И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Станува збор за збирка приказни што „авторката“ ги има собирано во изминативе шеснаесет века. Таа вели дека сè што напишала e вистина, но искрено мислам дека некои делови се пренесени со прекумерна доза на патриотизам. Особено кон соседите. Но... таков е нејзиниот табиет: горд, искрен, чесен, мил, полн со емпатија. Напати ме потсетува на некого: на мајка ти, баба ти, на мајка ми... но најмногу од сè ми личи на Македонија. Двете делат иста судбина, со секој здив, со секој збор, со секоја реченица. „Авторката“ не ја познавам лично, но имам чувство дека цело време е тука некаде, на дофат. Кога издавачот ми го прати текстот да напишам рецензија, не наидов на ништо што не ми е познато. Имав впечаток дека секоја страница од оваа историска читанка ја има некаде во нашите гени.
Историска фикција која преку познати ликови од нашата историја ни пренесува помалку и повеќе познати настани од македонското минато. Ликот на Сирма Војвода е дел од сите тие приказни, како временски патник или поверојатно реинкарнација на самата себе, почнувајќи уште од шестиот век, па сѐ до денес (и блиската иднина).
Сирма, која вистински живеела во текот на 18-тиот и 19-тиот век (1776-1864) е претставена како олицетворение на Македонија, поради сличната судбина која ја делат. Во времето кога најпрво тајно (облекувајќи машка облека) а подоцна и јавно била дел од ајдутската дружина, таа била првата жена-борец на нашите простори. Нејзината храброст и решителност се опеани и раскажани многу пати низ народното творештво, па така и до ден-денес е голема инспирација, што се потврдува и со постоењето на оваа книга, која е напишана како еден вид дневник кој го водела таа низ вековите. Освен соборците со кои војувала против непријателите, нејзини придружници, соговорници, пријатели и непријатели со кои (фиктивно) се среќава се и огромен број други ликови од бурната македонска историја, а има и познати ликови од светската историја и митологија.
За да не биде исполнета претежно со негативни случки, книгата е збогатена и со добар дел на хумор и сатира, карактеристични за сите дела на Ѕоф, а конкретно во оваа книга (сосема очекувано) преовладува и голема доза на патриотизам, што ја прави погодна за читање од страна на секој Македонец (без разлика на партиска определба; глупо ми е што морам да го потенцирам ова, иако треба да се подразбира) константно наизменично предизвикувајќи вртлог од измешани чувства на гордост, радост, гадење, омраза и ултимативно, надеж 🙌🏻
Исто како што вели корицата "Лектира. Историска читанка и Оче Наш на секоја Македонец" Очекував емоции, но не оваква бура како што ми направи И јас сум Сирма. Од прва до последна страна, секој збор, секоја реченица допира длабоко. Често се смеев поради on point хумор и сатира, малце и се нервирав на некои делови, ама и многу често плачев. Целата Македонска историја срочена во 200 страни и пренесена на многу уникатен начин. 👏👏👏
Толку тешки емоции буди книгава ама секој еден Македонец мора да ја прочита. 💔 "Остана дилемата кој го сторил тоа. Дали некои вандали или пишувачите на новата македонска историја. Но, кога човек подобро ќе размисли, тука нема разлика."