Македонски историчар и публицист, роден е 10 септември 1917 во Скопје.
Основно и средно образование завршил во Скопје, а дипломирал и магистрирал на Високата школа за политички науки во Белград. Одбранил хабилитационен труд под наслов „Кон етногенезата на македонскиот народ“ (Скопје, 12.IV.1975) и бил избран во звањето виш научен соработник. Бил учесник во НОАВМ, а по Ослободувањето вршел разни општествено политички функции: наставник и директор на Политичката школа на ЦК на СКМ, професор по социологија на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, претседател на Друштвото на филолозите и социолозите на СР Македонија, претседател на Комисијата на Извршниот комитет на Претседателството на ЦК на СКМ за идеолошко-политичко оспособување на организациите и членовите на СКМ, директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје.
Починал на Хвар, на 16 септември 1980 година.