Jump to ratings and reviews
Rate this book

EMŠO

Rate this book
Roman EMŠO, ki prepleta resničnost in njeno distopično projekcijo, govori o skrhanih družinskih odnosih, (samo)odtujitvi, molku, ki ni rešitev za težave, ter o izgubi bližnjih in domovanja.

EMŠO je pripoved o odtujenosti, ki jo je sprožila nenadna in ne docela pojasnjena izguba domačih, doma in domovine. Doživi jo grški Ciprčan Nikos Avraam, ki je zaradi turškega vdora na Ciper poleti 1974 prisiljen zapustiti svoj dom v Varoši, obenem pa ga zaznamuje misteriozni družinski spor, o katerem nikoli ne spregovori. V spor naj bi bila vpletena njegova žena Milka, s katero sta se spoznala v hotelu, kamor je prišla iz Jugoslavije kot sezonska delavka, z njim zanosila in ga prepričala, naj v kaosu vojnega udara ne išče svojih domačih, temveč naj raje z njo odide v Makedonijo. Makedonija tako postane njegova nova domovina, v kateri dobi novo družino in v kateri se apatično prepusti enolični vsakdanjosti. Protagonistka romana je njegova hčerka Katerina Avram, ki se posveti raziskovanju njegove zamolčane preteklosti.

292 pages, Hardcover

First published August 17, 2023

9 people are currently reading
96 people want to read

About the author

Лидија Димковска

18 books29 followers
Лидија Димковска е родена во Скопје на 11 август 1971 година. Завршила Филолошки факултет во Скопје на групата Општа и компаративна книжевност, а докторирала на тема од романската книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт, Романија. Работела како предавач по македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт. Исто така, таа била уредник на одделот за поезија во електронското списание за култура и уметност „Блесок“.

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
89 (55%)
4 stars
49 (30%)
3 stars
18 (11%)
2 stars
4 (2%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 30 of 30 reviews
Profile Image for Igor Neox.
312 reviews21 followers
March 9, 2025
Иако книгата содржи конкретен пример за темата на имиграција (во Македонија, од Кипар), би можела да се сфати и универзално, пренесувајќи ја на било кое друго место во светот каде има бегалци... Освен главната приказна, помеѓу секое поглавје има делови од уште една приказна, каде на начин кој ги сумира настаните од претходното поглавје, се раскажува за еден друг свет ("пустелијата") кој е една дистописка верзија на нашиот свет.

Приказната започнува во 70-тите години, кога млад жител на грчкиот дел на Кипар ќе се заљуби во Македонка која е таму привремено на работа во хотел и заедно бегаат во Македонија поради инвазијата на земјата од страна на Турците, притоа оставајќи го своето семејство без да ја знае нивната состојба ниту локација. Подоцна го запознаваме семејството кое тие го формираат со текот на годините во Македонија, а главен лик е нивната ќерка која се обидува да го осознае сопствениот идентитет со помош на потеклото на нејзините родители, особено тоа на таткото за кое не се зборува воопшто...

Oдредени моменти и мотиви често се повторуваат, но начинот на раскажување е таков што и не сметаат многу, бидејќи се константен дел од приказната, а и од самиот живот. Многу вешто се доловени семејните односи, при што особено се интересни огромните спротивставености на одредени ликови (избувливост и зборливост наспроти смиреност и тишина, религиозност наспроти неверништво...), а веројатно највпечатлива е отуѓеноста кај дел од нив, без разлика дали се случува од едни кон други или кон самиот себе и своите корени и идентитет. Моќно сведоштво за животот на само мал дел од огромниот број на бегалци низ светот, кои од разни причини (најчесто војни) морале да го напуштат својот дом за да бараат нов, при што често мораат и да се редефинираат и себеси за да се вклопат во новата средина...

Заслужена награда за Роман на годината (2023), која се доделува од страна на фондацијата „Славко Јаневски“ ✨
Profile Image for Simona Paunova.
26 reviews51 followers
December 2, 2023
Беше тешка за читање. Плачлива и седната некаде во пустелијата ги голтав зборовите и ги вртев страниците. Попатно се најдов и себеси во неа.
Profile Image for Angelina.
19 reviews
December 4, 2023
Лидија Димковска е една неповторлива писателка, а овој роман само ја потврдува нејзината вештина, креативност и способност да ја согледа и раскаже општествената реалност.

„Единствен матичен број“ е една сосема оригинална, комплексна и длабока приказна. Кате е Македонка по мајка и Гркинка од Кипар по татко. Татко и' избегал од Кипар по инвазијата во 1974 заедно со мајка и' од Скопје која тоа лето била на сезонска работа. Овој почеток сам по себе ветува интересна приказна, но Димковска ги надминува сите очекувања. Наместо веднаш да ни ја задоволи љубопитноста со сите детаљи за историјата на ова необично семејство во кое се измешале две култури, набрзо сфаќаме дека во семејството Авра(а)м владее молк, нераскажување и неразговарање. Двете култури воопшто не се измешале, а татко и' на Кате од Грк од Кипар за надворешниот свет станал Егеец, затоа што така било полесно.

Од родители кои не сакаат да зборуваат за ништо, се раѓа ќерка која сака да знае се'. Кате е лик за кој брзо се приврзав, а во нејзината приказна се вткаени проблемите на едно семејство во кое владеат очајни семејни односи и потиснати емоции, против кои таа пробува да се избори. Пристуни се и македонските општествените проблеми - недостатокот на достоинствена работа, партиските поделби, национализмот, спорот со Грција, односите меѓу Македонците и Албанците. Најмногу од се', оваа книга ја расправа историјата на Кипар, односите помеѓу кипарските Грци и Турци. Како и во „Но-Уи“ или „Кога заминав од Карл Либкнехт“, Димковска не се ограничува географски и нејзините човечки приказни носат јасни анти-националистички и космополитски вредности.

Паралелно со оваа приказна, преку кратките пасуси што ги делат главите во книгата, Димковска гради дистописки свет „пустелија“ во кој луѓето живеат отуѓени, без емпатија, без односи, без пријатели, семејство или потреба за поврзаност. Оваа паралелна дистопија дополнително ги кристализира прашањата што ги отвора „главната“ приказна, а особено ми се допадна стилскиот избор да личи дека Кате е авторката на овој мал дистописки роман внатре во романот за нејзиниот живот, па така дистопијата се развива напоредно со нејзините животни искуства.

Уживање е да се чита што било од Лидија Димковска, но особена чест е да се чита вакво врвно дело во оригинал на македонски. Се надевам дека наскоро книгата ќе биде преведена, затоа што навистина вреди да стигне до што поширока публика.
Profile Image for Mihaela Janevska.
24 reviews2 followers
August 4, 2025
Цела книга се спремав 5ка да и дадам, ја проголтав книгата а не сум читала македонска книга од лектирите во средно. Премногу ми се допадна дејството ама деловите помеѓу некако не можев да ги прифатам. Ми се допаѓаше што не беа дел од дејството, а сепак беа. Ама некако затоа што дејството беше приказна ми пречеше кога и таму ќе се провлечеше нечива рандом приказна. Ми фалеше да се поопшти, а ми се допадна дека се пауза меѓу поглавјата. Многу убаво е напишана, со мерак да си го читаш јазикот и многу блиска приказна до нашето поднебје со која секој еден може да се поврзе. Единствено што би рекла дека ме изнервира беше крајот, некако очекував дури и да нема никаква разврска со односот со родителите барем да не продолжи таа да го прави истото. А баш напротив таа создава заедници кои го проповедаат истото од кое таа се бореше да избега цел живот. Мислам дека нешто што највеќе ме изнервира дека крајот е spoiln-ат во текстот позади, who does that??? Во секој случај многу сум горда дека навистина имаме добри македонски книги, и би сакала пак да читам на македонски само нешто помалку депресивно ако може 😂
Profile Image for Билјана.
3 reviews
April 13, 2024
Не е ова роман на годината, ова е роман на деценијата!!!
Profile Image for Anchi.
409 reviews92 followers
May 19, 2024
4.5 ⭐️ бидејќи малку се повторуваше истото па истото на моменти. Почетокот и делот со болеста на таткото ми беа највпечатливи, а крајот млак. Сакав да дознаам што понатаму со животите на ликовите, што ќе биде со Софче и нејзината иднина, дали некој конечно ќе ја подбере мајката, дали Дијана некогаш ќе се врати, дали Катерина ќе остане засекогаш оттуѓена. Иако мајката (Милка) е ликот што би требало да ни е најантипатичен, мене не ми се допадна ни Катерина нешто премногу. Сметам дека можеше да се обиде барем на крајот да му ја каже вистината на татко ѝ за посетата на Кипар, да го прекине барем на некој начин ланецот на молкот што толку многу го мрази. А сепак, за жал, на крај повторно секој за себе и сите за никого, тоа е и поентата на пустелијата и оттуѓеноста.
This entire review has been hidden because of spoilers.
Profile Image for Slavenija.
35 reviews2 followers
August 18, 2025
Од каде да почнам не знам….Дело кое отвора многу прашања за егзилот, отуѓувањето и обидот да се пронајде сопствениот идентитет во услови на изгубеност и неприпадност. Преку историјата на едно семејство, писателката ја оживува трагиката на откорнатоста и животот помеѓу две татковини – онаа вистинската и онаа замислената. Со умешна карактеризација и внимателно градење на атмосферата, Димковска успева да ја прикаже суровата реалност на ликовите кои живеат во „пустелија“, поим што постојано се провлекува низ страниците и ја симболизира нивната емотивна и егзистенцијална празнина.

Сепак, и покрај тоа што го препознавам значењето на темите, морам да признаам дека главниот лик Катето, ме изнерв��ра повеќе отколку што ме фасцинира. Иако претставена како ‘современа’ жена, она е далеку од современа за мене. Никогаш не наоѓа сила да му признае на татко ѝ за патувањата и истражувањата поврзани со неговата татковина и минатото. Како возрасна личност, која целиот живот трага по неговата приказна, она е тотално немa пред него, нешто што за мене беше особено иритантно и остави чувство на недоисполнетост.

Дополнително, романот не нуди јасни одговори на клучните прашања, што навистина се случило со татковината, домот и семејството на таткото, ниту пак дава објаснување за Милка и нејзината деструктивна природа. За мене, она останува затворен лик, без откриени мотиви за нејзината злоба, незадоволство и недостаток на љубов кон сопствените деца.

Иако делото има свои силни страни, актуелноста на темата, стилот и прозната вештина на Димковска за мене остана половично и со недоисполнети очекувања.
526 reviews58 followers
March 12, 2024
Приказната започнува во далечната 1974 година кога Милка заедно со група југословенски девојки заминува на Кипар да работи како собарка во хотел. Таму го запознава Никос, кипарски Грк, и започнуваат љубовна врска. Се случува турската инвазија на Кипар, гратчето Вароша е нападнато. Со автобусот кој доаѓа да ги собере Југословените, заминува и Никос. Заедно со Милка доаѓа во Скопје, се венчаваат и зема југословенско државјанство. Им се раѓаат две деца, Стефан и Катерина.

Катерина расте во дисфункционално семејство. Со мајка која мрчи за се и сешто, никогаш незадоволна од ништо, и татко кој речиси и не зборува, ниту еден збор повеќе од потребното. Ги познава роднините од мајкина страна, но не и од таткова. Таткото никогаш не зборува за своите, Кате не знае ни како се викаат, ниту дали се живи по турската инвазија.

Бегајќи од ладниот дом каде не се чувствува како дома, Катерина се обидува да се открие себеси, да дознае која е всушност. Да открие каде припаѓа, меѓу Македонците или Кипраните, или некаде сосема далеку, со сосема други луѓе.

Но колку навистина можеме да избегаме од она што навистина сме?

И дали можеме да создадеме ново „јас“, нов идентитет, нова заедница или нова пустелија?

Оваа книга влезе во потесниот избор за Роман на годината за 2023 година. Ова е една приказна за идентитетот, за оној кој го имаме и оној кој го бараме. За пустелијата околу нас, но и за пустелијата во нас. Со ликови кои на моменти ги сожалував, ги исплакав, а на моменти ми идеше да ги треснам од земја.

Топла препорака за читање.
Profile Image for Марија Андреева.
Author 1 book100 followers
May 2, 2024
4.5
Одлична, многу добра нарација, меланхолична, искрено сочувствував со чувствата и размислувањата на главниот лик, со судбината на нејзиниот татко, со нејзината желба да се поврзе некако со него, макар и преку истражувањето. Подеднакво одбивен и ужасен лик ми беше мајката, нејзината отровност и пизма, но одлично напишан лик.
Profile Image for Viktorija.
39 reviews6 followers
September 6, 2024
Ова за мене е едно од подобрите нови македонски дела, некогаш напишани. Со стил кој плени, читлива во полет, напишана на начин кој без многу зборови ги доловува и најдлабоките емоции, оние на пустелијата, на суштината, на припадноста.

Книга за идентитетот и за својата припадност, онаа која ја наследуваме, онаа која ја добиваме од нашите родители, онаа кон која трагаме да ја разјасниме само затоа што е дел од животот на нашите блиски.

Психолошки и концептуално, бев воодушевена како идејата за припадност и трагањето е опишана во спротивните карактери на двајцата родители на Кате, онаа на мајка и, зборлеста, секогаш со критика и неубави зборови, онаа која оттуѓува, и онаа на татко и, тивка, повлечена, молчалива која креира неподнослива мачнина на друг тип оттуѓеност, а истовремено и силна желба за себе-пронаоѓање, бидејќи е неартикулирана.

Приказната изобилува со вакви и слични концепти, спротивставени идеи, онаа на пустелијата во која од мака човек сака да фати некогаш, и онаа за припадност, и за универзалните концепти за човекот како битие кое мора да припаѓа некаде, да има единствен матичен број. А што е пустелијата ако не уште една припадност за тие што не припаѓаат никаде, припадност без припадност.

Друга тема истовремено проткаена е таа за односот на родителите со децата и тој на децата кон нив, за семејните констелации, и колку е тој однос комплексен, сложен, емоционално набиен. Однос кој во неискажаното може да ја содржи најтешката мачнина, на минатото што не може да се смени и на сегашноста која е мигови, фрагменти кои поминуваат. Како мармаладот бабутца, што скиселува и останува непробан, една нереализирана идеја за една поинаква сегашност, неоптоварена од прегите на минатото.
Profile Image for Hristijan Babuka.
6 reviews
February 5, 2024
Како по секоја книга на Лидија, се запрашувам колку богата може да биде емотивната имагинација на една писателка за да може да ја преточи во едно вакво дело што наликува на исечок од текст пишуван „според вистинска приказна“. Од друга страна сум горд дека имаме вакви македонски писатели кои на македонски јазик беспрекорно добро создаваат сведоштва за македонскиот живот. „Единствен матичен број“ е книга која изобилува со искрени мисли и емоции, умешно изградени ликови и уникатни идеи артикулирани меѓу денешницата и минатото, современиот свет и југоносталгијата, утопијата и дистопијата. Генијално!
Profile Image for Andrijana.
41 reviews6 followers
November 17, 2024
Роман кој го читав со трепет во срцето, од почеток до крај.
Се чувствував како Димковска со него да ми подала рака и да ме понела во една пустелија, исполнета со моќни пораки и уште помоќни емоции.
Најдрагоцено, остава простор за размислување и преиспитување, за себе, за својата реалност, за комуната или антикомуната во која живееме, за реалноста на светот... сметам дека, во испишаните страници секој може да пронајде вистина за себе и со тоа, романот да допре до сечија реалност.
Ти благодарам Лидија за едно вакво прекрасно дело, кое не те остава рамнодушен и кое, најискрено и топло би го препорачала секому!
Profile Image for Златко Стојковски.
85 reviews13 followers
May 26, 2024
Прекрасен роман! Според мене, најдобриот од Димковска. Темите се на иста линија како во претходните нејзини романи: домот, идентитетот, егзилот, отуѓеноста... што значи - веќе видено, ништо ново. Но на оваа приказна тука многу повеќе и верував отколку на било која од претходните нејзини романи. Некако дури во некои сегменти ја доживеав и лично и навистина многу ми се допадна. Она на што најмногу Димковска инсистира во нејзините романи каде се се врти околу домот и оддоменоста и каде се ми е толку повторливо и здодевно, тука не ми сметаше, веројатно зашто ликовите се поцврсти, подобро изградени и затоа што самата приказна создава некој амбиент кој кој сите ние го живее(в)ме и кој на сите нас ни е близок, па затоа таа идеолошка повторлива матрица која Димковска ја применува тука некако ја видов само во позадина и воопшто не ми сметаше. Особено ми се допадна и употребата на хуморот, особено во описите на Милка која не може никој да не ја препознае во ликот на некоја жена од сопственото соседство или семејство. На некои од нејзините реплики не можев, а да не се изнасмеам гласно. И една забелешка за сите оние кои имале поинакви очекувања од крајот на овој роман - да се оствареле вашите очекувања и да имаше некој каков-таков happy end, ова ќе беше далеку од реалноста, од животот. Вака - на текстот многу повеќе му верував.

Убав роман, морам да признаам дека е трет од петте финалисти за Роман на годината за 2023 кој навистина ми се допадна па затоа сметам дека сосема е заслужена наградата (иако било кој од другите два да ја добиеше, ќе го имав и за нив истото мислење). 5/5
Profile Image for Aleksandra Bendevska.
9 reviews1 follower
June 13, 2025
Начинот на кој беше напишан текстот ми остави силен впечаток уште од самиот почеток.
Одма се внесов во светот на Кате и во Пустелијата, каде што толку многу посакуваше да оди нејзиниот татко.
На прв поглед, Пустелијата не изгледаше толку страшна, дури напротив делуваше средено и мирно, без омраза и конфликти. Но како што се одвиваше приказната, тој свет почна да ми изгледа застрашувачки.

Ликовите беа многу добро напишани што секогаш ја чувствував нивната тага, и нивната внатрешна борба и осаменост. Иако на моменти многу сакав да ја видам и нивната внатрешна перспектива.

Немам зборови за Милка… 0 емпатија… Можеби бидејќи до тој степен е себична?

Еден од најсмешните моменти за мене беше поврзан со елеците навистина постојат во реалноста, и отсекогаш сум се прашувала која е нивната цел на светов.

Спојлер:
Најголемата тага ја почувствував со Кате која цел живот се трудела да го разбере минатото на својот татко само за да му се доближи. Тоа што татко и никогаш не и кажа на неа ни на нас за Кипар и причината зошто сака да фати пустелија цело време. И за Бабутца…
This entire review has been hidden because of spoilers.
Profile Image for Stefani.
1,495 reviews56 followers
Read
July 28, 2025
Главниот лик страшно ме нервираше. Односно, скоро сите ликови ви книгава ме нервираа, но Кате особено. Не можам да разберам како си ја наоѓаш бабата, а не го известуваш родителот? Како цел живот те копка како дошол татко ти во Скопје и што оставил во Кипар, а никогаш да не најдеш погоден момент да го прашаш?

Димковска повторува теми од другите нејзини романи, овој пат вклучувајќи и кипарското прашање, а површно и многу други прашања од нашето поднебје.

Приказната влкучува и една утописка и ,,метафорична” пустелија. Отвара многу прашања за кои би можело да се дискутира, ќе ја предложам за Клубот на читатели на Размена на книги и книжевни муабети бидејќи ме интересира што би кажале други читатели.

Крајот остави многу недоречености и прашалници.

Не знам како да ја оценам книгава. Од една страна ми се допаѓа стилот, од друга страна многу работи ме нервираа 🤐
Profile Image for Kristina ☆.
169 reviews64 followers
August 16, 2024
одличен роман којшто би го препорачала секому. секоја страница како да ми го притискаше срцето, а таа грутка во грлото ја чувствував и јас. ме натера подлабоко да размислувам, не само за состојбата на светот туку и за самата себе. во моментот кога ја завршив книгата посакав главниот лик барем да го прекинеше тој молк и да разговараше со таткото, меѓутоа овој заклучок совршено ја долови поентата на книгата и доколку истиот би бил поразличен пораката немаше да биде толку моќна.
Profile Image for Angela.
61 reviews3 followers
July 21, 2025
За почеток, имам beef со тоа колку нашите издавачи не знаат да напишат кохезивен краток опис на задната корица на една книга. Што воопшто зимам да читам? Ќе беше супер човек да знае во што ќе се втурне, сепак не збориме за светска класика чиј синопсис е општо познат, туку за ново дело од локално издаваштво. Второ, да не беше BookNook книга за месец мај, комотно и ќе ја оставев на пола недочитана, иако сама по себе лесно се чита книгата (да речеме про-форма ова). Now onto my review, with some minor spoilers and major frustrations.

Димковска нѝ претставува фамилија од типични македонски ликови, чија вечна некомуникација води кон сизифова борба на ќерката да дознае што повеќе за скриеното кипарско минато на татка си. Таа се втурнува во бескрајно пребарување, прво во пишан формат, потоа во патувачки формат, на тоа кој бил тој пред да пребегне во Македонија. И се тоа супер, но навистина можеше да се реши со еден муабет, ако собереше малата храброст да му прозбори на овој лик кој ја створил пред се. Ме разочара нејзината недореченост кон него како и *spoiler* фактот дека теглата слатко/мармалад никогаш не стигна до него, иако буквално беше физички до него во еден пусти плакар.

Како читател ме иритираа премногу работи. Едно е да напишеш unlikable ликови, друго е да не можам ни бар малку да сакам да дознаам што ќе се случи со нив. Потоа, мал милион работи се нереални, бар кога контекстот ти е познат, од тоа како лабаво Кате со плата од работење ко келнерка добива англиска/UK виза, како лабаво може да си дозволи непланирано патување до Кипар и назад, па и сите летови overall со оглед на тоа дека збориме за рани 2000ти кога летовите коштаа бубрег ипол и не беа WizzAir понуда за 10 евра. Нејзината фамилија, посебно мајката, не се ни за дискутирање, ќе речеме постојат за да мразиме некој и да сме свртени против некој како читатели. Но, веќе поразително ми е да читам приказни за колку ние сме пакосни, не комуницираме како народ меѓусебно, сме затуцани more or less. Дури и Кате која збори за како тоа таа има отворен светоглед, го нема тоа.

А цело тоа паралелно вметнување на филозофирање за пустелијата инспирирана од вечната изрека на татко и на Кате, е колку интересно на почеток, толку и беспотребна дигресија понатаму, посебно кога сакаш само да дознаеш што се случува со приказната на нашиот главен лик. За мене лично, да беше тоа еден сегмент од книгата, на крај, како postface напишан дел, повеќе можеби ќе ми се допаѓаше.

За крај, крајот ми беше толку....исфорсиран... Толку непотребно завршување на оваа приказна, несврзано на еден начин со реалноста. Можеше да е изведен на многу подобар начин, сигурна сум во тоа. Како да бил начкрабан на брзинка.....
Profile Image for Elena.
70 reviews34 followers
June 1, 2025
Одлична!
Обожавам приказни во кои неприсилено се нурнуваш и суптилно те обземаат ликовите, негодуваш или се согласуваш со нивните карактери, нивните избори и однесување. Едноставно не остануваш рамнодушен од нивното однесување.

Многу ме погоди вистината колку малку е потребно за човек од човек да се отуѓи, а колку е макотрпно и скоро недостижно да се воспостави блискост која воопшто и си ја немал претходно, а толку си ја посакувал со личноста кон која си бил наклонет.

Катерина испровоцирана од молкот на својот татко сака да дознае колку може повеќе за неговото минато, за неговото потекло, да го разбере и запознае. Иако со едно прашање упатено кон него може да ги добие сите одговори поразена од неговата молчаливост таа решава да го помине тој пат сама и без негово знаење заминува на Кипар, неговото родното место по одговори.

"Секогаш копнееме да го откриеме она што му било блиско на суштеството кое сме го сакале."
Profile Image for Кире Мастерс.
42 reviews2 followers
April 3, 2025
4.5

Прва книга која ја прочитав од Лидија Димковска.

Кога го прочитав синопсисот на книгава, прво нешто што помислив е "уште една книга за обесчовечување на човештвото?"

Додека почетокот на книгата не ми се допадна многу, како целина е супер.

Прогресот и размислувањата на главниот лик од наивно детски гледишта во размислувања на зрела жена за проблемите со кои се соочува во своето тотално дисфункционално семејство е одлично сработен.

Книгата е малку потешка за читање за разлика од останатите кои сум ги прочитал и е доста мрачна, па од читателот се бара малку поголем фокус и внимание. Ликовите понекогаш ќе Ве нервираат многу со своите постапки. Би ја ставил во категорија на книги кои оставаат длабок и долготраен впечаток врз читателот и многу теми за размислување.
Profile Image for Karolina.
37 reviews
May 25, 2025
Wow! Одамна ме нема привлечено волку некоја книга.

Уживав во начинот на кој што се пренесуваше дејствието. Уживав во тоа колку добро беше претставена нашата реалност, од самиот концепт за пустелија, до начинот на функционирање и комуницирање на македонските семејства. На моменти книгата беше тажна и ми будеше секакви емоции. Ме замисли каква е мојата улога во општеството и како јас се однесувам.
Profile Image for Biljana Bogdanovska.
177 reviews3 followers
March 29, 2024
Романот кој е прогласен на најдобар во 2023 година ја оправдува титулата. Интересен концепт и размисла на една, за нас, блиска тема. Остава простор да ја надополните со вашата приказна, да се најдете себеси во премрежјата на ликовите, да ја персонализирате оваа приказна и на тој начин да ја најдете својата пустелија. Пустелијата е лајтмотивот на овој роман. Онаа пустелија што секој во Македонија барем еднаш посакал да ја фати.
Ме фасцинира хируршки прецизно изградениот лик на мајката во овој роман. Милка е жена на која ништо никогаш не ѝ е погодено. Никој, никогаш не успеал да ѝ погоди, а најблиските околу неа, ќерката, синот, сопругот, на свој начин се бранат од нејзиниот песимизам и намќорлук. Синот прави по свое без да обрне внимание на нејзините забелешки, ќерката бега - прво на факултет, па на работа, за на крај да замине во Бристол. Сопругот пак, секој половина час ја фаќа својата пустелија - во гаражата.
Раскажувачката Катерина е обземена од минатото на таткото, кој ни еден збор не кажал, не спомнал никого од своите, мајка, татко, брат... како да му е забрането или да се откажал од животот пред да дојде во Македонија од Кипар. Оваа опсесија потполно ја разбирам иако Катерина може да живее и без да биде обременета од едно туѓо минато, макар тоа било и на таткото. Но, во семејствата секогаш се појавува, низ генерациите, некој што ќе биде чиста спротивност на сите други (знам примери, каде детето по секоја цена сака да се врати во татковината иако генерација - две пред него сите се иселиле во странство, или пак упорно бара некоја религија и животот го организира според некои религиозни правила, иако целото семејство е потполно незаинтересирано за религиска определба).
Некои од прашањата што на почетокот на книгата ќе ви се постават, низ радозналоста на Катерина, до крајот на книгата нема да ви се одговорат, но тоа не е и најважното. Многу поинтересно е да согледате дека на многу различни начини и по различни патишта многумина стигнуваат до својата пустелија и живеат во неа во стан од 60-тина квадрати. Секој на свој начин. Добра книга, умешно напишана и реална.
Тоа што ме нервираше на неколку места низ книгата се согледувањата на Катерина на политичките околности во Македонија, Кипар, поранешна Југославија... Многу еднострано и без дозвола или размисла зошто оние другите, не ги доживуваат истите тие настани како неа. Нетрпеливоста кон различното политичко гледиште на другите на истата историја која сите едновремено ја живееме е нешто недозволиво за мене. Како што овој роман се обидува да ја разоткрие вистината или конекстот кој довел до поделбата на Кипар, транзицискиот период на Македонија кој сѐ уште трае и политичките предизвици, на ист начин може да се напише, во најмала рака, уште еден роман на темата, зошто оние другите не мислат како ...па, Катерина!
Уште еднаш, одличен роман! Вреди да се прочита! И покрај мојата скепса изродена од ова последново објаснување - нетрпеливоста кон сограѓаните кои мислат различно, а токму таквите како Катерина на цел глас викаат дека поддржуваат различност, но без намера да ги сфатат побудите за тоа. Од нив само се згрозуваат.
Ова е втор македонски роман кој ја има таа, според мене, маана, и не можам, а да не напишам дека сѐ си мислам оти таа нишка намерно провејува низ нив за да се удоволи на Европа. Токму на таа ЕУ која дава пари за поддршка на разно-разни проекти кои би го објасниле, оправдале и промовирале нејзиното добро што би дошло за нас - сѐ уште непримените - во тој сојуз. Не дека ликот на Катерина не се среќава на македонските улици. Ги има! И тоа премногу.
Profile Image for Aleksandra Stojanoska.
55 reviews3 followers
July 14, 2025
Човек да фати пустелија!
Која пустелија? Сопствената?

Дали сопствената пустелија е утопија – место каде што човек конечно ќе се ослободи од тежината на светот, од тежината што од најблиските ја носи, од тежината на сопствените избори? Дали сопствената пустелија не е пусто место, туку рај за човека?
Сопствената пустелија, сопствената утопија не е совршена за сите, таа е личен идеал, мир и спокој што само ти го разбираш. Таа е симбол за сопствениот идентитет, за сопствениот свет, кој не е разбирлив и прифатлив за сите околу тебе. Таа е место каде не мораш да објаснуваш кој си, таа е место само за своето вистинско јас, таа не е осаменост, туку само себе доволност.

Сопствената пустелија е алатката преку која ја градиш личната утопија и не бегаш од реалноста туку се соочуваш со секоја дистопија. Оти во заедница со заеднички вредности, од кои би ги одвоила моралните, сетики ќе се најде некој црв кој ровари како во гнило јаболко, па вредностите ќе се ќе се искриват и ќе почнат да се злоупотребуваат, па реалноста ќе не згази, но не наеднаш, туку онака мекамски пополека, исто како праска што стои предолго на масата. Убава е, зрела е, уште на праска мириса, ама кога ќе ја допреш мека е, станала кашеста, и не ја фрлаш уште, чекаш демек ќе потрае, ама знаеш дека и нема спас, и сепак ќе треба в ѓубре ја фрлиш. Па почнуваш да бегаш кон својата невидлива внатрешна слободна зона, радикална самотија и почнуваш, како феникс кој се издигнал од пепелта, вистината своја да градиш, идентитетот свој да си го зачуваш, внатрешниот мир да си го пронајдеш.

Сопствената пустелија е местото каде не мора да бидеш некој или никој, таму си само ти и она што си ти. Таму се среќаваш само со себе си, престануваш да живееш за туѓите мислења, таму одбиваш да си дел од туѓата конструкција на реалноста, таму престануваш да ја бараш смислата на се околу тебе, па дури и на животот, оти се сам си создаваш. Таму од ништо се прави сешто, таму од ништо се сè раѓа иако не се плашиш од тишината, за првпат ќе ја слушнеш само твојата вистинска мисла што е целосно само твоја.
Profile Image for Sara.
31 reviews7 followers
November 9, 2025
Многу ретко плачам над книги, не се сеќавам последен пат кога тоа се случило, ама над оваа книга го исплакв Дунав.

Лидија Димковска во своите книги го обработува чувството на неприпадност, недостаток на идентитет и изгубеност во околината, и кога ги читам се чувствувам дека некој конечно ме разбира.

Ја следиме Катерина Аврам, родена во Скопје, чиј татко дошол од Кипар за време на Југославија да се ожени со мајка ѝ. Зборењето за Кипар во нивниот дом е забранета тема, и додека мајка ѝ негодува за сѐ и сешто, татко ѝ молчи и понекогаш изговара “Човек да фати пустелија.”

Катерина не може да ја издржи тежината во воздухот од забранетата тема, па решава сама да тргне на пат, трагајќи по своите загубени роднини, но и по себеси, својот идентитет, и своето созревање.

Стилот на Лидија Димковска е неверојатно конзистентен, па додека читав се чувствував како да читам продолжение на Но-Уи, иако се работи за сосема различна тематика и приказна.
146 reviews1 follower
May 12, 2025
Odlična knjiga o odtujenosti, v kateri se prepletata zgodba o družini Avra(a)m in akademska predstavitev antiteze utopiji, t.i. puščoba.

Pogovarjajte se z ljudmi, ki jih imate radi, da ne odidejo v puščobo.
Profile Image for Linna.
24 reviews1 follower
June 26, 2025
lidija, the only woman who can make me cry over some damn earrings
Displaying 1 - 30 of 30 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.