Биографија за Тито, напишана од историчарка која е голем познавач на темите кои ги обработува, а низ целиот текст се наведени и изворите кои ги користи со помош на обемните истражувања од други дела и историски документи архивирани низ целиот свет. Напишана е од неутрална гледна точка и колку што може поверодостојно да се претстави вистинската слика, без пристрасност за или против тоа што се случувало.
Освен приватниот и професионалниот дел од животот на Тито, опишана е и целокупната историја на Југославија од нејзиното креирање, преку многубројните проблеми низ кои поминала, па сѐ до подемот и евентуалниот пад подоцна…
Хронолошки и на јасен начин е опишан секој аспект од Титовата и Југословенската историја, па книгава е за секој кој само од “општа култура” знае одредени работи, а сака подетално да дознае како се одвивале настаните кои го обележале поголемиот дел од 20-тиот век во нашата историја 🙌🏻