Родителството денес носи повеќе прашања, притисок и сомнежи од кога било претходно. Во обидот да бидеме „добри родители“, често се губиме меѓу очекувањата, информациите и секојдневните предизвици. Оваа книга е водич меѓу реални родителски ситуации - од изливи на бес, љубомора и лажење, до агресија и прекумерно користење екрани. Но, наместо осуда, таа нуди разбирање. Наместо совршени правила, нуди практични насоки, а наместо вина - свесност.