Jump to ratings and reviews
Rate this book

Луѓе-сенки

Rate this book
По успешно затворените случаи со украдениот тетробол од музејот на пари во Народната банка на Македонија и со мистериозното убиство во локалитетот Стоби, инспекторот за крвни деликти Јован Ингилизов-Џовани е исправен пред најсложениот случај во својата кариера – неразрешениот атентат врз претседателот на државата што се случил пред 13 години. „Луѓе-сенки“ е романот со кој се заокружува трилогијата за инспекторот Џовани, ревносен и правдољубив полицаец, кој бескомпромисно им пристапува на службените задачи, дури и на оние најзаплетканите и најтешките. Во најновиот случај, Џовани не е свесен дека духовите од минатото се враќаат да го наплатат долгот. Тринаесет години по обидот за убиство на претседателот и по низата мистериозни смртни случаи кај неслучајни луѓе, се случуваат чудни работи во високите ешалони на Министерството за внатрешни работи. Клопчето почнува да се одмотува бавно, до следниот голем јазол... Романот е историска фикција, заснована на вистински настани од нашето колективно минато, околу која авто рот Сашо Кузмановски ја гради сопствената приказна, постапка што е препознатлива за неговата творечка поетика.

284 pages, Paperback

Published January 1, 2026

Loading...
Loading...

About the author

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
0 (0%)
4 stars
1 (100%)
3 stars
0 (0%)
2 stars
0 (0%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 2 of 2 reviews
Profile Image for Јордан Kocevski).
Author 13 books158 followers
Read
July 13, 2026
Интересна приказна која црпи од нашето поднебје и од реална случка: обидот за атентат на претседателот Киро Глигоров.
Посебно ми се допадна како сето тоа е вклопена во друга приказна во денешно време и играта што се случува меѓу полицијата и ДБК.
Profile Image for Ande Jankov.
Author 6 books93 followers
September 16, 2026
Третиот роман на Сашо е своевидно заокружување на трилогијата која почна со Афера во музејот со пари. Ми се допаѓа раскажувачкиот стил на авторот, во овој роман можеби и најмногу... потсетува на Кен Фолет, со не премногу долги поглавја и ликови кои се дел од тајните служби. Самиот главен град е прикажан како своевиден лик и ми се допаѓа тоа што нарацијата е пред дваесеттина години, не потсетува на едно подруго Скопје. Тоа што сметам дека можело да е подобро е некаков пресврт на крајот, бидејќи се гледаше на каде тера приказната од старт, и исто така брзиот крај во епилогот, што немаше да ми биде проблем доколку не е ова последен дел од серијалот. 4/5.
Displaying 1 - 2 of 2 reviews