Текстовите од оваа книга патуваа низ годините за да стасаат до нивно конечно објавување. Без претензии дека формата на книга може да им даде ретроактивна системност, низ текстовите се чита истрајноста на определени теми: јазик, писмо, значење. Тој траен копнеж по писмото - таа организирана мрежа опсесии - не е ништо друго освен донкихотовска потрага по крајните граници на креацијата, по она бесконечно треперење на смислата што му дава облик на светот и што се вика литература.