Според многумина, поетската збирка „Везилка“ е највисокиот дострел на лириката на Конески и една од најубавите стихозбирки во сета македонска поезија од втората половина на XX век. Првото издание на „Везилка“ содржи 37 песни.
Блаже Конески е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој бил и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.
Решив да го завршам април со поезија, па решив да ги препрочитам култните песни на Блаже Конески, иако моето издание е поново, ги содржи песните од збирките „Везилка“ и „Стерна“ и е со поговор од Влада Урошевиќ. Прекрасни стихови!
Случајно наидов на https://www.samoglas.mk/ каде што има доста голем избор на аудио книги на македонски јазик. Решив по долго време да ја преслушам повторно „Везилка“ од Блаже Конески. Изданието е поново, збирка од 57 песни вклучувајќи ги песните од збирките „Везилка“ и „Стерна“. Прекрасно издание, навистина уживав во секоја секунда.