„Приказната е со класична наративна форма, која во неа содржи делови од комуникација меѓу ликовите на интернет-платформа во својата оригинална форма – со корисничките имиња, интернет разговорен јазик и скратеници. Илустрациите се фотореалистични слики генерирани од вештачка интелигенција, кои ги претставуваат ликовите, местата и криминалните форензички докази и материјали во приказната. Овие елементи имаат за цел да ја сугерираат возможната реалност на приказната и со тоа да го засилат впечатокот кај читателот. На прашањето на промоцијата за како треба да се доживее една ваква книга, одговорив: Како пропаѓање во една интернет „зајачка дупка“.“