Jump to ratings and reviews
Rate this book

Касиа

Rate this book
Васет, 1446 година пред Христа: Десетгодишните близнаци Елиел и Мириам робови од Гошен се спријателуваат со младиот благородник Небамон; два различни светови. Близнаците раскажуваат за Очите на Ра, два скапоцени камења кои се украдени од нивното племе. Со дух полн бунт и потреба за слобода, Небамон решава да им помогне Во потрагата на овие мистериозни скапоцености.

Каиро, 1894 година после Христа: Младиот авантурист Јустинијан „Јуст“ Грифит ја поседува мистериозната книга „Списите од Александрија“, која во себе содржи тајни локации на скриени богатства, вклучително и онаа на Очите на Ра. Во придружба на неговата сопруга Изабела и локалецот Адел, Јуст треба да одгатне три загатки кои во себе ја чуваат скриената локација.

Египет, 2025 и 2026 година после Христа: Исаак, Крсте и Агата се нурнуваат во древноста на Египет после смртта на Сотир Андов, таткото на Исаак. Низ едногодишното трагање по Очите на Ра, им се придружува мистериозниот Исмаил и Александра, мајката на Исаак. Трите убиства и натопениот песок од крв само ќе ги замрсат веќе испреплетените конци кои беа почнале да се одмотуваат уште од Охрид и Оксфорд.

Како е смртта на Сотир поврзана со Очите на Ра? Зошто, покрај сите богатства Јустинијан решава да го бара тоа за кое има најмалку информации? Како другарството на Елиел и Мириам со Небамон ќе одекне низ минатото и сегашноста? Во ова второ продолжение од првата трилогија, оние нешта кои беа откриени и изнедрени во Охрид и Оксфорд се превртуваат, дополнително откриваат и ги изронуваат сите, а посебно Исаак и Крсте.

386 pages, Paperback

First published April 23, 2026

Loading...
Loading...

About the author

Кирил Ангелов е новелист, поет, преведувач и истражувач роден во 1985 година во Велес, а живее во Скопје. Дипломирал со почести по Дипломатија и меѓународни односи и Англиски јазик и креативно творење на Универзитетот „Анатолија“ во Солун, Грција, а магистрирал по Европска културологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија.
Има објавено три романи со наслов „Безсловен: Мојата животна приказна: сексуалното и менталното злоупотребување во детството и младоста, борбата со ракот и преживување на траумите“ (2024), „Исаак“ (2025) и „Касиа“ (2026) кои се прв и втор дел од планирана трилогија.

Секојдневно се труди да подигнува свест за сексуално злоупотребување на деца, рана детекција на канцер, како и секоја друга форма на злоупотребување, вклучително и булинг (врсничко насилство). Нешто повеќе од половина од необјавените романи и раскази ги обработуваат токму тие теми. Вели дека има премногу зло во светот за да се слават негативците, па затоа решава да пишува за добрата страна на човечката психа, која треба да егзистира во слеана хармонија со духовноста, православието, Бог.

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
12 (100%)
4 stars
0 (0%)
3 stars
0 (0%)
2 stars
0 (0%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 9 of 9 reviews
Profile Image for Ande Jankov.
Author 6 books90 followers
April 27, 2026
Game recognizes game.
После Исаак, и тоа што го посведочив таму, знаев дека следува подеднакво спектакуларно дело. Човек доволно е да ги прочита предговорот и поговорот на колегата по перо, за да препознае дека си има работа со човек кој си го знае занаетот преку жанрот што го одбрал за да ни донесе приказна што му лежи на срце.
Во продолжението, кое уште со самиот наслов влегува во мета-текстуален дијалог со својот претходник, ги добиваме сите елементи од претходниот дел, збогатени овој пат тематски со дополнителна, трета нарација, со која приказната добива епски размери. Посебно ми е драго што колегата негува своевиден култ кон бројот три (несомнено поттикнато од православието), бидејќи тројката е во основата на создавањето на приказни и поимањето на светот и реалноста од страна на човековиот вид. Се трудам да и најдам некои забелешки на книгава (можеби на моменти добиваме неколку out-of-nowhere откритија, или информации од главните ликови кои можеле и претходно да бидат споделени), но сето тоа е цепидлачење во вистинска смисла на зборот. Да, откритието на крајот треба да е оправдано во завршниот трет дел, но не се сомневам дека Кирил ќе си остане на ниво на задачата и тогаш. Одамна не сум уживал вака во некој роман (уствари лажам, низ сличен момент поминав и при последниот роман од Панче Коцев). 5/5.
Profile Image for Слаѓан Славенски.
Author 1 book62 followers
May 10, 2026
"Касиа" е роман кој ќе ве вовлече уште од првата страница и ќе ве однесе на едно возбудливо патување низ историјата и времињата, целосно ќе ве обземе и ќе ве остави во состојба на воодушевеност.
Во ова продолжение (кое сметам дека е уште поинтригантно од првиот дел), Исаак заедно со Крсте, Агата и неговите блиски, се наоѓаат себеси фатени во немилосрдна стапица. Додека неуморно трагаат по следната скапоценост - Очите на Ра - главните јунаци, за кои цело време навивате и со кои сочувствувате, наеднаш се соочуваат со неочекувани пресврти, предавства, убиства, многу тајни, интриги и семејни драми. Авторот со голема сликовитост нѐ води низ улиците на Египет, покрај реката Нил и пирамидите, во Каиро, Солун, Охрид...

Роман за вторите шанси, за искупувањето и прошката, себеспознавањето и вербата во Бог, но и за копнежот по слобода, несебичната љубов и пријателската поддршка. Ликовите се насликани со сите нијанси на човечка емоција, едноставно се прелеваат низ страниците и се впиваат во душата. Дејството на книгата е динамично, украсено со поетски нишки; се одликува со раскошни описи на местата, архитектурата и природата, надополнето со интересни теории и мноштво историски податоци. Уживав во читањето, а крајот ме остави растреперен и гладен за следното поглавје.

Самиот наслов на книгата е мошне уникатен, и многу ми се допадна како авторот си поигрува со неговите значења. Приказната е совршено осмислена, а многубројните загатки и загадочни пораки ми оставија силен впечаток, како и адреналинот кој се чувствува додека ликовите се впуштаат во лов по богатството. Ова е една емотивна приказна која ќе се вреже како хиероглиф во свеста на читателот, како пролетно зајдисонце кое ви го позлатува погледот.
За сите љубители на авантура, драма и мистерија, ова е полн погодок.

Топла препорака од мене!
Profile Image for DRAisling.
3 reviews1 follower
April 23, 2026
Касиа, вториот дел од серијалот за Исак ме изненади што е тешко да се постигне, бидејќи мислев дека веќе знам колку е добар. Ама сум згрешила, можел и подобар да биде. И тоа е суштината. Вистинскиот натпревар не е со другите, туку со себе и колку можеме да се надминеме. А богами Кире се надмина.

Секоја од трите паралелни приказни си е приказна за себе која те влече да дознаеш повеќе и ти е жал кога ќе се смени, ама следната веднаш го брише тоа чувство. Ама кога ќе се испреплетат… е тука магијата станува „маестрална“ во вистинска смисла на зборот. Баш оној „аха!“ момент што те тера да се насмевнеш како да си открил мала тајна.
И како да ја ставиш во жанр? Па… не ја ставаш. Ова е мистерија што си игра криенка со тебе, искуствено сведоштво што те „боцка“ во душа, комедија што знае кога да те насмее на глас, ама и книга што знае тивко да те трогне и да те замисли.

На кратко: ќе се смееш, ќе се замислиш, и тамам кога ќе мислиш дека знаеш каде оди — ќе те изненади. И тамам кога ќе се насмееш — ќе те погоди право во срце.


Моја топла препорака е дека мора да се прочита!
Profile Image for Aleksandra Stojanoska.
107 reviews7 followers
May 10, 2026
Смеата, мирисот и двете очи на преживување.

Исак и Касиа везот исткаен низ вечноста и боженствената совршеност, ред и хармонија.

Во Исаак се запрашав, зошто човекот секогаш сака сè да знае, а во себе си не знае да го носи ни половината од она што веќе го знае? А во Касиа прашувам, постои ли некој што може и треба сè да знае?

Во совршеноста на универзумот, душата на човекот е несовршена. Греши, се кае, се обвинува, простува, се издигнува, соедининува, за на крај да воскреснува. И во ваков еден свет од црвена и жолта боја се исткани нишките на животот, гласот, оддекот, радоста, мирот, сознанието.

Исаак и Касиа се две состојби на исто битие кое се раѓа во две форми за да може да ја поднесе тежината на постоењето. Едниот е гласот, другиот оддекот, едниот е смеата на вечноста што останува по катастофата, а другиот е мирисот кој останува засекогаш.

Ако Исаак е човекот на сознанието, неговата смеа е и страшна и света, како смеа на некој што ја видел вечноста и разбрал дека и болката е дел од космичкиот ред, од боженствената совршеност. И го би му го дала жолтото око на Ра како симбол на старото сонце, на јасната светлина, на пожолтените страници, затоа што неговите очи ја гледаат свеста, вистината која е сурова, гола, неподослива.

А Касиа во сите животи е мирис и меморија која носи древна смола во себе, циметна топлина, масло на помазание, погреб и љубов во еден ист здив. Не! Би и дала и повеќе од тоа. Би и дала да биде и достоинство на ранетото битие, оти останува покрај човекот кога ќе е излажан, оттурнат, напуштен, понижен. И би и го дала црвеното око на Ра како симбол на преживување и крв што никогаш не може да се измие целосно. И дел од ова око би му дала и на Иссаак како знак на гневот и траумата, но и на борбеноста и преживувањето и мора тој да име дел од двете очи, затоа што очите не можат едно без друго. Оти човек што преживеал многу, секогаш гледа со две визии, едната е онаа што памти, другата е онаа што простува за да не полуди.

Исаак и Касиа се две половини на исто достоинство, две очи на исти Бог, две рани што научиле да се лечат со меѓусебна љубов.

Душата на Исаак има две лица, едно лице е Лотусот, а другот Хибискусот. Првото лице ни кажува дека за да остнаш чист не мора да значи дека си бил валкан, туку да дозволиш валакноста да ти стане идентитет. А второто лице, преку душата на Касиа, ни кажува дека животот е прекрасен токму затоа што е краткотраен. Исто како и цветот на хибискусот, прекрасен е оти умира брзо. Тој е раната што одлучила да биде цвет, наместо лузна.

Кириле Kiril Angelov, што само си исплетил, истакил, навезил. Мозаик од петеки низ животот, чувства, мисли, гревови, покајание, простување, раѓање, преживување, умирање, воскреснување.
Си исткаил совршенство!

„Исаак се смееше како сонце над рушевини.Касија мирисаше на смирна, алој и стари молитви.Едното око им беше црвено од сè што преживеале, другото жолто од сè што конечно разбрале.И така одеа низ животот, како две тела, едно сеќавање; две души, една траума; две имиња за истата бесмртна глад, да се остане достоинствен и тогаш кога светот ќе те научи да лажеш за да преживееш.“
Profile Image for Елена.
299 reviews4 followers
May 24, 2026
Касиа ме остави со морници и трепет во душата.

Едноставно, неверојатно продолжение на Исаак! И сега, се чека следното... Со нетрпение, со јадеж и копкање... После тој крај кој може да остане рамнодушен???

Но од каде да почнам со ова моја некохерентна рецензија која повеќе е произнесување на чувства отколку што било друго—

Касиа од Кирил Ангелов е едно од оние дела во кои се чувствува душата на авторот на секоја страница. Односно дело кроено баш по мој вкус. Како и првиот дел, вториот ја има точната рецепта, смеса направена од душа и интелигенција.

Начинот на кој е напишан романот е прекрасен — емотивен и вткаен со длабок симболизам.

Реални и одлично разработени ликови, испреплетените судбини низ различни временски периоди— му даваат посебна магија на делото.

Романот истовремено е полн со хумор, тага и огромна длабочина, ни еден читател не може да остане рамнодушен, за тоа сум сигурна. Де насмевка, де болна меланхолија.

И се разбира, Бог. Ретко во кое книжевно дело (особено современо) може да се најде толкава топлина спрема христијанството и единствениот Бог. За ова Кирил, најмногу ти благодарам.
Profile Image for Loreta Kostovska.
99 reviews6 followers
May 3, 2026
Не знам колку пати книгата ми измами насмевка поради описите кои се толку топло и нежно напишани. Едноставно ги чувствуваш зборовите во душата. Колку прекрасни древни приказни, преданија, вистини, загонетки. Никогаш немаше да погодам како ќе се движи приказната, но се имаше смисла. Сите коцки се наместија во вистинско време и на вистинското место. Раскажувањето те обзема. Потонуваш во Исааковиот свет и не сакаш да излезеш колку и да е повремено страшен и непредвидлив. Кирил има еден од најпрепознатливите стилови на пишување кој ќе го препознаеш во милион други. Крајот..... совршен. Те остава да се прашуваш што понатаму, што е следно и како ќе се заврши целата приказна. Фала ти Кирил за ова искуство ❤️
Profile Image for Aleksandra Vasileva.
4 reviews
April 24, 2026
Мислам дека треба само да ископирам што пишав кога ја завршив Исаак.
Исто како и таму, мислев дека сама ќе го откријам крајот на Касиа и дека очигледните работи ќе ја затворат книгата и ќе ѝ дадат досаден крај. Ама очигледните нешта се намерно ставени таму за да нѐ излажат и потоа да доживееме неколку последователни откритија кои оставаат без здив. И воопшто не е досадно. Моментално сум и возбудена и гневна и радосна и тажна.
Ова не е само обична мистерија. Ова е и драма, со мали примеси на романса, авантура и трагедија.
Трите приказни се толку посебни и различни што можеле да бидат поединечни книги.
Мојата единствена замерка е што приказната во древен Египет сакав да трае и да е подолга, односно повеќе време да поминеме со Небамон, Елиел и Мириам.
Исаак делува созреано... па и како да не кога поминува низ толку бродоломи. Крсте ме насмеа до солзи како и првиот дел. А Агата уште ми е мистериозна; мое уверување е дека Кирил ја чува за третиот дел. И Јана и Исмаил... леле...
Уживав од прва до последна страница и сакав да трае и трае и трае и трае.
Не можам да дочекам за третиот дел.
Не можам.
Одлично.
Profile Image for Dime Mishkov.
7 reviews
July 11, 2026
Што е повредно – откривањето на фамилијарните вистини или древните богатства?

​Во овој триптих помеѓу древниот Египет, викторијанската доба и денешницата, имаме возбудливо патување со Исаак кое целосно ќе нѐ натера да се преиспитаме дали ја поддржуваме "теоријата на сѐ". Комплексна, динамична и исклучително интелигентно напишана авантура, одвај го чекам следниот дел! 👏👏👏
Displaying 1 - 9 of 9 reviews