„Риба во(н) мрежа“ е тинејџерски роман што третира една современа тема што ги засега најмногу помладите генерации − прекумерната зависност од технологија и предизвикот да се живее без „помошта“ од паметните телефони. Раскажувачкиот стил е непретенциозен, забавен, со внимателно дозиран хумор во приказната. Авторката, освен со јазикот, си поигрува и со формата, вметнувајќи графички содржини што треба да симулираат мобилни апликации, икони од интерфејс на мобилни уреди, рачно напишан телефонски именик, цртежи-патокази итн., кои и визуелно го разигруваат текстот и го оживуваат во рацете на читателите. Одредницата „роман за млади“ треба да се сфати само условно, како и дидактичкиот увод дека Ника, главниот лик, се обидува „да го разбие митот дали може да се преживее еден ден без мобилен, за доброто на тинејџерите“.
Одлична книга наменета за тинејџери. Покрај тоа што стилот и приказната се соодветни за наменета возраст, книгата е забавна, полна со случки и интересни "додатоци" како разговори од Инстаграм, мапи и сл., а меѓу другото има и одлична порака.
Е сега како охриѓанец имам повеќе забелешки, од работи кои не се така, до тоа што секој охриѓанец зборвит апла охридски, вклучувајќи ги и младите.