Каква вербална мајсторија!
„Кога со стравопочит влегуваме во манастир, кој безгрижно ги надживеал вековите и најверојатно ќе нè надживее и нас, чувствуваме дека не правиме доволно за да го оправдаме своето постоење. Не знаеме што точно треба да сториме, но знаеме дека тоа мораме да го сториме по секоја цена и, по можност, што побргу.“ (стр.42)
„Не ни е мака што не можеме да бидеме она што не сме, но зошто никако докрај да бидеме она што претпоставуваме дека сме.“ (стр. 47)
„Лесно се препознаваме во огледало. Како да се препознаеме во светот?“ (стр. 75)
„Се будам и го гледам врвот на носот. Несомнено, сè уште сум тука. Ќе мора да се станува. Нема кој да стане наместо мене. Никој друг не може да биде жив на мое место.“ (стр. 85)
„Одзади изгледа совршено. Одот, облеката, градбата на телото, сè е беспрекорно. Го забрзува, чекорот, ја пристигнувам и барам грешка. Фала богу, носот ѝ е малку крив. Што ќе правев со совршенство?“ (стр. 93)