Oва дело ја следи судбината на Алексо Божин, во бурните први две децении од дваесеттиот век, кога големите турбуленции околу Македонија го турнаа нашиот народ да биде само обичен објект за интересите на околните држави. Алексо Божин, поминува низ тие премрежиња и бурни настани, раскажувајќи, без да се жали на судбината, и ги прифаќа своите тегоби низ востанието и војните изнесувајќи ги своите лични мисли и чувства за состојбите, случувањата и личностите со кои се соочува.
Константин Дораковски (1949), дипломат и писател, службувал во повеќе дипломатско-конзуларани претставништва (Чикаго, Торонто, Канбера, Отава). Бил прв висок дипломатски претставник на Република Македонија во Канада и во Австралија. Во литературата најпрво се посветил на драмското творештво. Дебитирал со текстот Шушулеменко (1972), фарса за феноменот на власта и на владеењето, подготвуван во Драмски театар – Скопје.