Промотивен трејлер на „Бездомникот со златен часовник“: https://www.youtube.com/watch?v=w4wUL...
Во мразната 2027, кога мрачните улици се расплакани сведоци на кризните времиња, еден бездомник, чијшто живот застанал во минатото, онаму каде што заедно со стрелките на неговиот расипан часовник, запрел и животот на татко му, би сторил сè за да избега од бедата. Бог, по безброј тешки денови, изгледа како да одговара на неговата желба, предку случајна средба, донесувајќи му шанса за топла постела, пријателска прегратка, и навидум подобра иднина. Има само една работа што тој треба да ја направи за возврат. Има само едно нешто што треба да го научи - да се преправа дека отсекогаш припаѓал таму. Овој роман е сведоштво за скршени животи, што го бележи патот кој човек го минува од кал до ветениот подем, и претставува крпа со која се брише лажниот сјај на богатството и се покажуваат нештата онакви какви што навистина се. Сите нешта имаат своја цена. Колку чини еден дом? Колку гревови бездомникот со златен часовник е подготвен да плати?
Страниците сами летаат. Додека трепнете сфаќате дека сте стигнале до половина на книгата, а потоа не ни забележувате кога сте стигнале до крајот. Одлична книга. Интересна, необична приказна, сите чувства кои ги пренесува приказната и авторката се искрени и можете да ги почувствувате и самите додека ја читате книгата. Изобилува и со прекрасни мисли кои лесно ќе ве замислат и ќе ве поттикнат да размислувате за некои теми за кои можеби и не сте размислувале.
Одлично напишан роман , поебно ликот на Костадин толку е добро напишан со сите негови падови подеми .. сомнежи и разочарувања, надежи и депресии. Она што здоболува и вознемирува во овој роман е што е опишан реалниот живот во Македонија, на бездомниците од една страна со сета своја ситомаштија и мизерија но сепак среќни во својот свет на живеење и богаташите од друга страна со целото свое богатство и привилегии , но сепак несреќни мизерни во својот свет . Токму тоа ја прави малку мачна книгата за читање , зашто тоа е нашата реалност .
Костадин е човек кој скита по улиците, скитник кој ги очекува деновите ден за ден, и една негова одлука ќе му го промени животот, но дали кон подобар или полош живот? Наивност, љубов, тага, благодарност, измама... ова се само мал дел од чувствата опишани во книгава. Предобра книга која вреди да се прочита!
Книгава е ... немам зборови. Само што ја завршив и еве се уште плачам. Не сакам книги кои ме расплакуваат, но оваа би ја читала уште еднаш. Верче завршила одлична работа, заплетот а и целата приказна е реална за едно време кое се чини дојено а сепак не е, ниту ќе дојде но е присутно. Коста е како излезен од некој Холивудски филм, мислам реално опишан, а сепак живее на скопските улици и уште долго ќе живее во моите мисли.
Невероятна книга с увлекателна история, обръщаща се на цели 180 градуса не просто веднъж, а многократно и от всеки аспект. Въпреки че Коста е израстнал по улиците, той е лековерно добродушен. Именно това негово качество го води през бъдещите му преживявания. След запознанството си с богаташа, бездомникът получава шанс за промяна. Но има ли цена и какъв е плода от това запознанство - приятелство, доверие и взаимопомощ или прекрачени граници, криещи в себе си грехове. Както се казва, по-важно е на къде отиваш, а не от къде си тръгнал.
Благодарение на съдържателността на това произведение човек може да си направи много изводи.