Ристе Трпеновски, главниот лик во книгата, живее мирен живот во селото Зимзирово, село оддалечено 30 км од најблиската паланка и барем три пати по толку од главниот град. Селото со средовечни и стари жители, зашто младите си ја бараат среќата во главниот град и надвор од државата, има едно основно училиште, две продавници, една земјоделска аптека, една амбуланта, една ветеринарна станица, една кафеана, две обложувалници, една црква и една полициска станица. Но, животот на Ристе целосно ќе се преврти во сосема друга насока откако ќе стане пратеник.