What do you think?

Ветрилиште
Секоја приказна треба да има почеток, средина и крај, но не секогаш по тој редослед, велеше Жан Лик Годар.
Овој роман се одвива за време на едно деноноќие во животот на Борис, или ако повеќе сакате, на Писателот. Не е експирементален во формата, туку си тече класично, од почеток до крај, без поместување во зацртаниот редослед, освен ако не се земат предвид постојаните размислувања и реминисценции во однос на нештата што се случуваат околу главниот протагонист, кои цвешто ги испреплетуваат минатото, сегашноста и иднината, што работите ги прават неизвесни. Но, она што е сосема извесно е дека оваа приказна започнува и завршуваа со пеењето на еден петел-ранобудник; Кукуригуууу...

Hardcover
Published January 1, 2024
About the author
Игор Анѓелков
9 books7 followersИгор Анѓелков (1974, Скопје), дипломирал на “Интердисциплинарните студии по новинарство”, а магистрирал на мастер студиите по “Медиуми и комуникации” на Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Дебитантската книга, збирката раскази “Кротки приказни” (2006) е негова прва официјална книжевна објава. Подоцна авторот влегува и во романсиерските води и го објавува својот прв роман, “Крај-пат” (2010), кој наиде на одличен прием кај читателите. “Фото синтеза” (2013) е неговиот втор роман, и според многумина, и неговиот најзрел прозен текст досега.
Во 2015 година Анѓелков ја издава и книгата од областа на филмската теорија “Филм.мкд”, за која ја доби државната награда за публицистика “Мито Хаџи-Василев Јасмин”.

Ratings & Reviews
Friends & Following
Create a free account to discover what your friends think of this book!
Community Reviews
Displaying 1 - 3 of 3 reviews
Read
November 22, 2024Тешко ми е да напишам нешто за книгава, затоа што ја доживеав лично. Толку е искрена и отворена (од аспект на писател во Македонија) што боли да се коментира колку тоа што го доживува Борис (главниот лик) во оваа фикција е реално. Кое е мерилото на квалитетот? Дали се тоа наградите или читателите? Критиката, која е непостоечка и нереална?
Оваа приказна на Борис се случува во нецел ден, во една подготовка да се приме наградата за роман на годината и да се дојде до центарот на градот, до салата на филхармонијата. По пат живееме со промените, со архитектирата, духот, луѓето и човечноста, системот, семејството, пријателите... патешествие во потрага по вистинските вредности, наспроти оние кои сме мислеле дека ни требаат.

June 25, 2025
Како да излупи еден слој од мене кој многу ми досадуваше и сега како да е полесно.
И јас како таксистот Марко: ова за мене е роман на годината.

January 8, 2025
Хм… ова ми е прва книга од Игор и, искрено, нешто баш посебно не ме воодушеви. Дури морав малку да водам борба за да ја истерам до крај, иако е навистина кратка.
Воглавно, она што не ми се допадна е стилот на пишување, кој, во овој случај, беше премногу едноставен, едноличен за мој вкус. Многу референци и цитати поврзани со странски автори/артисти што не служат за да претстават некоја важна поента. Премногу бездушни описи поврзани со јадење, возење, физичка работа, спомени од растењето, како и описи на карактерот на главниот лик. Цела книга се темели околу тоа дека главниот лик е писател, но да ми кажеше нараторот дека Борис е механичар, доктор, што-годе, ќе поверував поедеднакво исто. Мислам дека требало повеќе внимание да се обрне на творењето и минатите успеси и доживувања на Писателот, со цел подобро да го запознаеме и поинаку да го доживееме. Вака ми беше некако безличен, небитен во сопствениот роман, бесцелен, безживотен лик. До некаде ми се допадна крајот и тоа што истиот го инсинуира, но сметам дека и нема баш доволно поткрепа за истото низ страниците. Збир од нафрлени реченици, мисли, не можат да зацрстат таков пресврт.
Во однос на критиките кон општеството и политичката состојба, не дознав ништо ново и нечуено досега, сите сме свесни во каква состојба ни се наоѓа државата. Самиот чин на доделувањето на наградите при крајот покажува на што е спадната литературата во современата култура на Македонија.
Исто, мала забелешка која ја имам, а која можеби не пречи на секој читател, е пречестото користење на зборови, фрази, стилски фигури - во овој случај сврзникот ,,но”, често користен во 2-3 , па и 4 реченици последователно.
Сѐ на сѐ, ми фалеше баш тоа ,,месо” споменувано низ книгава, ми фалеше да е подетално разработена, помоќна, раздвижена. Ја доживеав некако сива и тажна, без многу надеж и живот во неа.
Имам за читање уште една книга од Игор, па ќе расчистиме дали си одговараме или таму ќе ни престане дружбата.