Одличен краток роман кој дава психолошки профил на Крале Марко низ призмата на неколку негови најблиски соработници. Книгата е пишувана според циклусот песни на Конески, посветени на Крале Марко (Песјо Брдце, Стерна, Одземањето на силата, Марков манастир...) и е една можна слика на размислите и внатрешните борби на Марко.
П.С. Копајќи низ книжарница случајно ја открив книгава која не ни знаев дека постои. Неправедно е непозната. Заслужува да се прочита, оти нејзиното читање значи уживање.