Jump to ratings and reviews
Rate this book

Остров на тишината

Rate this book
Четворица туристи од Франција и од Англија учествуваат во предизвик што го прочитале преку социјалните медиуми. Не ги слушаат предупредувањата на старицата од пансионот чиј покоен сопруг бил еден од стражарите на „забранетиот град“ во времето кога се случило нешто за кое се молчи. „Градот не смее да се вознемирува“, ги советува таа. Некој од туристите смета дека се работи само за суеверие, друг прифаќа да оди надгласан од групата, трет живее за авантура, иако не се познаваат добро меѓу себе.

Островот Сазан во близина на Валона е популарна туристичка дестинација, опкружен со тиркизни води и уникатна плажа и познат по сочуваниот напуштен град, целосно забранет за пристап до 2015 година, а сега достапен единствено за организирани краткотрајни посети.

Напуштениот град можеби и не е напуштен… која е тајната на „Островот на тишината“?

240 pages, Paperback

Published June 1, 2023

1 person is currently reading
1 person want to read

About the author



Весела (Весе) Богдановиќ е родена во Битола на 28.5.1976 година, каде што живее и работи.

Средното образование го завршила на природно-матемаматичкиот смер во Гиманзијата „Јосип Броз Тито“ во Битола. Кариерата на детски едукатор ја започнала како дипломиран воспитувач на Факултетот за учители и воспитувачи и како дипломиран учител на Педагошкиот факултет во Битола. Од 2002 година работи како учителка во ОУ „Кочо Рацин“ во с. Ивањевци, општина Могила.

Сопруга и мајка, автор на низа проекти и работилници од областа на образованието, воспитанието, културата и екологијата.

Добитник е на признанието за најдобри едукатори во светот, прогласена е за светски амбасадор за образование, а наградувана е и со признанија за личност и дело на ниво на град, регион и држава.

Автор е на збирката детски бајки „Магични стапчиња шарени лижавчиња“, на интерактивната сликовница „Тајната на Сината Самовила“, на „Книга на тајните“, креативен прирачник за социјален и емоционален развој и на „Чудо од визбата“, бајковит прирачник за креативно размислување, претприемништво и медиумска култура.

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
2 (40%)
4 stars
1 (20%)
3 stars
1 (20%)
2 stars
1 (20%)
1 star
0 (0%)
No one has reviewed this book yet.

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.