Креативно разиграна збирка дијалози на Ана Јовковска, со афирмирани творци и интелектуалци од јавниот и културниот живот во Македонија. Разговори, кои го надминуваат тесното жанровско подрачје на класичното ТВ-интервју и неретко прераснуваат во инвентивно обмислени, стилски разлистани и поттикнувачки есеи, со жив, но и критички ангажиран пристап кон социокултурните феномени на денешницата. Благодарение на нејзината профилираност и темелност, Јовковска доследно ги практикува стандардите на едно компетентно, ама и креативно новинарство, што е вистински предизвик за нашиот медиумски простор. Книгата „Пулсот и времето“ воедно ги синтетизира изразните можности и искуства на повеќе одделни медиуми - телевизијата, книжевноста, фотографијата и видеото.