Jump to ratings and reviews
Rate this book

Соба 610

Rate this book
Колку може еден човечки ум да биде непредвидлив? Непозната жена го пријавува нејзиниот сопруг за исчезнат, по изминати триесет часа. Прочуениот инспектор во Верона, почнува да работи на случајот, но никој не го предупредува од неочекуваното, сè додека полицаецот Пелегрини не му каже дека таа жена е многу добро позната на полицијата. По нејзиното заминување од станицата, градот на љубовта, преку ноќ се претвора во градот на измамата, скриените тајни, манипулирањето со потсвеста. Мистериозното исчезнување на нејзиниот сопруг достигнува напрегнат психолошки пресврт кој си игра со здравиот разум на секој лик во приказната, a најмногу со нејзиниот. На крајот, колку ќе го чини злосторникот, ако биде жртва на сопствениот хаос?

269 pages, Paperback

Published May 7, 2025

8 people want to read

About the author

Јован Илиески

6 books11 followers

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
9 (69%)
4 stars
1 (7%)
3 stars
2 (15%)
2 stars
1 (7%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 7 of 7 reviews
Profile Image for Ivana Bozinovska.
3 reviews2 followers
Read
May 7, 2025
Соба 610 ми беше читана одамна, на времето кога почнав со трилери. И знам дека тогаш ме воодушеви. Сега, жива среќна дека Антолог ја издава, ја читав пак. И сеа си викав нема шанси после толку прочитани трилери, собава да ми даде пак некој вау ефект ( признавам, ја имав подзаборавено содржината ) Ааааа, нема!!! Каква книга!!! Ауууу!!! Сега после толку прочитани трилери, ефектот беше уште појак! Овде искача на површина Јован Илиески гешталт терапевтот ( друже, да не изумам бе утре за терминче за сеанса да договориме) и ми вади на мегдан некое растројство, некоја дијагноза која никогаш никаде, во ниедна книга не сум ја сретнала! И читав двапати, па пак назад трет пат, чекај викам не е можно.... Јованеееее море Јованееее, чаршија тек ќе збори за тебе... Друже, се си знаеш. Знаеш колку сум директна и искрена. Книгава ќе ја препорачам на кого стигнам 🤍 ти честитам од срце, гушкање утре 🥰
Profile Image for Кире Мастерс.
43 reviews2 followers
August 2, 2025
Уживав во секоја страница читајќи ја оваа книга.

Авторот ја спојува својата професија (психологија и психотерапија) со неговата умешност да пишува книги. Резултатот е овој прекрасен психолошки трилер, кој иако ја нема онаа напнатост и неизвесност која обично ја имаат трилерите (и не ми ни фалеше), има многу да ве научи на тема "Дисоцијативно нарушување на идентитет" како и тоа дека човечкиот мозок е многу повеќе од тоа што мислиме дека знаеме за него.

Во еден од главните ликови на оваа книга (Франческа да бидам попрецизен) ја препознавам желбата на авторот да го (парафразирам) "залечи она што е навидум неизлечиво, состави она што е скршено". Зрак силна светлина и надеж во денешниве црнила.

Пораките кои ги пренесува авторот со оваа книга се премоќни.

Огромна препорака од мене.
Profile Image for Јордан Kocevski).
Author 10 books146 followers
Read
May 5, 2025
Влетав во оваа книга без очекувања и предрасуди, и бев пријатно изненаден.

Оваа книга ме плени со самата мистерија на почетокот од книгата, а како што се развиваше ме влечеше што побрзо да ја прочитам. Интересен момент е што релативно рано дознаваме „кој е сторителот“, но сепак има многу повеќе зад тоа и дознаваме дека сепак не знаеме :) (знам, збунува, но ако кажам повеќе ќе ви ја расипам забавата)

Тоа што ми се допаѓа кај него како автор, а и овде е видно, се добрите дијалози, кои се уверливи и во кои секој лик си има јасно и свое јас. Во оваа книга е посебно важно, затоа што тоа го доловува внатрешниот хаос на главната протагонистка. Оваа книга има една од моите омилени премиси, дека нашиот мозок е неоткриена мистерија која сокрива многу од нас самите, при што во Собата 610 еден психолог го бара одговорот на ова прашање.

Моја искрена препорака за љубителите на психо-трилер.
Profile Image for Мери Арсова.
Author 2 books40 followers
May 20, 2025
Многу интересна и комплицирана тема, што ме привлекува од одамна. Јован супер го има сработено тоа што е и дел од неговата професија (психотерапијата). Се надевам дека ќе читаме уште вакви книги, барем со слична содржина :)
Profile Image for Anchi.
411 reviews93 followers
Read
August 5, 2025
Стигнав донекаде и не можам повеќе. Ништо не ми се допадна доволно за да продолжам, а особено не стилот на пишување. Уште на почетокот со конфузно мешање на глаголски времиња ми се сврти во глава. И сѐ е некако нереално опишано и изведено, баш никаква смисла ми нема. Приказната сфатив на каде води и не ми е ќејф да читам за тоа во моментов, бар за мене е веќе одамна видено.
Profile Image for Kiril Ангелов).
Author 2 books16 followers
June 26, 2025
Алесандра сме сите ние. Јован на маестрален начин го испреплетува неговото длабоко знаење за психологијата и пишаниот збор. Ни дава еден свет кој не е само една обична трилер приказна, но сокриена поука.

Алесандра сме сите ние. Израснати со тешки детства: злоставувани, искасапени, силувани, малтретирани, исмевани - и си создаваме (несвесно) посебни делови кои може да се справат со сето зло наоколу; наши фенери или наши темнини? Некои несвесно стануваат злобни, а некои свесно се претвораат во малициозни, дрски, злобни сеништа. Понекогаш бевме / сме сопствени татковци и мајки, понекогаш сами, а многу често ранливи и збунети.

Но, тука доаѓа и потребата и копнежот да се излечиме. Од што? Од која нормалност? Од кое лудило? Ако не ние, кој наместо нас?
Алесандра сме сите ние, но и Луција, Вивиен, Беатрис, Фабио, Марчело и сите останати. А Соба 610 е нашиот живот, нашето сѐ, нашите тајни. И таму се смееме, го убиваме детето во себе, плачеме, лажеме, се кинеме и од гревови се миеме. Ама дали се лечиме? Дали ќе се излечиме? Посебно злобните?

Ме растрепери на посебен начин кога прочитав: „Заплови во водите на минатото. И да има бура, само продолжи да пливаш. Не ти треба брод. Самата си доволно силна, верувај ми. Позборувај со минатото, со сите тие со кои не си имала храброст да зборуваш, на прво место. Разговорот е лекување. Разговорот има лековито дејство. Најмногу, кога го користиме како процес да се пронајдеме самите себе и да си одговориме на прашања, кои сме немале храброст да ги поставиме. Пред да веруваш на кој било, мора да веруваш на самата себе. Колку и да е тешко и напорно да ги поминеш нештата што сега ти поминуваат низ глава, не плаши се. Немаш никого, ама затоа се имаш самата себе и верувај дека тоа е повеќе од доволно“. - малиот Кирил почувствува уште поголема удобност и сигурност кога го прочита ова. Ти благодарам Јован.

Навистина судбината носи одредени книги кога на човек најмногу му требаат. Мојата блокада за читање беше скршена од Виенски Гамбит, па продолжив со Плачот на срната, Ветрилиште и сега Соба 610. И во сите тие најдов по малку сила за една нова долга борба. Благодарен.

Единствен Јован, продолжи да нѐ осветлуваш. А сите останати, трк да ја купите и прочитате. Ова е моја топла препорака, која не треба да се пропушти.

„Сите ние имаме чудовиште во нас. Само, зависи како го храниме и растеме“.
Profile Image for Aleksandra Stojanoska.
56 reviews3 followers
July 4, 2025
Целиот живот се врти околу тоа.  Гледаш, ако решиш да гледаш. Ако не сакаш, тогаш си слеп. И никој не е виновен за тоа! – Се прашувам само, сакаме ли да гледаме, не со очите туку со душата, со совеста, со желбата, со надежта. Се околу нас е полно  и со убавини и со грдотии. Се е тука. Го гледаме ли? Да, само ако сакаме да го видиме. А ако го видиме тогаш ќе почнеме да живееме живот со живост, кој не е совршен, не е лесен, но  е наш и вистински.

Која е вистината? Не е ни малку поинаква од лагата.  – јако е ова богами. Не се однесува на вистината , туку на нешто што изгледа како вистина, ама всушност не е – или можеби е лага ви друго пакување.

Водата е живот, животот е љубов, а ние секогаш ќе бидеме жедни за љубов. – Да му сневиди, душава  и духовно и емоционално ми ја разбуди со оваа реченица – колкава е нашата жед за љубов, нели таа е семето што ја проникнува нашата промена?

Тоа што го чувствуваш Tи е најважно. Тоа што го чувствуваш Tи е клучно. Никој не е поважен од тебе. Фокусирај се на себе. Дури од реалноста можеш да побегнеш, ама од сонот никогаш...... – е овој дел од книгата е мелем за душата. Ова е толку моќно, што те тера да живееш, да заживееш, да оживееш. Ова е рајот за душата.

Читајќи ја книгата, а некои страници и по повеќе пати, сознаваш дека Алесандра сме сите ние. Мајсторски си ги создал сите тие нејзини ликови, кои некои и кај нас се всадени во потсвеста. Секоја човечка душа има повеќе од една приказна, повеќе од едно “Јас“. Тоа другото “Јас“ во животот не ни е непријател, туку дел од нас кој не води. Едното “Јас“ е светлината што не води низ стравот, а другото е ветрот што ни го размрдува умот – кое “Јас“ ќе победи зависи само од нас самите (Она што ни дава сила да одиме напред).

Душата е како океан, во кој има секакви бранови, струи, води кои понекогаш не смируваат, а понекогаш од земја не тр��скаат, ама сите тие се различни и се дел од тој океан, дел од нас и се поклопуваат, се складни и ни ја формираат хармонијата.

Јоване, Јоване, како само си ме рестартирал со книгава.
Преродба доживеав.
Ти благодарам.
Displaying 1 - 7 of 7 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.