Романот „Фобос“ е уникатен пример на колажиран, нелинеарен и мошне комплексен хибриден текст кој умешно ги поставува едни од најзначајните прашања за човекот и за светот: каде бевме, каде сме и каде одиме. Исклучително креативно и храбро, ова четиво нуди цел спектар од приказни кои се суштински, егзистенцијални и актуелни, а истовремено бескрајно духовити и игриви. Да се влезе во светот на Фобос е како да се тргне на патување без безбедносен појас кое никако не знаете каде ќе ве одведе – иднината е само една од варијантите на минатото, а човекот има бескрајни можности да биде, да постои во еден од световите што ги има до недоглед или, пак, во сите нив, во некое алтернативно време.
Одлична книга. Необична структура за роман, целата приказна е истакена преку неколку различни раскази, но кога сето тоа ќе се собере се открива целата целина. Интересно истражување на стравот како чувство, но страв кој не е секогаш паничен и гласен - кој многу често е внатрешен и личен, а сепак општествен. Одлично четиво, се чита во еден здив!