Jump to ratings and reviews
Rate this book

Сенки во подземјето

Rate this book
Тенка е линијата меѓу доброто и злото, во свет што го движи криминалот. Приказните на банкарот, криминалецот и јавниот обвинител се испреплетуваат. Тројцата немаат ништо заедничко, освен жената по која се во потрага. Таа е плен, а тие се ловците. Или, можеби, е обратно? Обидувајќи се да ја откријат и да ја фатат, тројцата ќе мора да играат надвор од рамките на правилата и на законите. Дали целта ги оправдува средствата? Каде е црвената линија што обвинителот нема да ја премине во оваа опасна игра? А ако го стори тоа, ќе успее ли да се врати назад?

271 pages, Paperback

First published September 1, 2021

Loading...
Loading...

About the author

Авторка и вљубеничка во пишаниот збор.
Твори во рамките на фантазијата во книгите за деца и млади и вешто ги внесува знаењата од студиите по криминалистика во своите трилери. Досега има осум објавени книги и неколку раскази во списанија, вклучително и „Волкот Пуи“, како дел од сликовницата „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и движењето „Браво Сине“.
Добитничка е на плакетата за најдобар есеј што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија, за 2018 година, за есејот „Под липата“.
Со кримитрилерот „Сенки во подземјето“ во 2022 година ја освои наградата „Македонска книжевна авангарда“ доделена од страна на Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“.
Се надева дека еден ден нејзините книги ќе бидат преведувани и на други јазици за да допрат до читателите од целиот свет.

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
1 (50%)
4 stars
0 (0%)
3 stars
0 (0%)
2 stars
1 (50%)
1 star
0 (0%)
No one has reviewed this book yet.