„Кругот на животот“ е првиот роман на младиот тетовски автор Јован Илиески. Ова е веќе втор наслов по „Душа на парче хартија“ на Илиески. Разликата е во тоа што тој сега се претставува и како романописец, додека во првата книга беа поместени цитати, раскази, песни, туѓи приказни од животот што ќе ги слушнел од неговите врсници во училиштето или по тетовските сокаци.
„Кругот на животот“ е роман, чија филозофија е животниот циклус низ кој поминува секое живо битие. Во романот вешто се сокрива животната приказна за едно повеќечлено семејство.
„Кога се е добро и тече како што треба, не очекуваш да се разочараш од ништо. Но, што кога е се испревртено и животот ќе те земе во канџите на неговата темна страна. Што тогаш? Дали ќе бидеш онаму каде што сакаш или онаму каде што треба да бидеш. Прашање на судбината“, подвлекува во своите впечатоци авторот.
Дали животот е само еден збор, или два најмалку? А љубовта, семејството, успесите, изборите? Ако животот е модел на бескрајно обновување и нови почетоци дали неговата смисла зависи од тоа кој пат го избираме да го изодиме? Ако кругот е идеален симбол на вечноста и хармонијата, без почеток и крај, тогаш животот не е линерен, туку круг, цикличен и креативен. Секој почеток е само еден дел од бескрајните можности за да го откриеме и создадеме оној пат кој ќе му даде смисла на животот. А изборите сами си ги правиме. Погрешни или не, тие не дефинираат. Некои избори можат да се променат, некои не, ама треба секогаш да го избираме она што ни ја полни и душата и срцето.
Јас избрав како ќе живеам! Знам што треба да ме дефинира и така живеам😁
Кругот на животот... токму насловот ја опишува суштината на книгава. Книга во која се зборува за сите добри, но и лоши страни на животот, за животниот век низ кој сите поминуваме, за тоа какви изненадувања може да ни донесе животот во секој миг. Приказна која докажува дека не треба да ја губиме надежта, дека со секоја болка, судбината сепак ни носи и нешто убаво за да научиме дека иако некогаш нешто лошо ни се случува, сепак ќе имаме и работи за кои ќе може да се израдуваме.