Jump to ratings and reviews
Rate this book

Приказничар

Rate this book
25 ГОДИНИ ЈАС РАСКАЖУВАМ

Кога неодамна се занимавав со јубилеите во 2024, сфатив дека се навршува и четврт век од моето прво објавено книжевно дело. Расказот „Симбиоза“ се појави во списанието „Студентски збор“ во март 1999 година. Расказот е потценета форма, но истовремено форма со неверојатен потенцијал. Со оваа секавична и фриволна дефиниција секој автор би сакал и самиот да се идентификува, и затоа сметав дека една ваква збирка е најсоодветна за да го обележам овој пишувачки јубилеј со читателите. А кога ќе кажам форма со неверојатен потенцијал, меѓу другото, мислам и на ова: најкратката од овие прози има десет збора, а најдолгата речиси четири илјади зборови.

„Расказите на Жарко Кујунџиски се раскошно славење на приказната. Без разлика дали станува збор за приказни раскажани во прво лице или низ перспективата на сезнаечки наратор, овие текстови ги користат многубројните можности на расказот како форма, богато поигрувајќи си со неговите потенцијали.“ – Владимир Јанковски

„Кујунџиски е мајстор на расказот, мајстор на разумот чиј корен е во срцето. На едно место, во еден расказ, пишува за себе, за тоа дека расказите ги пишува најпрвин во главата. Но, по прочитувањето, сосема е јасно дека нему разумот не му е спротивен на срцето. Како во молитвата: тој мисли со срцето. Затоа и му се случува да напише нешто толку топло, искрено и чудесно, што сигурен сум, ќе ја смени физиономијата на современиот македонски расказ.“ – Венко Андоновски

„Расказите на Жарко Кујунџиски се современа форма на хибриден раскажувачки перформанс во кој, на исклучително вешт начин, се поврзуваат два аспекти на сеќавањето, првиот, во кој се вклучени елементите од индивидуалното искуство вградено во сеќавањата и вториот, активиран преку составот од текстови/пишувања на Другите вградени во слоевите на неговото сеќавање како читател.“ – Славица Србиновска

„Кујунџиски пишува топли, емотивни раскази.“ – Knizhevnik

„Секаков обид за прераскажување на неговите раскази би бил смешен. Соништата не се прераскажуваат туку – се сонуваат.“ – Јелена Лужина

160 pages, Paperback

Published December 1, 2024

2 people are currently reading
8 people want to read

About the author

Жарко Кујунџиски

12 books7 followers
М-р Жарко Кујунџиски (Скопје, 1980) – македонски романсиер, есеист, раскажувач, драмски автор, поет, филмски критичар и преведувач. Дипломирал во 2003, а подоцна и магистрирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Бил неделен колумнист во дневните весници „Утрински весник“ (2004) и „Дневник“ (2008-2013), основач и уредник на електронското списание „Репер“ (www.reper.net.mk), копирајтер во маркетинг-агенција и прес-координатор на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ од Битола. Сопственик е на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје.

Автор е на 11 книги. Негови дела се преведени на англиски, српски, хрватски, словенечки, полски, германски, турски, бугарски, италијански, украински, албански и на други јазици. Застапен е во голем број антологии на македонската проза и поезија. Неговиот расказ „Кога се губат очилата“ е дел од реномираната антологија The Best European Fiction 2013.

Добитник е на наградите „13 Ноември“, „11 март 1943“, „Бели мугри“, „Студентски збор“, како и на награди за сценарио и глума на Фестивалот „Лица без маски“. Член е на Друштвото на писатели на Македонија и на македонскиот ПЕН-центар.

Приредувач е на Јас имам сон (2010), антологија на најзначајните светски и македонски говори на сите времиња и коприредувач на Дај две, љубовни! (2015), антологија на европската љубовна лирика. Ги превел од англиски на македонски јазик култниот роман Појадок кај Тифани од Труман Капоти (2006) и сценариото за филмот Евтини приказни (2008).

Романот Spectator е прв дебитантски роман во современата македонска книжевност со седум изданија и досега е преведен на полски и на англиски јазик.

Од 1997 година активно пишува и објавува текстови на литературни, филмски, културолошки и општествени теми, во речиси сите поважни македонски весници и списанија, како и во странство.



Авторски книги:

Spectator (роман 2003, прво издание)
Ендрју, љубов и други непогоди (драми 2004)
Америка (роман 2006, прво издание)
Сузан (песни 2008, како Џеси Блејз)
Најдено-загубено (роман 2008, прво издание)
13 (раскази 2010)
Мојата Сузан повторно девојка (песни 2011, како Џеси Блејз)
Најкраткото долго (студија, 2012)
Скопје и сè е можно (роман, 2013)
Тино од мојот влез, (сликовница за деца, 2015)
Ние предметите, (песни, 2016)

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
11 (73%)
4 stars
1 (6%)
3 stars
2 (13%)
2 stars
1 (6%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 9 of 9 reviews
Profile Image for Anita Perovska.
38 reviews3 followers
January 15, 2025
Приказните на Жарко се еден шаренолик омаж исполнет со настани, искуства, ликови и емоции. Длабоки, носталгични, раскажани, толку суптилни што ноншалантно се впиваат под кожа.

Во секоја приказна пронаоѓаш некој свој дел, некоја своја пиеса, залутано расложение, разиграна емоција и се вртиш лево и десно да провериш дали не Те посматра приказничарот од некој агол со своето перо. Или пронаоѓаш некој свој близок. Јас ја пронајдов мајка ми. Со име и презиме! Си реков каква коинциденција! Од каде знае Жарко дека Наташа Перовска е смислата на мојата егзистенција? И тогаш сфатив дека најубавите приказни се доживуваат.

Овие раскази се класичен пример на синергија на енергии помеѓу нараторот и читателот. За мене оваа збирка е временска машина во која на хартија се прикажани мечтите, патот и иксуствата на еден приказничар, кој на овој свет е дојден да го оплемени читателското битие како во едни времиња кога приказните беа топол поздрав за добра ноќ.

Жарко дал автентично толкување на просторот, светот, времето, луѓето и нивните лица и чувства, една авторска интроспекција во својата зона на мечатење, живеење и егзистирање каде се прикажуваат преку најконцизната и најкратка форма на раскажување, најсуштествените елементи на личната авторска антологија.

🫧 Посебен расказ, лично за мене е "Се викам Скопје". Таму Жарко повторно ме запозна со мајка ми. ❤️
Profile Image for Ivana Bozinovska.
3 reviews2 followers
January 17, 2025
Кога приказничарот раскажува, дали во оваа книга, дали во некоја друга негова, се трудам да го тргнам настрана фактот дека го познавам Кујунџиски... А го познавам колегата Жарко на работа, пријателот Жарко во кафана, управителот Жарко кога ќе згрми... И ете затоа ми е тешко кога читам негова книга. Завчера ме праша дали сум ја прочитала Приказничар, му реков не, страв ми е, го излажав во моментот оти ме болеше кичма за да му се поклонам 🫤 е сега, приказничаров кој не го познавам, везе. Везе. Не везе гоблени, не знам дали нив знае да ги везе, ама везе зборови, везе раскази... Прегратки и преобразби 🫣 Не сакам кога ме допираат, просто не сакам!!! Ете, тој го двојам како најомилен од омилените. Се викам Скопје, ах, се викам Скопје. Колку ме болеше Скопје, додека го читав се викам Скопје. Ова е само наше Скопје, тука ни е се. И се дури сме живи ќе го сакаме... М? Не сакав да напишам ништо за расказиве, дури и не сакав никој да знае дека ја читам, ама Ивана сум... Не додржав 🙄 феноменални раскази, совршено финале на 2024 во Антолог. И кога не сум горда, горда сум што сум дел од овој тим. Овој тим кој го извади најдоброто од нашиот приказничар 👌
Profile Image for Јордан Kocevski).
Author 10 books146 followers
Read
March 11, 2025
Какво феноменално доживување беше оваа книга! Ме остави со потреба за уште повеќе приказни.

Раскази избегнувам да читам, посебно од домашни автори. Едноставно збиеноста на многу настани во две три страници не го сакам, затоа што најчесто недостига приказна. Жарко ме наежи, ме направи да се смешкам, да навивам, да ја стискам вилицата, и ми докажа дека има исклучоци од моето искуство.

Посебно уживва во подолгите раскази, во ликовите и нивните потреби, потраги и приказни, но и во ткаењето зборови на авторот, кои во секој расказ си следат засебен терк, своја шема, за да ја доловат целината најдобро.

Ем, има и "охридски" расказ... Значи мора да ми се допадне ;)
Profile Image for Мери Арсова.
Author 2 books40 followers
January 25, 2025
Иако се кратки, не може да седнеш и одеднаш да ги прочиташ сите, треба да се почувствуваат и расчленат до најситни детали. Двата раскази за Скопје се незаборавни.
Profile Image for Andrijana.
42 reviews6 followers
February 22, 2025
Некои раскази ми се допаднаа повеќе, некои помалку или воопшто.
Како омилен би го издвоила Се викам Скопје.
526 reviews57 followers
November 18, 2025
Кога времето надвор е тмурно и врнежливо, и потајно се надеваш дека чистењето на градот нема да биде чудо за три дена, се нурнуваш во приказните за Скопје и неговите жители кои тука опстојувале низ вековите. Се врзуваш за приказните на раскажувачот, Приказничарот, малиот Махо, Боби, и сите оние ликови кои провејуваат низ скопските улици и на скопското небо. Ова се приказни кои се читаат полека, внимателно, со многу концентрација, бидејќи може да ти избега парчето од сложувалката. Започнуваат полека, со малку зборови, и со секоја наредна страница растат сѐ повеќе и повеќе, како река која почнува со изворче, а завршува со широка делта во морето. И како што бувот ги шири крилјата над охридските шуми, и исчезнува во темнината, така се губиш во виорот на животите на ликовите, нивните судбини и фантазии, и се прашуваш што е вистина, а што плод на имагинација. И имаш чувство дека се наоѓаш на скалила, но сам треба да одбереш дали ќе се качуваш нагоре или симнуваш надолу.

#антолог #антологџии #букстаграмџики #букстаграм #книги #раскази
Profile Image for Ande Jankov.
Author 6 books83 followers
January 15, 2025
Збирката раскази Приказничар е моја прва прочитана збирка со раскази од Жарко, покрај неколкуте негови романи кои ги имам прочитано.
Читајќи ги расказите, се добива впечаток на сигурен раскажувач или баш, Приказничар, кој одбирајќи ја најтешката прозна форма, смело одбира да пренесе некаква порака користејќи го расказот како средство за испорачување на секакви филозофии за животот. Интересно е тоа што збирката почнува со парчиња од по некоја реченица, пасуси или страна, за да понатаму дојдеме до подолги прозни форми кои си играат со очекувањата кои еден читател ги има за ваков тип на книга.
Книгата е своевидно постмодернистичко истражување на потенцијалот на расказот како средство за допирање до срцата на читателите.
Повеќето од расказите ми оставија силен впечаток, но сепак ќе го одберам Се викам Скопје како нешто што најмногу ме потсети на претходното прозно творештво на Кујунџиски.
Profile Image for Марија Андреева.
Author 1 book101 followers
April 6, 2025
Одлична збирка раскази, одамна не сум прочитала збирка составена од толку разнолики и интересни раскази, со разновидна тематика и тон. Секој расказ си е точно таму каде што треба да биде. Одлична книга.
Profile Image for Kiril Ангелов).
Author 2 books16 followers
January 23, 2025
Многу е убаво кога приказна ќе ти предизвика рој емоции, па уште ако те насолзи, ороси... жигосува.
Омилена засекогаш Тага за југ.
Displaying 1 - 9 of 9 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.