Бжежински прави опсежна анализа на денешните политички состојби, и можните рефлексии и сценарија во иднина кои би се случиле доколку САД ги изгуби приматот и хегемонијата во светот. Дали Кина е нејзиниот наследник? Дали тоа можеби ќе биде Русија или некоја друга земја? Како тоа ќе се одрази врз глобалната политика? Интерсно, полно со факти четиво, на моменти помалку досадно, но сепак дава убав поглед на можните сценарија во иднина и како државите би се прилагодиле на нив.