ја пренесе. Играњето со бројки и симболи само додатно ја збогатува повеќеслојноста на ракописот, додавајќи одредени meta елементи на романот. И како јаготка на шлагот, крајот на романот прави одреден логички круг, оставајќи не да се препрашаме себеси што точно штотуку сме прочитале. Секоја чест!
Мистерија... Мистерија! Одличен почеток кој ме навлече да читам во потрага по поставената загатка, изгубениот ракопис, пронајдената песна... и мало патување. Кога сето ова е извајано со зборовите на Жарко, читањето добива слика, мирис, вкус...
4.5/5 Солидна. Интересна, малку невообичаена приказна во однос на мотивот зад целата мистерија, задржува внимание, и цело време сакаш уште, уште и уште. Ми се допадна вклучувањето на историјата во текот на приказната.
Историја, митологија, мистерија, дури и психологија и филозофија- се што најмногу сакам во едно дело! Прво, иако не станува збор за историска фикција, овој роман е "must have" за сите љубители на историја. Таа се провлекува низ дејството повеќе пати- низ разговорите, писмата, книгите кои ги чита главниот лик. Историјата на Скопје и Сплит, без разлика дали станува збор за антика или за поново време- игра значајна улога за градењето на атмосферата во делото. Главниот лик, Лазар, е самиот мистериозен. На момент неговите постапки изгледаат премногу спонтани дури и ирационални, но (мал spoiler) се се сведува на насловот на книгата т.е. гневот. Неговата трансформација е една од главните теми кои се присутни во романот, а неговиот главен мотив- добивањето на ракописот на Марко- е претставен како силна неразумна страст која го влече во длабочините на злото. Заплетот- исчезнувањето на писателот Марко, кој како лик иако не се појавува во поголемиот дел од романот, тој е постојано присутен и преку описи и разговори навлегуваме длабоко во неговата душа-го движи дејството на оргинален и невообичаен начин. Марко е загадочен, комплексен лик, како и Ана Марија- жената со две имиња, „ѓаволот“ кој му ја дава AD IRAM стариот ракопис на Лазар, а за возврат „ја бара неговата душа“. Романот е исполнет со огромен број на симболи, но оваа книга не е само за историјата и митологијата туку е и „книга за книгите“. Се споменуваат огромен број на писатели, а една од многубројните теми е и љубовта на Лазар, но и на другите ликови, кон книгите. Наместо да продолжам со опширно опишување, само ќе додадам дека речениците се толку прекрасно напишани што на моменти останував без зборови. Дали станува збор за психолошката состојба на Лазар, описот на историски настани, претставувањето на старите споменици и историски знаменитости на Скопје и Сплит, толкувањето на делото „Отворање на кутијата“ од страна на ликот Грапа, разговорот во прологот меѓу Ана Марија и Лазар итн.- оставаат силен впечаток.