Луна е млада и независна девојка, успешен професионален фотограф која си ја обожува својата работа. Позитивна, љубезна, полна со живот и прекрасен пријател. Мислејќи дека го живее животот од соништата и наскоро ќе биде запросена од нејзиното долгогодишно момче, Луна се соочува со големо предавство кое ѝ го крши срцето и ѝ ја уништува довербата во мажите и надежта во љубовта. Сакајќи да се оттргне од реалноста, сосема случајно, со своите пријателки планираат спонтано патување. Луна не е свесна дека сѐ ќе се промени кога нејзиниот поглед ќе се сретне со погледот на црноокиот згоден странец.
Бен не верува во врски, тој е заколнат ерген. Тајната и болката кои се кријат зад црните очи на убавиот странец го прават воздржан и ладен, маж кој многу добро ги контролира своите чувства и зборот љубов одамна не е дел од неговиот речник, сѐ додека не се појави Луна во неговиот живот.
Дали Луна ќе успее да ги размрда неговите чувства, да ги пробие високите ѕидови кои тој ги изградил околу себе и да му се пикне под кожа?
Дали е таа спремна да остави сѐ зад себе, повторно да ризикува нејзиното срце да биде скршено и да започне нов живот на сосема ново место?
Interesting, sweet, 100% romantic. As you read, some parts make you smile, because they seem very naive. Like a debut novel, very good. Macedonian Vi Keeland in the announcement :)
„Љубов во Тел Авив” е кратка, но многу слатка приказна, полна не само со романса, туку и со искрено пријателство и ненаметлив хумор. Искрено уживав во секој момент додека ја читав. Специјално одлучив да ја читам полека, за да ја впијам целата атмосфера и да не дозволам така лесно да заврши – иако, за жал, стигнав до последната страница побрзо отколку што посакував.
Крајот ме изненади и трогна: кога Бен конечно ѝ призна љубов на Луна, а таа одговори со: „Бен… ти не ми се допаѓаш…”, за миг срцето ми застана! Но веднаш потоа следеше олеснување: „Јас мислам дека се вљубив во тебе…”. Толку топло и искрено!
Особено ми се допадна спомнувањето на Arctic Monkeys – бенд кој и јас го слушам – што ми создаде уште поголема поврзаност со ликовите. А мислата: „Еј убавице, сфатив дека понекогаш некои нешта се полесни да се напишат, отколку да се кажат.” ми остана врежана во срцето – вистина која многумина од нас ја чувствуваат.
Не можам да се согласам со тврдењето на Сандра дека оваа книга повеќе ќе ја сакаат женските читатели – емоцијата и топлината во “Љубов во Тел Авив” се универзални и допираат до секој што сака добра приказна.
П.С. Можеби не сум најдобар писател, но ова е мојата искрена рецензија од душа. Со нетрпение очекувам нови дела од Сандра Малетски – душата ми бара повеќе!
This entire review has been hidden because of spoilers.
Луна е млада и независна девојка, успешен професионален фотограф која си ја обожува својата работа. Позитивна, љубезна, полна со живот и прекрасен пријател.
Мислејќи дека го живее животот од соништата и наскоро ќе биде запросена од нејзиното долгогодишно момче, Луна се соочува со големо предавство кое ѝ го крши срцето и ѝ ја уништува довербата во мажите и надежта во љубовта.
Сакајќи да се оттргне од реалноста, сосема случајно, со своите пријателки планираат спонтано патување. Луна не е свесна дека сѐ ќе се промени кога нејзиниот поглед ќе се сретне со погледот на црноокиот згоден странец.
Бен не верува во врски, тој е заколнат ерген. Тајната и болката кои се кријат зад црните очи на убавиот странец го прават воздржан и ладен, маж кој многу добро ги контролира своите чувства и зборот љубов одамна не е дел од неговиот речник, сѐ додека не се појави Луна во неговиот живот.
Дали Луна ќе успее да ги размрда неговите чувства, да ги пробие високите ѕидови кои тој ги изградил околу себе и да му се пикне под кожа?
Дали е таа спремна да остави сѐ зад себе, повторно да ризикува нејзиното срце да биде скршено и да започне нов живот на сосема ново место?
,,Бен, сине, кога ќе ја сретнеш онаа правата, ќе почувствуваш во срцето, длабоко во душата, ќе ти влезе под кожа, ќе ти навлезе во коските. Ќе направиш нешта кои никогаш не си ги направил, ќе преместиш планини, ќе се обидеш да ѝ го дадеш светот на дланка. Тогаш ќе сфатиш колку среќен човек си ти."
Луна е една позитивна, амбициозна и девојка со весел дух. Таа го живее нејзиниот животен сон, иако за да стигне тука требало да помине низ многу препреки кои влевале страв во нејзиното срце. Но, се чини како среќата да е на нејзина страна, па така, Луна сега живее во друга држава, има работа како професионален фотограф, прекрасни другарки и долгогодишно момче. Што друго би посакала, нели? Меѓутоа, кога таа мисли дека ќе започне нова етапа во животот и ќе биде запросена, наместо кутиче со прстен, таа добива скршено срце. Предавството од човекот на кого неизмерно му верувала и мислела дека го познава ѝ ја уништува самодовербата, но и довербата во мажите.
Она што ѝ треба во тој момент е бегство од реалноста, па кога пријателките предложуваат спонтано патување, таа прифаќа без размислување. Тргнува со надеж дека ќе го добие заслужениот одмор, далеку од проблемите. Дестинацијата е сончевиот Тел Авив, град каде никој не ги познава и барем за момент Луна ќе може да го спушти штитот и да си дозволи да ужива.
Меѓутоа, Луна не знае дека универзумот си има свои планови. Веднаш по пристигнувањето во хотелот ,,Мор Палас", таа здогледува еден црноок странец кој не може да го извади од мислите.
Бен е ладен и повлечен маж. Неговиот изглед асоцира на арогантност. Но, изгледот често знае да лажи. Бен не верува во врски и љубов. Неговата шанса е одамна пропуштена и за тоа е виновен самиот тој. Има премногу пати изгубено во битката наречена живот, па длабоко ги закопа сите емоции за никогаш повторно да не ризикува да биде повреден. Но еден ден, кога неговиот поглед залутува кон една жена, заспаните чувства како да се будат од зимски сон.
Две повредени срца, два странци и два сосема различни животи. Дали искрата поврзаност е доволна за да ги спуштат штитовите и да војуваат во страсната битка наречена љубов?
Прекрасно дебитантско дело! Нежен стил на пишување кој наликува на топла прегратка. Уште на самиот почеток читателот може да увиди дека е создавано со љубов и внимание. Една од оние книги во кои авторот пренесува дел од себе. Многу ми е мило што Сандра ни подари едно делче од нејзината душа. Ни дозволи да ѕирнеме во еден толку привлечен свет што на крајот ме остави да посакувам повеќе.
Живописните описи од сите места пробудија чувство на припаѓање во мене. Се чувствував како јас да сум четвртиот член на друштвото и нем сведок на спомените кои пријателките ги креираа. Од Скопје до Софија, па до волшебниот Тел Авив. Сандра нѐ води на една возбудлива авантура во која се кријат доста поуки. Пријатели, сонце, плажа и многу коктели. Забавна, ама и себеоткривачка авантура која изобилува со емоции.
Луна е многу симпатичен и интересен лик за анализирање. Читателот има можност да го следи нејзиното патешествие и емоционален раст. Прекрасна другарка и личност која секогаш ќе биде тука за тебе. И покрај тоа што таа носи огромен товар на рамениците, никогаш не одбива да биде поддршка и рамо за плачење. Ми се допадна како се справуваше со сопственото скршено срце и сепак да има простор за емпатија кон Бен.
А Бен, морам да бидам искрена, на почетокот ми беше чуден, ама кога ја дознав неговата приказна и причината зошто е толку ладен и повлечен ми го скрши срцето на милион парчиња. Сакав да влезам во книгата и да го гушнам силно. Потребна е огромна храброст и уште поголемо срце за да го надминеш сето она низ кое поминал тој. Бен е чист пример за тоа дека и да го имаш целото богатство на светот, нема да е доволно да се избори со демоните во твојата глава. Доколку не обрнеш внимание на твојата душа и да ја расчистиш маглата, ќе бидеш гостин во твоето тело, случаен набљудувач на сопствениот живот.
Две изгубени души, два различни животи поврзани од моќните раце на судбината. Кој би рекол дека можеш да пронајдеш дел од себе далеку од дома? Лесно им е да се биде во присуството на другиот, меѓутоа тоа не значи дека вечно ќе трае. Убаво е да се ужива во моментот, но кога времето те демне како темпирана бомба која се заканува да ја уништи магијата, немаш друг избор освен да мислиш на тоа што ќе се случи кога стрелката ќе го означи последниот миг.
Многу ми се допадна како Сандра го визуализира растот на ликовите, нивното развивање со мирниот тек на приказната. Крајот ме расплачи со брилијантното прикажување на емоциите. Мислам дека тој дел ја краси целата приказна. Силни емоции кои се чувствуваат дури и преку зборовите испишани на хартија.
Уште едно нешто што мене ме воодушеви е пријателството. Вистинско пријателство кое не познава граници. Луна, Маја и Нина можеби не се совршени како личности, ама се вистински пример за тоа како да бидеш добар пријател.
,,Љубов во Тел Авив" е чудесна приказна која ќе пробуди чувства дури и во најзакоравените срца. Приказна за љубовта и нејзината големина. Љубовта која е силна како и вербата. Доколку целосно се препуштите, ќе имате моќ да поместувате планини. Кога имињата на две личности се запишани едно до друго, во ѕвездите, ��икој не може да ги избрише. Ниту километрите, ниту различните начини на животен стил и традиции нема да можат да бидат пречка за нивното обединување. Препорака од срце!
A wonderful book, it left me with many impressions. This book is one of the most beautiful I have ever read. With each page it touched me more and more. It made me laugh, cry and I am definitely looking forward to the next one.
Многу убава приказна за еден прекрасен одмор и авантура во Тел Авив. Одлична книга за летниот период од годината. Лесна за опуштање, забавна, со прекрасно вклопени сцени за пријателството, романсата, но и длабоките чувства, болка и емоции кои се кријат зад површината. Ја препорачувам 🩷
Сосема случајно решив да отидам на потпишувањето- ретко бирам книги според корицата но оваа навистина ми го привлече вниманието. Иако романса не е "my cup of tea", книгава е изненадувачки предобра. Без да давам spoilers ќе се обидам да ја пренесам чувствата што ги буди и атмосферата која ја нуди: сонце и песочна плажа, патување со младите, забавните другарки,слатка и истовремено страсна романса. Тоа што особено ми се допадна беше отсуството на непотребни драматични сцени- лошата мајка на дечкото, досадната претходна девојка (иако е присутна во неколку страници од книгата, не е претерано), себични, манипулативни, љубоморни другарки (зошто толку книги/филмови сосема го изопачуваат женското пријателство?!) итн. Кога ќе ја земете оваа книга, очекувајте да уживате и да се смеете, а ќе се изненадите од описите на облеката (што ќе направи да се почувствувате како вие да ја носите- многу кратко, прецизно опишана), местата (ќе мислите дека сте милионери кој уживаат во својот луксуз) и да се запознаете ликовите (вклучувајќи го и нивниот говор на телото, начинот на зборување...) толку длабоко што ќе мислите дека лично ги знаете ( најмногу ќе го потенцирам описот на ликот на Бен). Дејството се одвива во рамномерна брзина (нема да ви биде досадно, но нема ни да се збуните од премногу работи што се случуваат/натрупаност). Романсата е прекрасно напишана, без токсичност која слушам дека е многу во мода (не читам доволно романси за да кажам сигурно), туку искрена, реална, совршена. Иако книгата ми се допадна, како што се гледа горе ставив 4 ѕвезди, но не и 5. Имам една забелешка: повторувањето на веќе кажаното. Ја разбирам потребата да се повторат чувствата, емоциите, описите особено доколку е важно да се нагласат. Но, понекогаш помислував дека повторно го препрочитувам истиот параграф/страна. Сепак, ова нема да ви го уништи расположението/уживањето во книгата. Ја препорачувам на љубители и нељубители на романса што сакаат малку да се „прошетаат' низ жанрот. Исто така, дефинитивно е подобро да се чита на плажа/во лето каде можеш да ја почувствуваш и оживееш присутната атмосфера. Чекаме втора книга од Сандра :)