Интригантна и заводлива, четврта книга на авторката Санта Аргирова.
Пензионерот Филип добива покана од продукциска куќа да учествува, како натпреварувач, во шоуто – „Што ќе направам ако добијам милион евра“. Воден од потребата да внесе малку боја во осаменичкиот живот Филип се согласува да учествува. Постапувајќи сосема спротивно од кога било претходно во животот, станува единствен сведок или уште повеќе, осомничен за убиство на соиграч… Сè додека вината не биде префрлена на најпопуларниот новинар во државата. Оттука зборуваат парите, суетата, моќта…
Санта Аргирова е новинар и автор на романите „Портретот од Дрезден“, „Добро утро Јаков“ и „Времето на Перонов“. Низ својата долгогодишна кариера како новинар и уредник, искуството кое го има од неа создава успешен автор на трилери.