Ана Голејшка, родена на 8.8.1987. Дипломирала на Катедрата за Општа и компаративна книжевност, (не)случаен поет, љубител на перформансот, градот и уживањата низ него. Настапувала на многу поетски читања, а имаше свој настап и на Струшките вечери 2011, на Ноќ и без интерпункција. Нејзини дела се најдоа во изборот на Антологијата на најмладата македонска поезија и проза- Ветерот носи убаво време, (2012), Антологијата на млада македонска современа авангардна поезија (2012) и Лирски додекамерон- антологија на младата македонска поезија (2012). Ова е нејзина прва книга. Живее и работи во Скопје. Пее и љуби.
Ана Голејшка е родена 1987 г. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност, (не)случаен поет, љубител на перформансот. Дел од своите дела ги споделува на официјалниот литературен блог „Куцкамен“. Настапувала на многу поетски читања, а имаше свој настап и на Струшките вечери на поезијата 2011, на „Ноќи без интерпункција“. Нејзини дела се најдоа во изборот на Антологијата на најмладата македонска поезија и проза – „Ветерот носи убаво време“ (2012) , во Антологијата на младата македонска современа авангардна поезија (2012), како и во Антологијата на младата македонска поезија – „Лирски додекамерон“ (2012). Во 2013 од печат излезе нејзината прва стихозбирка „Љубов на улица“.