Романтичен човек кого секоја жена би посакала да го има до себе, покрај себе. Тоа е оној кој знае што сака таа и умее тоа да ѝ го подари. Маж кој знае да ја одбрани, да ја заштити, да ја сака. Верувајте дека по прочитаново дело, поинаку ќе гледате на мажите, со надеж дека романтиката не изумрела. Дело кое нема да ве остави рамнодушни, дело кое ќе ве натера да верувате во љубовта. Роман кој ќе ви ги разбранува сите сетила во еден момент. Роман во кој ќе почувствувате нежност, страв, нетрпеливост, тага...
Книгава ме остави без зборови! Ова е таква книга, да едвај чекаш да се раздени, за да продолжиш да ја читаш. Од оваа книга би можело да се направи одличен филм! Мајсторе Таневски, секоја чест за ова ремек дело. Ви ја препорачувам!!!