What do you think?

Товарот на вистината
Една мајка одбива да се откаже. Еден детектив е принуден да се сомнева во сè. А вистината одбива да остане закопана.
Шест месеци по исчезнувањето на Тамара Калајџиева, случајот почнува да се води како нерешен. Без нови траги и докази, полицијата е принудена да го посвети вниманието на тековните задачи. Само мајка ѝ, Ружица, е заглавена во минатото. Уништена од загубата и болката, во живот ја одржуваат единствено надежта и вербата дека нејзиното чедо еден ден ќе се врати.
И по шест месеци, се случува незамисливото. Повик во ноќта ја прекинува тишината и гласот што една мајка никогаш не би можела да го заборави го оживува нерешениот случај.
Младиот инспектор Стефан Михајловски го наследува случајот од кој сите други кренале раце. Воден од инстинктот и личните принципи, продолжува да копа подлабоко и сфаќа дека ова не е само обичен случај на исчезнато лице, туку нешто многу помрачно. Нешто внимателно скриено. Делчињата од вистината избиваат на површина и она што личело на очајна измислица на една мајка, полека се претвора во вознемирувачка реалност.

Paperback
Published April 23, 2026
Ratings & Reviews
Friends & Following
Create a free account to discover what your friends think of this book!
Community Reviews
Displaying 1 - 4 of 4 reviews
August 8, 2026
Приказната е лесно читлива и интересна, препознатлива во стилот на Далибор, но мене ми остави нешто друго голем впечаток.
Сте се запрашле ли која е цената на сознанието? Која е тежината што човек може да ја носи за да не ја каже вистината што е случајно откриена? Колку една случајно откриена вистина може да ни го промени животот? Дали секоја откриена вистина треба да биде откриена?
Цел живот се бориме против лагите, цел живот трагаме по вистина, ама мислам дека не секогаш сме спремни за последиците од вистината.
Не е најтешко да ја откриеме вистината. Најтешко е да одлучиме какви луѓе ќе станеме откако ќе ја дознаеме, затоа што секоја вистина создава и обврска. И ова Далибор многу умешно го прикажал во книгата. Тој мајсторски опишал и доловил дека вистината нема физичка тежина, а сепак може да биде најтешкото нешто што човек го носи во себе.
Моја искрена препорака.

June 27, 2026
Ми се допадна што одредени ситуации реално го отсликуваат начинот на кој функционираат работите и во нашиот систем. Единствено ми недостигаше нешто за да биде целосно комплетна.
May 22, 2026
Убав стил на пишување и очекував да има некоја интересна приказна но од 200 страна па натаму станува прилично досадна. Крајот?!
August 27, 2026
Браво Далибор! Продолжи и понатаму со пишувањето!
Displaying 1 - 4 of 4 reviews