What do you think?

Бледи сенки, далечни гласови
243 pages, Paperback
First published January 1, 2014
Ratings & Reviews
Friends & Following
Create a free account to discover what your friends think of this book!
Community Reviews
Displaying 1 - 1 of 1 review
November 2, 2018
Се случува откако ќе прочитам добар пасус, таа една страница или некоја обична реченица, да станам и да отидам до фрижидерот. Го отворам, го затворам, погледнувам надвор, секогаш си мислам „колку би било добро човек да запали цигара сега“, како после некоја љубовна сцена од филм во која што едниот од нив секогаш останува осамен.
Едно утро, за да се расонам, решавам крстозбор. Дело од Вергилиј, шест букви. Не го знам одговорот.
Пишувам навечер и пишувам интензивно. Пробувам да скројам заедничка нишка на купот раскази, да протнам некој заеднички именител за сите нив - наративна мапа на провинцискиот живот. Познавам луѓе кои очајно посакуваат нешто да им се случи, било што, што ќе му даде значење на животот во ова место.
Понекогаш се ме уморува: носталгичниот глас на старо купујем, звукот на ветрот врз дивата муренка од дворот, рекламите на телевизија, мастилните пенкала, догорувањето на свеќите со мирис на јаболко, албумот од Џорџ Мајкл. Тогаш, помислувам на твоите усни, на крајот од твоите усни (секогаш е токму тој крај и токму тие усни) и на она утро кога ја оставив мојата страна од креветот ненаместена за кога ќе се разбудиш, да знаеш дека некогаш ќе се вратам.