Jump to ratings and reviews
Rate this book
Rate this book
„Тоа што го правиме во животот, одекнува во вечноста.“

Една година по трагичните настани од „Тера“, животот на полицискиот инспектор Виктор Николов ги брои неговите најлоши денови. Повторно е исфрлен од заедничкиот дом со Сандра, целосно оддалечен од секојдневјето на неговата ќерка.
При крајот на пролетта, на неприликите од приватниот живот им се придружуваат и турбуленциите на работното место при Одделот за крвни и сексуални деликти, во кој тој е сè помалку популарен.
Гледајќи шанса да побегне подалеку и од едното и од другото, во придружба на неговиот добар пријател, психологот Благој, Виктор заминува во посета на брат му Даниел, кој е на средината од сопствениот престој на книжевна резиденција во Загреб.
Даниел е автор на драмскиот текст на претстава базирана на „Хамлет“ во изведба на Народен театар од Битола, чија премиера во Загреб е закажана додека тој престојува во хрватската престолнина.
Наскоро доаѓа до свирепо убиство во хотелот во којшто сите тие се сместени. Дел од членовите на претставата немаат цврсто алиби за времето на убиството. Уште полошо, тоа важи и за најблиските луѓе на авторот на текстот...

👉 Од авторот на „Едно лето на Крит“, „Виенски гамбит“, „Сигурен ризик“, „Само Бог простува“ и „Кобајаши Мару“.

303 pages, Paperback

First published May 8, 2025

1 person is currently reading
11 people want to read

About the author

Ande Jankov

6 books85 followers
Ande Jankov (Анде Јанков) (novelist, poet, literary critic) was born in the leap year of 1988, and his life has been a rollercoaster ever since. A graduate economist from Ss. Cyril and Methodius, he has used his vast knowledge of various subjects in his writing career.

His debut novel, ''A Summer on Crete'' (Едно лето на Крит, 2016) received the award Romanijada, awarded by the publishing house ''Kultura'' for Best Debut Novel by an emerging author.

Afterwards, he sat his sights on expanding the crime and thriller genres on the Macedonian market, by introducing Viktor Nikolov, his detective protagonist in an ongoing series of novels: ''Vienna Game'' (Виенски гамбит, 2020), ''Calculated Risk'' (Сигурен ризик, 2021), ''Only God Forgives'' (Само Бог простува, 2022), "Kobayashi Maru" (Кобајаши Мару, 2024) and "Memento Mori" (2025).

He also created the literary podcast ''Literary conversations'' (Книжевни разговори), whereas he conducts interviews with the newest darlings of Macedonian genre literature. The podcast has five seasons and 70 episodes, with more than sixty guests.

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
25 (80%)
4 stars
4 (12%)
3 stars
1 (3%)
2 stars
1 (3%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 20 of 20 reviews
Profile Image for Loreta Kostovska.
90 reviews3 followers
October 19, 2025
Анде одличен како и секогаш. Ново убиство, нова сцена, нови ликови и стариот претпознатлив стил на пишување. Иако на моменти некои од постапките на Виктор ме нервираа, и имаше делови кои (според мене) беа непотребно долги, целосниот впечаток е одличен. Се надевам дека ќе има продолжение за брзо :)
Profile Image for Aleksandra Stojanoska.
67 reviews5 followers
June 1, 2025
Се мислев со кои зборови да ја опишам книгава, да ги опишам сите оние мисли што ми надојдоа и ме натераа напати да се замислам, напати да размислам кој е мојот момент на "будност", на луѓето околу мене, на сите нас, а притоа барем да бидат достојни за големината на зборовите што ги носи самата книга. Се откажав неколку пати, не знаев дали ќе успеам🙃.

Но, сепак еве ќе пробам😁.

Мементо Мори е книга која не потсетува на човечката минливост на овој свет и не повикува на свест, на совест, на тоа дека животот е краток, и токму поради тоа животот е вреден. Повикот во книгата е да се живее со смисла, со скромност, но и со мудрост, соочени со конечноста, но исполнети со присуство на најблиските и исплнети со доблест. Треба само да сме свесни за нашата смртност и да се трудиме да оставиме нешто добро, нешто вредно зад нас. За обичните луѓе тоа е вредноста на семејството, на потомоството, за уметниците тоа се нивните дела, за научниците тоа се нивните откритија и придонесите за општо добро.

Ние луѓето, како патници низ времото, како привремени гости на овој свет, ја чувствуваме нашата привременост и секој од нас си ја искажува на различен начин. Но вистинската победа на животот не е во избегнувањето на смртта, туку во нејзиното прифаќање. Оној што живее со свесност за својата конечност, живее поавтентично. Тој не се плаши да сака, не се колеба да одбере доблест, не ги губи деновите во баналности. Зашто знае дека времето е дар. И затоа треба секој од нас да го прегрне секој ден како последен, и да го исполни со дела што ја надминуваат смртноста, дела кои остануваат после нас, дела за кои ќе има кој да раскажаува за нив.

"Човекот е одличен судија за туѓите грешки, но извондреден адвокат за сопствените недостастоци"- одличен исказ кој бара многу размислување и себе-испитување.

Имаш едно големо БРАВО од мене Анде, и овој пат си создал ремек дело. Прекрасна книга си напишал. Се надевам дека ќе има уште еден дел😁.

П.С. Ме мачи едно прашање - 25.05.2025?

BTW Ја обожавам комплексноста на ликовите, посебно на Даниел.
Profile Image for Nadezhda.
53 reviews1 follower
January 29, 2026
Уште една авантура во серијалот за Виктор Николов. Настаните се случуваат една година по настаните во Кобајаши Мару, и во личниот и во професионалниот живот на Виктор работите не се во најдобар ред. Виктор се обидува да го задржи балансот, но безуспешно. Неговите фикс идеи не се толерираат повеќе на работа, неговата ќерка е лута бидејќи тој не отишол на нејзината училишна приредба по повод празникот Св. Кирил и Методиј, а во последно време најдобар другар му е шишето.
По посетата на неговата мајка, која му предлага да земи одмор и да се опушти малку и да размисли во кој правец му тера живото, неговиот пријател Благој доаѓа до идеја да одат неколку дена заедно на одмор, бидејќи и тој има проблеми со жена му.
Е сега, во нормална ситуација, главниот лик ќе си оди на одмор, ќе се релаксира, ќе се врати дома со наполнати батерии, и никому ништо. Ама ко ќе се работи за крими серии филмови, и книги, посебно детективските, се знај дека ко ќе речи главнио лик одам на одмор, треба да се пушти DEFCON 1 известување до сите шо му се колеги и фамилија, оти ни о од одмор ќе види чоеко.
И така бидна и со Виктор наш. Само шо појде Загреб, и оп, убиство. Само шо овој пат работите се малце покомплицирани, бидејќи Благој се наоѓа на средината од случувањата.
Дали и овој пат Виктор ќе го реши случајот и ќе ги пронајде одговорите кои ги бара, останува да прочитате и да видите.
Profile Image for Cvetanka Solakova.
16 reviews
June 26, 2025
После 6 прочитани книги од Анде, мислам дека е редно да дадам подетален коментар за последната. Импресивно е како со секоја наредна книга од серијалот за инспекторот Виктор Николов, нуркаме се’ подлабоко во неговиот ум, неговите дела и постапки, неговиот живот, како и животот на неговите најблиски. Memento mori e трилер којшто се чита во еден замав и како летаат страниците, така ти се одзема здивот. Топло ја препорачувам на сите читатели и љубители на овој жанр. Со нетрпение го очекувам продолжението!
Profile Image for Кире Мастерс.
48 reviews2 followers
May 27, 2025
Ова е една од книгите кои едвај чекав да излезат. Кој ќе чека за продолжението...

Сега, вечниот проблем, како да напишам рецензија, без притоа да откријам било што за дејствието? Тешко.

Авторот ми ја исполни желбата и додаде тоа што ми фалеше во претходните делови - доза на мистерија. За мене е доживување кога не можам да погодам кој е антагонистот.

Во ова продолжение авторот им дава место под рефлекторот на карактери кои биле споредни во претходните делови, а секако има и еден куп нови, па така се на се, внесува огромна доза на свежина во наративот.

Секако, главен лик во приказната е Виктор, кого после случувањата во Кобајаши Мару, го наоѓаме во многу тешка состојба и води битка на два фронта: еден за да го спаси својот пријател да биде осуден за нешто што не го сторил, а друг со самиот себеси.

Саундтракот секако не изостанува и е повторно феноменален.

Описите на градот и околината каде се одвива дејствието се повторно јасни и прецизни и во оној ненаметлив стил на авторот, па кога ќе ја читате книгата неосетно ќе Ви се врежат во главата.

Најмногу ми се допадна користењето на дијалектите. Нашиот јазик е многу богат со дијалекти, па користењето на истите им дава многу поголем шмек на ликовите.

За крај, уште еднаш: препорака до сите љубители на трилер-крими романите, но пред да ја прочитате оваа книга, неизоставно прочитајте ги сите претходни делови од овој прекрасен серијал, бидејќи без нив сликата едноставно не е комплетна.
Profile Image for Daniela.
14 reviews
May 23, 2025
Ова е прва книга што ја читам од Јанков и морам да признаам дека ми остави добар впечаток. Имам читано крими романи и позната ми е шемата по која се водат во овој жанр. Сите тие препознатливи елементи, ликови и ситуации ги сретнав и овде, и ова не го кажувам како критика туку како пофалба. Очигледно е дека авторот знае што прави со своите книги.
Книгата е одлично структурирана, ниту во еден момент не ми беше напорна или досадна. Не сум од оние читатели кои се обидуваат да погодат кој е и што е, поважно ми е приказната да е добро раскажана, ликовите да се интригантни, што тука и беше случај. Обожавател сум на Шекспир, Престиж и Биг Бенг Теори и референците кон нив може и значително ми го зголемија уживањето и ме купија уште од почеток.
Од сите ликови, најмногу внимание ми привлече ликот на Даниел. Иако овде не дознав многу за него, тој е главната причина можеби да се навратам и на претходните делови од серијалот.
Profile Image for Rosana Rosi.
6 reviews
June 17, 2025
„Memento Mori“ е повеќе од крими трилер, тоа е длабока приказна за лична трансформација, етички борби и минливоста на животот. Виктор Николов, инспекторот со интегритет, повторно е фрлен во вртлог од настани, но овојпат најголемата борба ја води со себе.

Во Загреб, додека се обидува да избега од сопствените проблеми, тој станува сведок на убиство поврзано со претстава инспирирана од „Хамлет“. Убиството ја отвора истрагата, но уште повеќе ја отвора неговата душа.

Анде Јанков маестрално вплетува филозофија во секој ред, преку теми како смртност, вредноста на времето, и потребата да се живее со смисла. Преку Виктор, тој нè потсетува дека храброста, правдата и мудроста не се само зборови, туку начини на постоење.

Овој роман се чита лесно, но предизвикува длабоко размислување. Не само за животот и смртта, туку и за тоа што оставаме зад нас.

Топла препорака, трилер што трае и по последната страница. 10/10
Profile Image for Elizabeta Najdoska.
22 reviews2 followers
June 12, 2025
Инспекторот Николов повторно е во голема каша! Како да му помогнеш на твојот пријател, кој е невин, а сепак е обвинет за убиство? Дали навистина е невин или зад целата приказна стои нешто многу поголемо? Книгата е од оние што веднаш ,, те фаќаат” и не ,,те пуштаат”, па не можеш да престанеш да читаш, дури и кога очите ти се тешки од умор. „Мементо мори“ од Анде Јанков е напнат роман полн со заплети и непредвидливи пресврти, кој те држи на работ на седиштето и те тера да бараш одговори до самиот крај. Одлична!
2 reviews
January 27, 2026
Во продолжението на серијалот за инспекторот Виктор Николов, авторот вешто создава возбудлива и интересна приказна која непрестано те влече назад доколку се осмелиш да ја оставиш книгата од раце, па дури и на кратко. Главниот лик, кој ѝ покрај сите проблеми и авантури кои го снаоѓаат и на приватен и на професионален план, сепак уште еднаш покажува зошто навистина е ХЕРОЈ и зошто заслужува уште продолженија на неговата приказна.
Авторот мајсторски го потврдува тврдењето дека “она што го правиме во животот, одекнува во вечноста”.
Profile Image for Јордан Kocevski).
Author 10 books147 followers
Read
August 31, 2025
Оваа нова авантура на Виктор не одведува во Хрватска. Промената на сцената доаѓа како освежување во серијалот, иако самата приказна за Виктор започна во Виена. Една фамилија која е театарска група, текстописецот Даниел, Виктор и другар му Благој, татко и син, и едно убиство кое чека да биде разрешено. Сомнителни се сите, дури и членовите на фамилијата на убиениот.

Тоа што посебно ми се допадна е вниманието кое го добива Благој, како другар на Виктор во овој дел.
Profile Image for Мирјана Проданова.
Author 2 books69 followers
July 9, 2025
Чест ми е да бидам прв читател на продолжението од серијалот на Виктор Николов, од колегата Анде Јанков. Како љубител на трилер-серијали, мене секое продолжение ми е како нова средба со стари пријатели (ликовите), и оваа средба ми беше пријатно изненадување.
Кобајаши Мару заврши со cliffhanger. Премногу работи што се случија останаа да не’ држат во неизвесност до долгоочекуваното продолжение. Во која насока ќе оди бракот на Виктор и Сандра? Дали Виктор ќе плати со кариерата бидејќи не се покори на наредбата од началникот? Без грижи, бидејќи овие прашања ќе бидат одговорени во петтиот дел од серијалот.
Мементо мори започнува со нашиот главен лик, Виктор. Неговиот живот е тргнат во назадечка линија, а негов постојан придружник станува алкохолот. Му треба пауза од се’: семејството, работата и неизвесноста во кој правец оди неговиот живот. Постапките од последната книга го следат и началникот му изречува дисциплинска. Последнично на сето ова, нашиот главен лик наоѓа спас во мал одмор во Хрватска, придружен од неговиот пријател Благој. Додека животот на Виктор оди надолу, контрасно, кариерата на брат му Даниел оди нагоре. Тој е сценарист на драмска претстава и реди успех по успех, ем дома ем во странство. Претставата е хит, Виктор и останатите ликови (нови и стари) се дружат пред секој да се повлече или во ресторанот или во собите. Инспекторот Николов повторно наоѓа утеха во порокот наречен алкохол, и на враќање во неговата хотелска соба го чека изненадување - безживотно тело на член од драмскиот клуб и негов близок до телото. Како во Виенски гамбир така и во Мементо мори Виктор го поминува одморот барајќи ја вистината за тоа кој и’ пресудил на жртвата, како и спасување на невин осомничен.
Какво книгиште! Најпрво да посочам дека кај Анде ми се допаѓа тоа што во секоја книга нуди нешто ново и поразлично од претходната. Освен што уживав во враќањето на старите ликови, многу ми се допаднаа и новите – особено Поликсена. Мементо мори ми имаше доста Агата Кристи вибрации, што ми беше освежување во споредба со претходните книги. Интересно е, исто така, дека Анде не’ вади нас читателите од Скопје и не шета во Загреб со одлични описи. Книгата со секое наредно поглавје ве држи во неизвестост и како што се доближува Виктор, како и ние читателите, до вистината – нема да сакате да ја испуштите од раце. Но, дали Виктор и Сандра ќе се разделат, како и што понатаму ќе се случува со неговата кариера – останува да дознаете самите.
Од мене топла препорака, како и огромна поддршка за Анде. Верувам дека за да се пишува серијал бара многу труд и тој докажува дека е супер мајстор за пишување еден.
Profile Image for Jovana A..
11 reviews2 followers
November 11, 2025
Memento Mori или Сети се дека си смртен е фраза што одекнува низ секој ред на романот, како шепот што расте во крик. Мисла што не исчезнува. Роман што ќе ве натера да се соочите со најдлабоките сенки на човечката свест.

По настаните од Кобајаши Мару, Виктор се соочува со последиците од сопствените избори. Со нови сенки во себе и со товар што не го остава да здивне, донесува одлука да го пронајде својот внатрешен мир подалеку од дома.

Во мирот на хрватските брегови, тишината е погласна од вистината. Виктор бега од минатото, но секој чекор го носи поблиску до него. Таму, каде што убавината се меша со болка, се открива празнина за вина, молк и избори чии последици се загуба.

Ликовите се кревки и непредвидливи. Виктор стои на границата меѓу должноста и пријателството, каде вербата во блиските понекогаш тежи повеќе од вистината. А пак Даниел е вовлечен во вакуум предизвикан од силата на врските што не можат да се прекинат, дури ни кога разумот го бара тоа.

Memento Mori е роман за совеста, за тежината на вистината и за неизбежноста на смртта. За внатрешните рани кои секој од нас ги носи и вечната битка помеѓу разумот и емоциите. Но, и за тоа дека понекогаш несвесно стануваме жртви со нашите постапки кои навидум безопасни - претставуваат закана.

Овде се опфатени многубројни видови на семејни односи, а овојпат Анде ни ја препушта улогата на судија. Дали ќе го навиете вашиот морален компас или ќе го оставите прстот да лебди над копчето? Кобајаши Мару непрестано ќе ве демне како сенка и во овој роман.
Од една страна имаме невидливи белези и болка предизвикана од личност која треба да не штити, но истовремено, постојат и далеку од трагични причини кои низ годините создавале мостови помеѓу генерациите во семејството, а заедничко во овие ситуации е внатрешниот порив за пресуда.

Во финалето, Анде ни го прикажува најинтимниот момент од целиот серијал. Виктор повеќе не е човекот кој се плаши од смртта, туку од тоа дека животот ја изгубил својата смисла.

Memento Mori е тивка, но силна лекција дека покрај сите животни предизвици – најтежок е оној кога одлучуваш да продолжиш понатаму дури и кога се’ во тебе се распаѓа.
Роман за моментот кога престануваш да бегаш од себе. Не е прашање дали ќе паднеш, туку колку долго ќе се преправаш дека стоиш.
Profile Image for Златко Стојковски.
87 reviews13 followers
August 22, 2025
Ова е мојот втор прочитан роман од перото на Анде Јанков и единствено можам да го споредувам со неговиот претходник, одличниот „Кобајаши Мару“. „Memento Mori“ е многу поразличен роман од него. Прво, влегува во оној домен на жанровска литература која обично избегнувам да ја читам заради клишеизираноста на дејството и стереотипизираните ликови и нивни постапки, како и заради предвидливоста. Како таков, „Memento Mori“ е лесен роман, кој не бара многу од читателот, роман кој брзо се чита и кој откако ќе му влезеш во штосот, не те остава да го оставиш. Но и покрај се тоа, не можам да кажам дека е плиток роман. Напротив, во позадината и психологијата на ликовите, како и преку некои алегории и метафори, авторот особено успешно успева да постави доста филозофски размислувања, кои на некој начин му даваат една посериозна димензија. Реков, споредено со „Кобајаши Мару“ ми делуваше доста послабо, не само заради отсуството на метафикцијата, туку и заради отсуството на доста сегменти кои „Кобајаши Мару“ го издигнуваа ниво погоре. Ми фалеше тука и таа тегобност и атмосфера на безизлезност, сивилото кое авторот доста реално го отслика на крајот од тој роман. Ми фалеше и некој така посилен plot twist како тој таму (иако и тука има еден plot twist кој ако добро се внимава, Анде ни го наговестува неколкупати претходно во романот). Затоа, споредено со него, а и со се она кое во последно време го прочитав, ова би требало да го оценам со некоја четворка. Но ако го споредам со сличните на него романи кои ги имам прочитано, иако немам многу (неколку од Агата Кристи, Дојл и Каризи), „Memento Mori“ и тоа како заслужува највисока оценка! Забавна но нималку плитка „whodunit“ мистерија / трилер која навистина се чита во еден здив и во рамките на жанрот - ги заслужува сите пофалби!

Имав тука уште неколку ситни замерки кои не влијаеја многу во целокупното искуство, но секако му ги посочив на авторот, зашто очигледно е дека Анде Јанков е писател кој се надградува, расте и прифаќа сугестии и се труди да не ги повторува „грешките“ од претходно. Токму затоа не само што му посакувам, туку и му предвидувам блескава писателска кариера и интернационален успех.
Profile Image for Ѓургица Костадиновска.
Author 4 books14 followers
November 25, 2025
Ја почнав „Memento Mori“ со чувството дека се враќам во познат свет, но овојпат со малку подлабок и посмислен тон.

Она што најмногу ме освои уште на почетокот е умешноста на авторот да ја спои интригата со филозофски слоеви што тивко те влечат да размислуваш за времето, нарацијата и начинот на кој ја доживуваме сопствената реалност.

Особено ме привлече академската атмосфера во почетните поглавја. Тие моменти имаат некоја интелектуална топлина што веднаш ме врати во сентиментот од претходните книги, но со нова тежина. Понатаму, деловите што се исклучително визуелни и динамични ја одржуваат напнатоста во вистинските моменти.

Употребата на битолскиот дијалект кај мене не „легна“ најдобро. Иако идејата е разбирлива, делуваше недоследно и понекогаш ме вадеше од атмосферата. Но, тоа е повеќе личен впечаток отколку суштинска забелешка за приказната.

Финалниот тон беше доследен на напнатоста, до последен момент авторот не нѐ опушти во однос на судбината на Виктор, туку пак имаше турбуленции преку кои направи ретроспектива на сите негови лични и важни моменти. Иако, ние како читатели сме во веќе удобна позиција дека со нашиот омилен лик ќе биде сѐ во ред, почувствувавме и мала нелагодност која нѐ измести од safe зоната што по default би ја нудел расплетот.

Овој роман го доживеав како зрело, промислено и паметно концепирано продолжение на серијалот. Тоа е книга што продолжува и надградува нешто веќе познато, а во исто време е и доволно интригантна за да ве задржи сѐ до последната страница.
Profile Image for Сузана.
Author 7 books13 followers
June 12, 2025
Одлична нова книга на Анде Јанков, кој со петото продолжение од серијалот за детективот Виктор Николов, станува препознатлив, автентично наш, но и апсолутно светски, мајстор во жанрот криминалистички роман. Веќе претходно Анде беше создал препознатлив лик, инспектор на кој ние читателите му го знаеме роденденот, вкусот за музика, семејната состојба, слабостите и силните страни, со еден збор-соживеани сме со него како да е човек од реалниот живот. Тоа не е нешто што лесно ќе му појде од рака на секој писател, но Анде одлично го гради својот лик, од една во друга приказна, како да е од крв и месо, не само од знаци од азбуката. Приказната и овојпат е напната и се чита со нетрпение, а паралелно, преку останатите јунаци и неизбежниот, брат писател, се провираат меѓу редови и многу филозофски размисли, кои го збогатуваат романот. На мене особено остави впечаток самиот крај, во стилот на вистински манифест на филозофијата на стоицизмот, и она- под вода во еден миг, над вода во друг. Како и во животот. Борбата продолжува, а ние сме тука со задоволство да ја следиме.
Profile Image for Macenka Vasilka_HP.
83 reviews2 followers
June 15, 2025
Во најновиот роман Memento Mori, Анде Јанков повторно успеа без проблем да ги спои егзистенцијалната тегоба, динамиката на трилер и поезијата на Шекспир како да е еден совршен чин од театарска претстава.

Неговиот стил е брз, речиси кинематографски: со кратки, остри реченици кои сечат како жилет, па веднаш потоа широка, поетска опсервација што те тера да ја задржиш воздишката. Сцените се прецизно подредени, без непотребни додатоци, секој дијалог носи своја тежина, секој детал станува Chekhov, како пиштолот што пука во совршен миг.

Токму кога мислиш дека си сфатил каде води приказната, Јанков го турка следното камче и со ланчана реакција те фрла во нова, неочекувана насока.

Главниот линк, Виктор Николов, тој хроничен себе уништувач и своеволен саботер, ни е водич низ лабиринтот на приказната; неговите погрешни чекори се и комични и болни за читање—идеална комбинација која те држи прилепен за страниците.

Одлично сработено Анде!
2 reviews
June 27, 2025
Prekrasen roman. Mi se dopadna sto dejstvoto bese nadvor od MK, mu dava nova dimenzija na serijalot. Strukturata na knigata e poednostavna od prethodniot del, no toa plus go zacini citanjeto bidejki se fokusiras na misterijata I ubistvoto. Sevkupno, dostoen naslednik na Kobajasi Maru.
Profile Image for Dime Mishkov.
6 reviews
June 22, 2025
Со Memento Mori, Анде повторно ја исткајува својата препознатлива комбинација од метафикција, филозофска интроспекција и брзо крими-трилер дејство. Овој роман, кој тематски и стилски го продолжува континуитетот од Кобајаши Мару, внесува нови слоеви преку иновативна структура: роман за актери кои играат Хамлет, вклучувајќи и делови од текстот преведен на македонски – вистински „inception“ момент што одлично функционира.

Нарацијата е динамична и темпото најбрзо досега во серијалот. Како и во Виенски Гамбит, дејствието се одвива во странски град, со комплицирана и тензична соработка со локалната полиција, а истовремено и емоционално засегнат близок лик од кругот на Виктор, што додава лична длабочина на приказната.

Одлично четиво за љубителите на комплексни, паметни трилери.
Displaying 1 - 20 of 20 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.