Прочитав само 30 страници од „книгава“ и нема шанси да ја завршам! Во само 30 страници има толку небулози што се прашувам дали воопшто некој ја прочитал пред да ја издаде. Као типов и типкава пренајмногу се сакаат, као сродни души се, ама тој е женет и има деца со друга жена (патем во првото писмо пишува дека дури и типкава ја сака повеќе од сопствените деца), ама не се заедно (можеби зашто е претседател на САД?), а сепак чувствува потреба во првото писмо да ја извести кој е тој и што прави (претседател на САД, нели?). Да, да знам дека тоа е наменето за читателот, ама сепак писателката можела малку посуптилно да нè извести за тоа, вака излегува дека целна група на читатели ѝ се дебили. Доаѓа крај на светот, и типов и прави на типкава подморница за да ја спаси. Подморница со 10 простории што е „дискретно“ прикачена на комерцијален лет. Повторувам, ПРИКАЧЕНА НА КОМЕРЦИЈАЛЕН ЛЕТ!!! Никој не се запрашал зошто? Сериозно, никој? Ако „писателкава“ планира да продолжи да пишува книги нека пишува за работи што ги знае или нека направи минимална истрага. Ако некој некогаш ме праша зошто избегнувам да читам македонски книги, ќе им ја дадам оваа да ја прочитаат... Сè уште не ми е јасно како некој воопшто ја објавил и ѝ доделил награда... Не планирам да ја оценам, затоа што на Goodreads не постои можност да се стават минус ѕвездички!
Книга која во описот на задната корица пишува дека оваа книга е љубовна приказна која никогаш нема да ја заборавите бидејќи е поразлична, но всушност крајот на книгата е непредвидлив, и ќе се запрашате дали навистина нашето срце знае да ја почувствува вистинската, искрена љубов. Чудно е колку многу нашиот ум знае да си поигрува со нашата свесност, да одредува дали сè што мислиме дека ни се случува е вистинито или не...