Фросина Пармаковска е родена во Скопје во 1985 година. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии, тема „Варијации на магичниот реализам во светскиот и македонскиот роман“.
Има објавувано раскази во книжевни списанија, а во 2013 го објави романот „Пишувајќи ги изгубените топки“ (Култура). „Вишнова хроника“ (Или Или, 2014) е нејзин втор роман, а „Одбројување" (Или Или, 2017), трет. „Вишнова хроника“ стана финалист за престижната награда Роман на годината за 2014, која ја доделува Утрински весник, а истиот роман подоцна доживеа преводи на бугарски и украински јазик.
Чиста петка! Земаш да читаш и толку се задлабочуваш што сите надворешни звуци се немоќни во обидот да ти го одвлечат вниманието.
Убаво ненаметливо раскажување, без никакви скриени пораки, празни филозофирања и заобиколувања. Ми се допадна начинот на уфрлувања и дополнувања со случки и спомени од минатото без при тоа да се наруши текот на приказната.
Читајќи замислував дека не држам во раце книга туку една душа во која јасно можам да ги видам и почувствувам сите желби, сите стравови, целата среќа и тага која ја доживува главниот лик.
Ја фатив и не ја оставив од рака. Е, таков раскажувачки стил има Фросина. Непретенциозен и копнежлив. Те внесува во приказната и не перципираш ништо и никој, освен книгата. Јас сум баш изненаден од информациите на авторката во однос на машките ликови, како и од фактите за наркотиците за кои таа истражувала.
Нараторот е машки лик и приказната е раскажана преку очите на веќе полнолетниот главен машки протагонист, а фабулата се состои од два дела: од детството на нараторот и неговите студентски денови. Ликовите се шаренолики, несовршени, со мани и недостатоци. Освен тетка Магде. Тетка Магде има разбирање за сите. :)
Се работи за созревањето на еден младич роден и растен во рурална средина, чии родители, особено мајката, го чуваат во стаклено ѕвоно уште од дете, за потоа кога ќе порасне и кога ќе се запише на факултет во Скопје, да почне да лумпува поради слободата што ја има.
Длабока психолошка книга која те тера да размислуваш дали, можеби, детството е најважниот сегмент од животот на еден човек? Дали, можеби, воспитувањето на родителите играат најзначајна улога во карактерот на едно дете? Дали, можеби, средината влијае најмногу за однесувањето на тој човек и неговиот сооднос со другите, и зошто еден ист човек не се однесува исто во рурална и урбана средина?
Приказната, можеби, е фикција, но настаните не се. Тоа е реалност што се случува на македонска почва, а Фросина таа реалност ја доловила многу успешно. Ја препорачувам на секој читател со истенчен вкус, затоа што Пармаковска е квалитетен македонски автор.
Се сметам за спор читач... Посебно за книги од набиен карактер со 200+ страници ги читам за некои 2 недели во просек. Но секогаш постојат исклучоци, не? Оваа книга е еден од тие исклучоци. Набиена по структура (без многу параграфи и разделници) со континуирана мисла од почетокот до самиот крај, без задни свосмислени пораки, прикаска која се одмотува спонтано, без никаква претенциозност. Едноставно проширени реченици... И психолошки отсјај на ликовите преку нивните дела... или замисли, ако го тргнеме протагонистот - раскажувач на страна. Едно прекрасно четиво за животот што се` може да понуди на еден млад човек, нагласените стереотипи во нашето поднебје со мала жичка на хумор, иако книгава би ја калсицифирал далеку од хумористична. Би цитирал еден друг американски писател на љубовни „блокбастери“ - “Youth offers the promise of happiness, but life offers the realities of grief.” Вака опишано накратко. Книга која ветува многу, иако набиена, се чита во еден здив, иако е полна со стереотипи исклучиво блиски за нашето поднебје, книгава би ја уживал секој светски човек. Од мене топла препорака до сите. A life changer во многу наврати.
Прекрасна книга. Ја обожавам меланхоличната нишка која постојано се провејува низ страниците. Додека ја читав баш помислив на тоа колку често сме носталгични по работи кои не се случиле и луѓе кои некогаш сме ги познавале, заборавајќи дека времето може да биде сурово и различно не' менува. Одлична приказна, одлично разработување на ликовите и нема ниту трошка клише во оваа приказна и топло ја препорачувам.
Маестрално! Толку добро што на моменти требаше да се потсетувам дека читам дело од македонски писател, зашто таква општа прекраснотија на дело е нешто што ретко произлегува од нашиве краеви.
Нарацијата на почеток беше тешка за следење, но потоа текот на настаните и опишувањето ми станаа толку природни и ненападливи, што едвај чекав да видам што следно ќе почувствува и помисли главниот лик. Моментот со Тинка и стомакот и бебето и пресвртот, со тој лајтмотив кој постојано се проткајува, а во тој момент кулминира, ќе ми остане еден од најубавите.
А хрониката и сѐ она на кое навестува и асоцира, сѐ уште тежи на душава.
„Си замислив желба Ана секогаш да остане тука и баш додека го замислував тоа, тате чкрапна со апаратот и по неколку дена излезе слика, на сликата се гледам и јас и Ана и желбата ми се гледа во очите и во устата полна воздух што мора да ги угасне сите свеќи одеднаш за да излезе како што посакав.“
Не случајно се вели дека спомените од детството се најсилни. И мене, самиот почеток на книгата ме врати во моето детство и деновите поминати на село кај дедо ми и баба ми.
Само што оваа приказна потоа нѐ преселува во новиот голем свет, главниот град и неговите можности и предизвици, за некој кој доаѓа од еден малечок поинаков свет.
Ова е роман за длабоките врски со спомените, наспроти оние кои ги создаваме во моментот во кој живееме и оние кои сме можеле да ги имаме. Тоа што ги поврзува е чувството на загуба.
Купих си книгата, когато Алея на книгата беше в Пловдив преди няколко месеца. Взех да я чета преди три дни с идеята да се разтоваря, защото мислих, че е някаква любовна история. От онези, които те стоплят отвътре и те карат да мечтаеш за голямата любов на живота си, да искаш да се сгушиш в някого и да заспиш в прегръдките му. Е, да, ама не. 😁 За 60 страници умряха 5 души... Почнах да се чудя каква книга съм започнала, няколко пъти поглеждах какво пише на задната корица и все виждах някаква любов, щастие... Да, интересно ми беше да разбера какво се случва в крайна сметка. Въпреки че в един момент започнах да подозирам, че финалът няма да е особено щастлив. Мисля си, че е подходяща повече за моментите, когато на човек му се иска да прочете разказ за реалния живот на някой непознат, отколкото за тези, в които му се ще да избяга в един по-красив свят, където всичко лесно се нарежда според желанията на главните герои в историята. А, както и за хора, които не се дразнят от правописни грешки и такива при пренасяне на думи... Такова чудо не бях виждала... Не препоръчвам да се чете от хора, които искат не само да си доставят удоволствие, а и да научат как се пишат някои думи и имат съмнения относно пренасянето.
Моќта на способноста на раскажувачот не лежи во приказната, туку во начинот на раскажување. Бесконечно долги реченици, нестандардна синтакса во која лежи целиот шарм на нарацијата. Мајсторски обликувана приказна која трае, и трае, и доколку се стави само една точка на сред мисла би се изгубил шармот. Современа меланхолична приказна за класната раслоеност која диктира дали ќе останеме луѓе полни со љубов, за среќата да се родиме под ,,среќна ѕвезда", за општеството што ни дозволува да прогледаме или за сопствената самосвест да се пронајдеме во истото општество. Најважно колку детството нѐ обликува за тоа каде ќе се сместиме во овој свет. Можеби во иднина би размислиле надлежните ,,Вишнова хроника" да биде лектира, затоа што заслужува секој адолесцент да се соочи со поривите на нараторот.
Симпатична во многу погледи. Додека ја читав книгата се осеќав како да седам наспроти раскажувачот, во удобна фотеља, со начулени уши желни за неговата приказна. А тој, главниот лик, како "навиен" ми го раскажуваше сето она што му дава темнина и светлина на неговиот живот. Дејствието е непресушен извор на дешавки и сплетки, и скршнувања во разни насоки на возот од непрекинати мисли. После толку препораки, мило ми е што конечно стана дел од мојот живот.
Книгата е прекрасна и обработува многу убава тема влијанието на тагата и смртта на саканите личности врз психата на децата и на личноста воопшто, нашата сурова реалност и потпаѓањето на младите личности во канџите на дрогата. Крајот искрено ме разочара :-( oчекував среќен крај. Во книгата ми сметаа предолгите реченици, немање на директен говор и немање на нови редови и глави затоа и оваа моја четворка.
Is it not just so awesome when you read one of those books that completely drag you in, make you live with and fall in love with the characters… and demands that you just turn page after page for every breathtaking and nail-biting moment of the story? This is one of the books that made me feel this way! And I must admit the very realistic storytelling talent of the author… and a small spoiler - this book explores some very interesting themes of the human nature and relations!
Фантастично раскажана приказна, не можев да ја оставам и ја прочитав за нецели два дена. Отпрвин наративот беше предизвик да се следи, но по неколку прочитани страни сето тоа остана зад мене. Презицно поделена во етапи (што ми овозможија да земам здив), приказната кулминира во еден целосно реален, приземјен крај. Топла препорака, Фросина е исклучителен раскажувач.